Не очекувам некои ненормални функции да бидат објавени. Apple во моментов е толку далеку пред конкуренцијата, посебно во сегментот на софтвер, оперативен систем и дизајн, така да таа добитна комбинација не гледам дека ќе се менува.
Крупната промена што се очекува е влезот во сегментот на телефони со „големи“ екрани, што Apple досега го одложуваше. Тоа им претставува главоболки на конкурентите, кои досега практично имаа една единствена маркетиншка предност пред iPhone - а тоа беше „ние имаме голем екран“. Сега кога ќе ја изгубат и таа предност, тешко е да се види каков одговор можат да понудат од конкуренцијата.
Особено што во моментов новиот iPhone доаѓа на така да кажам „бришан простор“. Ниеден од новите Андроид телефони не воодушеви - Galaxy S5 е големо промашување, а Оне М8 ја нема масовната привлечност, како ни Г3 да направат некаков сериозен продор.
Се на сѐ ова му остава на Apple простор да биде малце „дигнат“ и да не внесува крупни промени, со оглед дека и ситни подобрувања ќе го остават далеку на врвот. Инвеститорите ова и го забележаа, па и акциите на Apple во последните 40 дена пораснаа за 22%, или зголемена пазарна вредност од околу 90 милијарди долари за овој краток период.
Иновациите што се речиси најавени:
- сафирни тач стакла - се гребе само ако го гребеш со дијамант
- поголеми екрани (4.7“ и 5.5“)
- нова инкорпорација со здравствени сензори, притисок, предупредувања од срцеви удари, дневни биланси итн.
- и понатаму единствен 64битен процесор, но со квад кор архитектура и квад-кор графичка
- OIS или електронска стабилизација на камера
Можно е да се очекува и некое изненадување - од стилот на iWatch аксесори, или пак некоја интеграција со Beats, иако е веројатно рано за такво нешто.