Иран јавно погуби шест “лоши’’ луѓе

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Коа ќе помислам на оној идиотот од Австрија ова ми се чини преблага казна. Така да не можам да кажам дека не го оправдувам овој начин. Но сепак се зависи од причините кои уште не ги знаеме:nesum:
 
Уште 30 ќе бидат обесени денес (недела) обвинети за дилање дрога и алкохол, секс со мажени/женети лица, пијанчење на јавно место, убиство, итн.

Според Amnesty International, Иран погубил 317 лица минатата година, одма до водечката Кина, која погубила 470, а САД 42.

Осудените ги покажуваат на ТВ, во ланци, како дел од кампањата од март годинава да се спречи ваквото однесувањемеѓу народот.
 
Толку беше од верската толерантност. Има ли поглупа работа од тоа да се убиваат луѓе поради некакви си лични убедувања.
Од друга страна кога ќе видиш, колку и первезно да е, има некоја смисла (не навлегувам во оправданоста-неоправданоста), едноставно не сакаат да дозволат рушење на каквиот-таквиот систем на вредности што си го воспоставиле.
 
Dolgo vreme ne mi se pishuvashe na temava, no so ogled na faktot deka povtorno ima politichki previranja i represii vo Iran, zavchera se pogubeni ushte chetvorica.
 
Иран е суверена и независна држава со власт која си ја избрал народот.Силно верувам дека не постои ниту еден режим на светот кој народот не е во состојба да го симне од тронот ако не му се допаѓа.
Пред извесно време се наежив кога видов како Кинезите со цел да ги намалат трошковите за погубување вовеле во употреба комбиња-мобилни соби за егзекуции.Арно ама кога ке споредам состојбата со корупција,употреба на дрога и сексуални престапи во Кина и овие земјиве кои се ,,рај,,од демократии со ,,институции,, како Гвантанамо,искрено не се осмелувам да коментирам на ваквиот нивен третман на престапниците.Веројатно истово важи и за Иран.
 
Можеби сме силни во барањата за казнување на престапници на ваков начин, но кога видиш реална слика со егзекуција ми се лоши. Незнам, сум за казни, ама никогаш нема да се нафатам јас да егзекутирам некого, како претставник на државата и судските органи, незнам колку да згрешил.
 
Како да не го казниш некој да речеме кога ке чујам силувал или убил едногодишно дете?Па пи*ка ли му материна вреди ли тој леб да му даваш?Или кај нас што вреди кога некој ке украде 10 милиони евра,оди во затвор 3 години и кога се враќа парите си чекаат....
 
Не го чекаат......истите......неколкукратно се умножени:vozbud:
 
Абе фино нека си се бесат колку што сакаат, од мене имаат дозвола... :P
Иначе поглупава работа дека некој се откажал од религија да го обесиш немам слушнато во последниви неколку месеци... Ај за сериски убијци или педофили ај, ама и за тоа да се бесат луѓе еееј?! :uvo:
 
Како да не го казниш некој да речеме кога ке чујам силувал или убил едногодишно дете?Па пи*ка ли му материна вреди ли тој леб да му даваш?Или кај нас што вреди кога некој ке украде 10 милиони евра,оди во затвор 3 години и кога се враќа парите си чекаат....

Во право си, но да претпоставиме дека тебе ти доделуваат да го егзекутираш, би го направил тоа ? Искрено би сакал да одговориш, значи реално и непосредно, а не од оваа дистанца далеку и релаксирано од одговорност.
 
Прашањето ти е на место.И сосем си во право.Нема таков човек кој убил а не осетил никаква грижа на совест.Често пати порано се прашував како им е на тие луѓе кои ги вршат егзекуциите и што би било ако се најдам јас во таква ситуација,се додека не разбрав како всушност ги извршуваат тие егзекуции.На пример еве стрелањето ако го извршуваат 10 луѓе 5 од нив имаат вистинска муниција 5 имаат ќорци,а никој од нив не знае кој има вистинска кој маневарска.Така е решен проблемот со грижа на совест.Сега не знам како се решава тоа со бесење,инекција и електричен стол ама верувам има начин сличен на овој.Во секој случај не велам дека не е грозно,ама има луѓе кои не заслужуваат да дишат воздух.Не сум начисто ни јас ама ако тие се начисто и немаат проблеми со такви казни,не им замерувам тоа ми е поентата.
 
Во право си, но да претпоставиме дека тебе ти доделуваат да го егзекутираш, би го направил тоа ? Искрено би сакал да одговориш, значи реално и непосредно, а не од оваа дистанца далеку и релаксирано од одговорност.

Џелатите се професионални доброволци и никогаш не е само еден извршител.

Друг случај како во Кина или во бившиот СССР .......не се доделува туку се наредува.....

Бивша СФРЈ .... стрелачки вод определен по наредба....

Така да нема место за изврдување ако случајно те усреќат со таква наредба...
 
Како и да е не е лесно, често се случува времето поминато од убиството, до казнување на убиецот да биде долго, па во тој период често се случува самиот убиец да се претвори во жртвено јагне (што од медиуми, што од адвокати). Веројатно затоа кинезите и иранците ги скратуваат тие процеси. Но многу дискутабилно, незнам, тешка материја за дискусија и донесување на здрав заклучок.

Џелатите се професионални доброволци и никогаш не е само еден извршител.

Друг случај како во Кина или во бившиот СССР .......не се доделува туку се наредува.....

Бивша СФРЈ .... стрелачки вод определен по наредба....

Така да нема место за изврдување ако случајно те усреќат со таква наредба...
Се ми е јасно како тоа функционира и функционираше во бившата СФРЈ или СССР. Знам дека секогаш ќе се најде професионален егзекутор... меѓутоа дискусијата повеќе сакав да ја доближам до самите нас. Или поточно од тоа како лесно донесуваме суд за нечии злодела овде на форумот, онака баш лесно, и дали и како ќе биде ние да се соочиме со егзекуторската „секира“ да казниме нечие злодело.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom