IOS 7

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleksnadar87
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа IOS 7 ?

  • Да

    Гласови: 16 42,1%
  • Не

    Гласови: 15 39,5%
  • очекував повеќе

    Гласови: 7 18,4%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
еве веќе 10 часа имам искуство со IOS 7 прекрасен е , чуство како да имам апсолутно нов телефон . Се радувам што ваква промена се случи , она што го нуди софтверот е сосема ново доживување редизајнот на иконите позадините и тој сензибилитет прави совршенство . Bravo Bravo . пишувајте ако имате искуства и некакви проблеми , дечките се тука ќе помагаат што можат поздрав и уживајте ова е IOS 7 day
 
како да проверам која верзија на xsim ми е телефонот?

Кога го вклучуваш телефонот ти се појавува известување од х сим да стиснеш accept. Горе над accept дугмето пишува пример xsim 419 тоа значи дека е верзија 419
 
сестра ми го сметна на 4 ка и работи добро , сега го проучувала така ми рече така да слободно спуштај :)
--- надополнето: 19 септември 2013 во 21:17 ---
за прашањето со x sim не знам што да ти речам никогаш не сум користел и не пробал па оди на други блогови или пак гуглај ќе видиш дали успева .
--- надополнето: 19 септември 2013 во 21:34 ---
IOS 7 ми правеше проблем во теков на денот не можев да звонам ми одбиваше call ended па сеа функционира ќе види ме .
 
Го симна некој на Ајфон 4?Дали кочи?

Да.Симнав јас.
Искрено,лагира по малце.
Можев уште од кога да го продадам ајфонот,но си реков ќе чекам иос7 да спуштам за да видам како ќе работи и слично.
Не сум задоволен,го шиткам овие дена и се враќам на андроид,дефинитивно.
 
можеби но ќе постојат корекции на 7 така да , изборот е твој , многу корисници на apple имаат речено дека одат на android , за да се разочараат и повторно да се вратат на apple .
 
Ги апдејтувв сите мои уреди на 7 супер е исто како што и очекував, може некој само да се обиде да ми објасни и да ме убеди зошто Андроид е подобар од иос ? Апликациите се многу скапи за иос ? Или што ? Слаби перформанси имаат уредите ? Спори се ? Џабе имаат по 2 гига меморија андроид уредите кога оперативниот е катастрофа, тапа ни е оптимизиран ни ништо, кочат лагираат ко луди, искрено користам ипад мини со 512 мб рам и на иос 6 и на иос 7 до сега на нитуедна апликација ми нема закочено, ниту кога го работиш лаг да осетиш, ја возам Airborne без никакво сецкање, не знам во што ви е подобар андроидот од иос, дајте пробајте објаснете ми
 
Дали би било паметно да купам Iphone 4 32gb со IOS7 пошто ми го даваат за убава цена но ме загрижува оперативниот систем,да не кочи да не прави проблеми...What should i do?
 
Епл фан бојс :icon_lol:

Александар,јаболкото од мене има едно ’’збогум збогум„ и повеќе никогаш нема да користам ајфон.
Aко ми се здосади од Андроид (што не верувам),подобро ќе одам на Виндоус него пак на ајфон.
 
Го симнав,и искрено задоволен сум.Малку кочи али со оглед на тоа што е четворка и немам меморија ок е.
 
Дали би било паметно да купам Iphone 4 32gb со IOS7 пошто ми го даваат за убава цена но ме загрижува оперативниот систем,да не кочи да не прави проблеми...What should i do?

Не е паметно да се купи iPhone 4 и со IOS6, оти кај и да е, нема да има поддршка, веројатно веќе од наредниот iOS.
 
Дали би било паметно да купам Iphone 4 32gb со IOS7 пошто ми го даваат за убава цена но ме загрижува оперативниот систем,да не кочи да не прави проблеми...What should i do?

Зависи цената, пример ако ти го дава за 120-130 евра би земал, иначе ако е 150-170 подобро додај уште 50-70 евра и земи 4s.

Иначе на iPhone 5 ми лагира во перформанси малце, мали работи се поврзани со анимациите ама сепак...пример паралаксот сецка малце кога нагло движиш, search-от кога првпат се пушта има мааааало сецкање и слично. Ова не го очекував од Apple... :)
 
Оди на 4s или пак почекај и направи договор t-mobile за 5c . iphone 4 сега е многу basic за да го користиш . Не избрзувај сега секоја 4 ка е комбинирана од многу 4 ки така да не се лажи дека е добро сочувана и слично .
--- надополнето: 22 септември 2013 во 10:40 ---
Зависи цената, пример ако ти го дава за 120-130 евра би земал, иначе ако е 150-170 подобро додај уште 50-70 евра и земи 4s.

Иначе на iPhone 5 ми лагира во перформанси малце, мали работи се поврзани со анимациите ама сепак...пример паралаксот сецка малце кога нагло движиш, search-от кога првпат се пушта има мааааало сецкање и слично. Ова не го очекував од Apple... :)
ќе го средат до октомври не се секирај :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom