Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.767
- Поени од реакции
- 18.522
океј, муабетот ми беше дека секогаш кој и да е ќе најде оправдување. Плус Новак има „наш“ менталитет, не ме изненадува мене.
Прво Ноле и дедо му... ајде проаѓа, никому да не се случи, Рафа со земјата, глупости, и еве сега Ноле со грешките... значи никој не е светец. Некои Новак го праваеа 100 пати подобар спортсмен од Рафа, смешно...
Исто, знаеа да се ситат и на колената на Надал, како он тоа го користи за оправдување од поразите. За она глупостине со земјата му замерам и јас, али за повредата, таа си е, за жал не измислува тогаш.
Ајде сега јас да кажам нешто за повредите.
Зошто Ноле или Федерер не се повредени? затоа што колку толку се чуваат, и не играат 300% на секој меч, Надал во 2-те сезони кога беше повреден, тоа беше затоа што играше на сите можни турнири скоро.
Надал е познат по тоа што своето тело не го штеди воопшто и се напрега премногу, дури и за негови години...така да одлуката да се соочи со можни повреди, поради таквиот начин на игра не е оправдување.
Токму тој начин на игра - екстремно физички базиран, него му овозможува лесни победи, но се си има своја цена, така да според мене освем Надал, и Тони, друг кривец за неговите колена нема, сам си е крив што се доведува во таква ситуација, и не смее на неговите повреди да се гледа како несреќа и момент кој го одалечил од уште поголеми достигнувања.
Надал треба да се одлучи дали сака да игра помалце турнири, и како физички да им пристапи на дуелите доколку сака да нема повреди, ако продолжи да игра така, и недај боже пак да се повреди, виновникот ќе биде он самиот, или Тони, и никој друг. Како што реков, се си доаѓа со своја цена, нека земе пример од Федерер што значи и на 31 година да бидеш фит и без посериозни повреди, освем повремени проблеми со кичмата...ама проблемот е што Надал сам си кажа дека не сака да одстапи од таквиот начин на игра.