iPad Air & iPad mini retina

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Сепак и покрај лански спецификации на новиот ајпад и пак ќе тера брзо не е поради хардверот што поседува туку софтверот iOS тоа го прави брз и згора на тоа се пооптимизирани, само што не ми се допаѓа цената поради што е гризнато јаболко инаку јас имам ајпад 3 постар модел и на iOS 7 си возам иако има некој багови и пак тера помазно ,а што се однесува андроид таблети што кажува горниот член 81% застапеност на интернет на глобално ниво за ајпади ,а андроид не е, тоа е поради што постојат ефтини таблети за дечиња што не го користат интернет на глобално ниво, туку само го користат како обично гејмчиња додека за возрасните не се замараат андроид таблет за интернет оти си имаат смартфони андроиди тоа им е доволно .
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Никогаш не би зел андроид таблет ако цената биде иста. Ама пак да ме дупат на празен мозок и да прават 80% повеќе пари на мене, не благодарам. Ајпад мини со од лани конфигурацијата нив ги чини може и помалце од 50$. Да ќарат на мене 250$ нема никаква логика.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 00:43 ---
http://www.ebay.com/itm/Asus-NEXUS-7-2nd-Gen-16GB-FHD-7-4-3-Android-Tablet-NEXUS7-ASUS-2B16/261312544759?pt=US_Tablets&hash=item3cd770fff7

Штета што нема достава до мк, на секој рефреш бројот на продадени таблети лета за по 3-4 нагоре
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
:facepalm::facepalm::facepalm:

Другар сум ги користел сите таблети, СИТЕ, од дискусијата за Apple vs Others ми е преку глава, секој си има свое индивидуално мислење за сите производи, и за било што, да не навлегувам сега во таа дискусија, ќе ти ги кажам фактите кои беа изнесени на синоќешната конференција на Apple, 81% од застапеноста на таблетите на глобално ниво е iPad, без разлика која генерација, останатите 19% се Сите останати таблети во светот без разлика за кој станува збор, дали е нексус или галакси или некојси кинез со "7" гига рам доколу нексус 7 е најдобар што е работата тогаш ? Каде заостанува ? Зошто не се продава ? Моментално сум на iPad мини со 512mb рам и немам никаков проблем, за разлика од останатите андроид :гомце: со по 1 гига кои у позадина ми работат со еден тон непознати и непосакувани процеси, кои ме нервираат премногу, и ти го укочуваат уредот максимално. Сега ќе се префрлам на новиов Air, затоа што дизајнот му е онаков каков што посакував т.е ист како на mini што повеќе ми се свиѓа од претходната генерација на стандардниот iPad

Paramour ti si??
 

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
444
Видете.

Како што кажав, СЕКОЈ има свое размислување и никој не може да му го промени, да го натера да размислува како некој друг, што е моментот ? Темата е за новите ајпади, океј, навлеговме во дискусија за стариот мини, мислам како и да е што и да е, пак ќе напоменам, дали станува збор за смартфони или таблети, постои битката помеѓу Apple и Others, што е тука интересното ? За теблети ќе напишам, имате iPad и имате Останати Андроид таблети што се гураат кој повеќе рам меморија ќе ставел или кој поголема резолуција исто така ќе ставел или пак кој појак процесор ќе ставел со повеќе јадра и не знам колкава брзина, океј, Windows да не ги споредувам пошто никој не ги користи, да се навратам знам дека првата мини генерација беше со 512 рам океј е слаба е спора е тиња екран има коцки се гледаат, ама што се случува со продажбата ? На врвот на продадени таблети е океј, што се деси со андроид заедницата ? не знам колку гига рам ставија у било кој уред процесори вакви такви онакви драгони кујзнае шо не измислија, настапи пак ќе нагласам Apple со Првиот процесор со 64 битна поддршка, бум тука се стопија сите останати компетитори, галаксино 5с го укопа и у брзина и у се, изглед дизајн да не зборувам, да пак сега океј има мал екран 5с океј е фурајте си играчка од 600$ во рака кога мислам на играчка мислам како може толку пари за пластика да држам, мислам секој сам си одлучува, тука пак да океј 5ц е пластичен, добро тоа и мене ми е срање, да се навратам на теблетите реков за таблетите ќе пишувам, како и да е најпродаван таблет е ајпадот, оперативниот систем и изработката го прават да биде подобар од останатите, плус да не споредувам ретина со фул ха де, како и да е бидете ми сите поздравени се одјавувам доста беше на форумчево :) цепајте си дискусија, off отидов ама за да доловам нешто и btw не сум тој што го пиша
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
плус да не споредувам ретина со фул ха де,
Ај само ова објасни ми. IPad mini 2 има ретина резолуција односно 324 ppi (пиксели на еден инч), nexus v2 има 1920x1200 резолуција или 323 ppi.Сакаш да кажеш дека тој еден пиксел повеќе што го имаш на инч толко ти менува што не се ни споредуваат овие два екрани?

Помина времето кога само apple имаше екрани со висока резолуција. За оперативниот систем да кажеше дека iOS имаат повеќе апликации оптимизирани за таблет во ред се сложувам, изработката и во тоа се подобри.

Ама екраните при што и двата имаат IPS и висока резолуција дека не се споредувале :facepalm:

Моментално најдобар таблет: iPad air, iPad mini 2
Best buy: nexus 7 v2, од 10 инчни нема некој посебно да се издвојува
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Абе све е тоа супер, али секоја година бре излегуваат ко алва и од кај им на луѓево пари да купуваат нови и нови, со минимална разлика?
Ете, јас например сум човек кој ќе купи телефон една година и ќе му трае неколку. Али, следниот пат кога ќе купувам ќе барам комплетно ново искуство, не нешто од-она-што-го-имав^2 .
Неможам да ги разберам луѓево како се толку затрескани да купуваат нови модели на iPad, кога веќе тој што го имаат комплетно добро им ја врши работата? (не зборам за тука се разбира)

А инаку да, сум работел и на многу таблети, али iPad е дефинитивно најдобриот во all-round user experience. Овие другиве некако заради дизајнот на андроидот (можеби и преголемата кастомизација), го губат сјајот во тоа поле.
Но во однос на џебот, сепак ако се земе некој поквалитетен Android таблет (nexus 7 v2 пример), не би било на одмет. Си зачувал некоја пара, а имаш скоро исти перформанси (“минус“ UI-то) со iPad.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Абе све е тоа супер, али секоја година бре излегуваат ко алва и од кај им на луѓево пари да купуваат нови и нови, со минимална разлика?.

Смешни ми се овие изјави, кои веќе со години се вртат низ странските а и нашите форуми. Како тоа минимална разлика?

iPad Mini во споредба со новиот Mini2, е како да споредуваш Југо со Хонда Акорд. Слично нешто е и за iPhone 5s, иако не ја оправдувам цената, тој телефон има доста побрз процесор од неговиот претходник, а исто и графичка.

Nexus 7 2013, во споредба со 2012 верзијата, не е далеку од нивото на апгрејдот, од оној кој Mini2 го направи пред некој ден. Така да, минимална разлика = субјективно, тоа што на некои им е доволно нешто што само би се користело за најоснови работи и истиот продукт "брка работа" не значи дека сите ние ќе се задоволиме со таков продукт. Најинтересно ми се кога некој ќе ми се "пофали" дека купил таблет од 3.-5.000, па уште и викаат дека е супер. Ми иде да си пукам у глава. И не, не им се исмејавам, нити ги осудувам - понижувам, нивна работа што ќе купат.....ама барем нека не се прчат, или да ме замараат со бајки како нивниот таблет бил екстра, да да и тогаш мрморецот...
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Да бидам искрен , имам 3 годишно искуство со ipad , моментално го користам ipad mini black 16gb . и најдов поголема практика за разлика од regular ipad . Практичен е сегде можеш да го носиш со тебе и воопшто не те потсеќа на лап топ што е најважно за мене . Мене не ми е важно на mini да биде retina или не . Барем такви ме се потребите , за интернет ,слики и iwork по потреба за проекти што користам . Со iphone ги бркам делумно работите така да на ipad ми останува да се опуштам . Патем како што и предхнодно спомнавте глупаво е да се споредува кој е подобар , дојде времето секој да биде добар на свој начин , пред се да го почитуваме изборот , јас немам право да ви кажам apple дека се најдобри , но барем за мене се најидеално прилагодени на моите потреби . Фирмата , рекламите , достапноста си го прај своето . Читајќи и гледајќи го филмот на Стив Џобс , ние многу малку сме свесни колку допринесе за човештвото , ако се потсетиме за што ги користиме неговите уреди понекогаш ме фаќа страм , во смисла дека ги гледаме само негативните страни на уредите и софтверот , Се сеќавам на едно предавање кога ми кажаа дека ipad ги користат за деца со посебни потреби за деца аутисти , што е многу тешко да се работи со нив . А сега веќе технологијата и помага многу повеќе за тоа едноставно се чуствуваш посигурен . Така сакам со ова да разберете дека не е занесување ако користиш apple , samsung , htc едноставно луѓето го прават изборот за да бидат повеќе сигурно во себе и по достапни насекаде .Поздрав и пишувајте повеќе на форумов да разменуваме искуства :) Патем да не очекуваме многу дека цените ќе бидат добри , ipad mini retina околу 22 000 . Ipad air околу 30 000 . Па да видиме :) Pozdrav
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
64
Продавам ipad mini black 16 gb . Купен од Istyle заедно со artwizz футрола и со фолија мат исто artwizz . Заедно со оригинална кутија . Цена 12 000 денари .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom