Internazionali BNL d'Italia - Rome 2012

Кој ќе биде шампион во Рим 2012?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 9 32,1%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 10 35,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 6 21,4%
  • Енди Мареј

    Гласови: 1 3,6%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо-Вилфред Тсонга

    Гласови: 2 7,1%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Јанко Типсаревиќ

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг (ќе наведам во коментар кој)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
океј, муабетот ми беше дека секогаш кој и да е ќе најде оправдување. Плус Новак има „наш“ менталитет, не ме изненадува мене.

Прво Ноле и дедо му... ајде проаѓа, никому да не се случи, Рафа со земјата, глупости, и еве сега Ноле со грешките... значи никој не е светец. Некои Новак го праваеа 100 пати подобар спортсмен од Рафа, смешно... :)

Исто, знаеа да се ситат и на колената на Надал, како он тоа го користи за оправдување од поразите. За она глупостине со земјата му замерам и јас, али за повредата, таа си е, за жал не измислува тогаш.
Ајде сега јас да кажам нешто за повредите.

Зошто Ноле или Федерер не се повредени? затоа што колку толку се чуваат, и не играат 300% на секој меч, Надал во 2-те сезони кога беше повреден, тоа беше затоа што играше на сите можни турнири скоро.

Надал е познат по тоа што своето тело не го штеди воопшто и се напрега премногу, дури и за негови години...така да одлуката да се соочи со можни повреди, поради таквиот начин на игра не е оправдување.

Токму тој начин на игра - екстремно физички базиран, него му овозможува лесни победи, но се си има своја цена, така да според мене освем Надал, и Тони, друг кривец за неговите колена нема, сам си е крив што се доведува во таква ситуација, и не смее на неговите повреди да се гледа како несреќа и момент кој го одалечил од уште поголеми достигнувања.

Надал треба да се одлучи дали сака да игра помалце турнири, и како физички да им пристапи на дуелите доколку сака да нема повреди, ако продолжи да игра така, и недај боже пак да се повреди, виновникот ќе биде он самиот, или Тони, и никој друг. Како што реков, се си доаѓа со своја цена, нека земе пример од Федерер што значи и на 31 година да бидеш фит и без посериозни повреди, освем повремени проблеми со кичмата...ама проблемот е што Надал сам си кажа дека не сака да одстапи од таквиот начин на игра.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.953
Поени од реакции
116.511
Ама нормално е тоа, Надал никогаш не се бунел кога е повреден, сам си е крив многу јасно е тоа. Едноставно таков стил на игра има, класичен дефанзивец и тоа е тоа.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Федерер со еднорачниот бекхенд каде каде си ја олесува работата за разлика од двајцата што играат дворачен. Али како што поминува времето се послаб му е бекхендот на Федерер.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
Федерер со еднорачниот бекхенд каде каде си ја олесува работата за разлика од двајцата што играат дворачен. Али како што поминува времето се послаб му е бекхендот на Федерер.
Ова по 1 меч го заклучи? :)

Jас ги гледав сите мечеви/турнири во кои оваа година играше Федерер, и бекнхендот му е каде каде подобар од лани, а ако не и најдобар од кога било.....единствен меч во кој му потфрли беше оној вс Џоле во полуфиналето на Рим, никогаш како оваа сезона не сум го видел толку агресивен да биде на бекхенд, ударите му се силни и длабоки......а згора на тоа и сигурен е во истиот, со исклучок на мечот вс Џоле кога беше еднакво очаен на бекхенд како и на форхенд, па и на сервис, така да тој меч не го зимај како меродавен.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Искрено, Роже нема шанси на Ролан Гарос годинава. Освен на Новак и на Рафа, повеќе шанса му давам на Бердих отколку на Роже. Сметам дека Надал ќе го освои, ама ај да видиме, се бива, триста чуда може да се случат.:)
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Ова по 1 меч го заклучи? :)

Jас ги гледав сите мечеви/турнири во кои оваа година играше Федерер, и бекнхендот му е каде каде подобар од лани, а ако не и најдобар од кога било.....единствен меч во кој му потфрли беше оној вс Џоле во полуфиналето на Рим, никогаш како оваа сезона не сум го видел толку агресивен да биде на бекхенд, ударите му се силни и длабоки......а згора на тоа и сигурен е во истиот, со исклучок на мечот вс Џоле кога беше еднакво очаен на бекхенд како и на форхенд, па и на сервис, така да тој меч не го зимај како меродавен.
Друго е кога го имаш Сепи/Берлок и Џоковиќ/Надал на другата страна :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
Друго е кога го имаш Сепи/Берлок и Џоковиќ/Надал на другата страна :)
Ок, ај сеа да те прашам нешто, гледаше ли Indian Wells, поточно финалето? :)

Дали таму бекхендот му беше слаб?

Дали во полуфиналето вс Надал му беше слаб?
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Ок, ај сеа да те прашам нешто, гледаше ли Indian Wells, поточно финалето? :)

Дали таму бекхендот му беше слаб?

Дали во полуфиналето вс Надал му беше слаб?
Искрено финалето го немам гледано, но погрешно ме сфати изгледа. Го гледав против Сепи еден сет и со Новак исто,разликата е очигледано,нормално различен противник, различна тактика. На земја сите тенисери што играат еднорачен бекхенд ретко издвојуваат винери за разлика од тие што ја маваат со две раце(Бердих посебно). Ретки такви случаеви видов на цел турнир, Алмаро и Гаске знаеа да погодат.

А додека на хард, друга е ситуацијата, предноста ја има , ако го погоди ќошот 95% е освоен поен. btw обожавам да гледам играчи кои користат еднорачен бекхенд , уметност е тоа :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
Ок нормално дека вс Надал и Џокович не е исто, ама и за земја Федерер завчера беше очаен, ирелевантно е како скока топката, ако ти од 10 можни потенцијални бекхенд паралели-винери, во 9 погодиш 1 метар во аут, или пак ја пратиш топката во публика, (total miss-hit) значи Федерер немаше ситни утки, нити Ноле му враќаше добиени винери заради брзината на подлогата, него воопшто не ги гаѓаше аглите, катастрофални неизнудени (вистински неизнудени не како оние против Надал кога знае да те натера да направиш неизнудена) на чисти пенали што се вика. Така да мислам дека не е причината за мизерниот бекхенд земјената подлога, него мизерната концентрација и очајната игра.

А за дуелот вс Надал во IW, мислам дека имаш доста добри чисти Бекхенд винери.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ок, ај сеа да те прашам нешто, гледаше ли Indian Wells, поточно финалето? :)

Дали таму бекхендот му беше слаб?

Дали во полуфиналето вс Надал му беше слаб?
Федерер никогаш не го тепал Надал на Ролан Гарос и нема да го тепа бидејќи 3 сета се преголем, едноставно нереален залак за него на земја против Надал.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
Федерер никогаш не го тепал Надал на Ролан Гарос и нема да го тепа бидејќи 3 сета се преголем, едноставно нереален залак за него на земја против Надал.
Незнам зошто ме цитираш во ваков контекст, јас нигде не спомнав ништо за Ролан Гарос, нити дека таму Федерер ќе го тепа Надал, целата дебата со Фигаро беше за бекхендот на Федерер, дали е тој подобар или полош сега од оној во минатото.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Незнам зошто ме цитираш во ваков контекст, јас нигде не спомнав ништо за Ролан Гарос, нити дека таму Федерер ќе го тепа Надал, целата дебата со Фигаро беше за бекхендот на Федерер, дали е тој подобар или полош сега од оној во минатото.
Извини, не ја прочитав погоре дискусијата.

Но едно е бекхендот на Федерер на земја, друго е на тврда подлога бидејќи спиновите на Рафа на Ролан Гарос скокаат премногу и претставува голем проблем за Федерер да ги враќа доволно добро за да го победи.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.493
Другар, кој рече дека не е друго? ај вака да гледаме на ситуацијата, да играме сега ја и ти тенис, на паркет - како најбрза подлога у историја, ти да си Федерер, а јас пример Хуан Монако, ако ти не погодиш поле (воопшто - тотален мис-хит) во 10 од 9 удари дали подлогата ќе направи некаква разлика во освојувањето/губењето на тие поени ама искрено одговори ми :)

Значи друго е Федерер да гаѓа линија - длабоко потенцијален винер и Џокович да ги врти поените со промена на ритам од дефанзива во офанзива заради својата брзина и да осовојува поени, да е така и јас ќе речам дека нема доволно силина бекхендот, т.е. дека одскокнувањето на топката заради земјената подлога, и брзината на истата си го прави своето..нема муабет во тој случај така е за тоа се согласуваме.

Но во тој меч тоа не беше случајот...земјата ништо не смени затоа што Федерер го промашуваше цело поле и тоа по 1 метар 10-на пати најмалце, имаше 20 неизнудени само во прв сет кој заврши за само 30-на минути, и од тие 20 најмаолце 3 топчиња отидоа во публика! што е знак дека бекхендот како и форхендот на Федерер беше далекуууу од нивото на кое беше на претходните турнири на кои му работеше безмалце перфектно.

Tака да за мене еден меч неможе да биде меродавен за бекхендот на Федерер сега, и порано...поготoво не во ваква одлична сезона која сега за сега ја има Федерер, сепак не смееме да заборавиме дека во Август пуни 31 година нели.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Денес гледав до 4-3 за Новак, потоа морав да заминам на факултет, па таму го фатив почетокот на вториот сет... Така да, денес тенис, на рати гледав :D

Од тоа што го видов во првиот сет, Ноле почна одлично, беше опуштен, ретко грешеше... Сега читам, судиите направиле грешка во клучен момент... Кога почнав да гледам втор сет, приметив нервоза кај Ноле и да не кажам почетнички грешки, кои ги немаше на почетокот на натпреварот, а и грешки кои не ги прави кога е смирен и сконцентриран максимално...

Како и да е, нека му е честита титулата на Надал, и роденденот на Ноле... Па да гледаме супер финале помеѓу нив на РГ и нормално, како фан, оптимист сум за Ноле и за прв пат да го освои РГ :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не бев во можност да гледам и да пишувам но честито нека му е титулата а пред се победата над Ноле. Ова беше можеби како предигра за Роланд Гарос и подготвување за нас дека ќе го гледаме стариот Рафа таму... VAMOS!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom