Иран јавно погуби шест “лоши’’ луѓе

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Како да не го казниш некој да речеме кога ке чујам силувал или убил едногодишно дете?Па пи*ка ли му материна вреди ли тој леб да му даваш?Или кај нас што вреди кога некој ке украде 10 милиони евра,оди во затвор 3 години и кога се враќа парите си чекаат....

Мислам дека полоша казна од доживотен затвор нема. Ама пак бе треба да му даваш леб... Принудна тешка работа е решението...
 
Ако мислите дека во Иран, се бесат луѓе само за "лоши" дела, јако сте се излажале. Во Иран се бесат луѓе за се и сешто, за најбанални работи. Не велам дека нема и случаи кога осомничените си ја заслужиле казната, ама многу често се работи за спротивното. Смртната казна,најчесто се обжалува директно до Ајатолахот Хамнеи, кој може да даде наредба до судот таа да биде укината. За жал,тоа ретко се случува. Еве еден пример за "оправданоста" на досудената пресуда.

http://adnanhassanpour.blogspot.com/

Ама шо ќе прајш, лош режим, лоши луѓе, лоши пресуди. Така ти е тоа во Иран.
 
Шесторицата се убиени во градот Сабзева на северо-источниот дел од земјата, а никој не знае зошто. Иранското радио јавува дека биле “многу лоши’’. Покрај нив, минатата сабота јавно обесија четворица во Бушеир наводно заради убиство.

Смртната казна во Иран може да се додели врз 6 основи-- убиство, прељуба, дрога, оружена пљачка, и напуштање на Исламот -- меѓутоа во реалноста може да е за речиси се’ вкл. за сексуални односи со ќерки на познати личности од политичкиот живот.

Сите погубувања ги одобрува еден човек - ајатолах Махмуд Хашеми Шароуди, Министер за правда.


142547.8071332751256_fa6537906.jpg

Ме потсеќа на европа во DARK AGES:toe:

Ама шо ќе прајш,лош режим

Не би рекол декалуѓето се лоши,не можам така да генерализирам...ама режимот е крајно изопачен и перверзен...катастрофа.
 
кога би биле докажани педофили, силувачи, убијци... зошто да не? или ко оние во Кина што произведуваа отровно млеко па не знам колку деца умреа. Си имаа судење, ги осудија со погубување.(не знам дали се погубени)
Ама овие оти беа лоши бе??? па дај нек го кажат лошотилукот??? што лошо напраија?
 
Толку беше од верската толерантност. Има ли поглупа работа од тоа да се убиваат луѓе поради некакви си лични убедувања.
Од друга страна кога ќе видиш, колку и первезно да е, има некоја смисла (не навлегувам во оправданоста-неоправданоста), едноставно не сакаат да дозволат рушење на каквиот-таквиот систем на вредности што си го воспоставиле.

ПЕКОЛОТ..автор ајатолах али хамнеи.

презентер М.Ахмадинеџад.

Промоција на нивните дела-додека не ги "средат".
 
Ако мислите дека во Иран,се бесат луѓе само за `лоши` дела,јако сте се излажале.Во Иран се бесат луѓе,за се и сешто,за најбанални работи.Не велам дека нема и случаи кога осомничените си ја заслужиле казната,
ама многу често се работи за спротивното.Смртната казна,најчесто се обжалува директно до Ајатолахот Хамнеи,кој може да даде наредба до судот,таа да биде укината.За жал,тоа ретко се случува.Еве еден пример за `оправданоста` на досудената пресуда.

http://adnanhassanpour.blogspot.com/

Ама шо ќе прајш,лош режим ,лоши луѓе,лоши пресуди.Така ти е тоа во Иран.

По банална казна за плукање да платиш казна од 50 еу, кај имаа:baeh:
Иран е независна и суверена држава, и е таква каква што е, со свој народ, свои закони и свои казни. Законите мора да се почитуваат нели?, како што се почитуваат во другите држави така се почитуваат и во ИРАН, законот си е закон:baeh:, и тие жители свесни се за тие закони и казни, затоа останува нивно сега дали ке ги почитуваат или не, на крај на краевата тие сами си ги сносат последиците!
 
Некој имал секс во скап автомобил,а тоа е многу лошо.

бог да чува ... изроди.
ептен кеиф ќе ми се напраеше барем Ахмединеџад да паднеше на изборите, ама никој не ги поддржа Иранците! гинеа на улици ко пилиња....
 
Ushte ginat, zatoa ja osvezhiv temava. Ne znam dali nekoj informira vo Makedonija, no povtorno imashe nemiri i apsenja. Ochevidno e deka Iranskata policija gi nauchila lekciite.
 
Си ќутев цело време ама мораше да напишам нешто

Сте се фатиле за Иран, како држава која на велико ги крши човековите права....

1) Дали знаете дека Иран е исламска република?
2) Ако републиката е исламска, онда законите се формирани според исламот
3) дали знаете дека АхмадинНеџат е скоро никој и ништо во Оран, иако е претседател. Знаете ли дека целосната, апсолутната власт во Иран е во рацете на Имамот, односно во свештеникот?
4) дали знаете дека вакви работи, според вас грозоморни, се случуваат во сите муслимански земји, вклучувајќи го тука и Пакистан, миленикот на САД. Зошто не зборувате за тоа, туку запнавте за Иран, па Иран.
Не е само Иран крволочен. Исто и другите исламски земји го практикуваат и бесењето, и распнувањето и др.

5) Зошто не оформите свое мислење, зошто го оставате тоа на САД и на медиумите. САД се плаши од Иран, и на секој начин сака да му се нафрли и да го распарчи. Иранската анти пропаганда е добар почеток.

Протестите во Иран беа неосновани и сите што загинаа си го добија тоа што го бараа. Се бунтуваш во исламска земја?
Епа батееее, тоа ти е!
 
Пропаганда бе...
Секој збор на америте овие го чекаат со отворена уста и го голтаат без размислување...
А такви грозоморни работи не се случуваат само во муслиманските земји туку и во САД-ама не тие се хумани,ти ја мачкаат раката со алкохол пред инекцијата со отров...
Иран во последниве 10 години нема убиено толку луѓе колку евреите што убија зимава со бел сулфур ама не тие територијален интегритет бранат...
Само да се сере како Иран се дивјаци,затуцани и сл.
Демек се загрижија за кутрите иранци кои ги малтретира ахмадинеџад а зимоска :drk: на ЦНН кога даваа сцени од офанзивата во Газа:kesa:
Не дека се Иран цвеќиња за мирисање ама ова е стварно многу!На крајот на краиштата сами си го прават тоа на себе-кои сме ние да им се мешаме?

Leave Iran Alone!!

War.jpg
 
И јас сум за смртна казна,за тешки кривични дела.И не ми е жал кога ги погубуваат.Имаше случај (на тв даваа,незнам во која земја беше,муслиманска) кога брачен пар се обидел да украде дете,им досудија каменување до смрт.И пред очите на сите самиот народ ги погуби.
Сметам дека така треба да се постапи и кај нас со некои кои сторија убиства,педофилија,си го убија детето и слично.Но за секс во кола да погубиш човек,господ ќе им суди.Но незнам дали од страв или необразованост не го дигаат својот глас во земји како Иран.Што е премногу,премногу е,за неверство бесилка.
 
И јас сум за смртна казна,за тешки кривични дела.И не ми е жал кога ги погубуваат.Имаше случај (на тв даваа,незнам во која земја беше,муслиманска) кога брачен пар се обидел да украде дете,им досудија каменување до смрт.И пред очите на сите самиот народ ги погуби.
Сметам дека така треба да се постапи и кај нас со некои кои сторија убиства,педофилија,си го убија детето и слично.Но за секс во кола да погубиш човек,господ ќе им суди.Но незнам дали од страв или необразованост не го дигаат својот глас во земји како Иран.Што е премногу,премногу е,за неверство бесилка.

И само Тој, ти сеј си мадро.
 
Не знам кој колку знае за ова, но во Иран е строго казниво ако ја промениш верата, од било која во било која, но уште показниво односно смртна казна е за оние кои ќе се откажат од Исламот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom