Internazionali BNL d'Italia 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 март 2010
Мислења
17.061
Поени од реакции
16.628
LogoInternazionali.png

Традиционално после мастерсот во Мадрид, почнува мастерсот во уште еден главен град во Европа, Рим од 11 до 17 мај ќе ги дочека најдобрите тенисери во светот.

Новак Ѓоковиќ после неколку денови пауза од тениските терени и откажувањето на мастерсот во Мадрид ќе има шанса во Рим да ја одбрани титулата од ланската сезона, и со тоа да најави дека е прв кандидат за освојување на вториот гренд слем во годината, Ролан Гарос.
Во ланското финале го совлада Рафаел Надал во меч во кој го изгуби првиот сет, за потоа се врати во наредните два.

Оваа година ситуацијата во Рим ќе биде сосем друга, Надал не е во својата препознатлива форма, после 2 мај 2005 година, од утре повторно нема да е во првите пет тенисери на АТП листата, па и не се вбројува во првите фаворити, но сепак турнирот се игра на земја, па пред време не смееме да го отпишуваме ниту него.

Енди Мареј во Рим пристигнува со освоена титула во Мадрид, со освоена прва мастерс титула на земјена подлога, со две титули во две недели, па ќе биде меѓу фаворитите.

Роџер Федерер после дебаклот во Мадрид и поразот од Киргиос, на турнирот во Рим ќе си ги лечи раните.

foro-italico-tennis-594x350.jpg

Не очекува одличен турнир.
Во едната половина на жребот се Ѓоковиќ и Мареј, во другата Федерер и Надал.
Целиосниот жреб.
rometophalf.JPG
romebottomhalf.JPG

Нема некои поголеми откажувања, освен тоа на Раониќ.
Нека победи најдобриот!
 
Последно уредено:
Го заебала ждрепката малце Џоковиќ овој пат. xD
 
Рафа добар денес, иако и Илхан помогна доста во тоа.
Нишикори едвај, со судни маки против Весели.
 
Рафа добар денес, иако и Илхан помогна доста во тоа.
Нишикори едвај, со судни маки против Весели.
Не се плаши за Рафа. Кога тогаш тој ќе си дојде на свое. Многу тука го отпишуваат ама мислам дека не е фер за еден таков играч со таков биланс на земја така лесно да се отпише. Какви се луѓето, една деценија биди супериорен и ако само малку паднеш веднаш ти се нафрлаат како ништо да не било.
Сепак Ноле и Рафа се најголемите фаворити на РГ. Каков Мари какви бакрачи.
 
Само да проверам официјален податок, али мислам дека Надал одигра меч без неизнудена грешка од игра. Во првиот сет направи 3 дупли сервис грешки и тоа беше тоа од него што се однесува до грешките. Ако трите дупли грешки му се бројат ко неизнудени ондак Рафа одигра меч без неизнудена грешка од игра што е фрапантно!!
 
Па штом бил уморен,немаше потреба да се пријави за турниров.Ептен глупо од негова страна.

Какви пресврти се дешаваа кај Бушар и Суарез Наваро а-у..:misticen:

Оваа нашава Јовановски добро дунде е..:pijani:
 
Баш ми е забавен Фоњини за гледање...онака ептен нестабилен е in a good way..знае некои луди винери да направи, дебилни грешки, да се нервира, да се радува..никогаш не знаеш што со него и затоа ми се интересни утакмициве негови...а и ради публикава неделава.. (y) Добар мечов со Бердих се надевам сега нема да го урочам и да го изгуби гејмов..треба ова у тајбрејк да влезе
 
Па штом бил уморен,немаше потреба да се пријави за турниров.Ептен глупо од негова страна.

Какви пресврти се дешаваа кај Бушар и Суарез Наваро а-у..:misticen:

Оваа нашава Јовановски добро дунде е..:pijani:

Наводно, на денешниот тренинг не се чувствувал доволно добро. Мада ако си изморен, тога ќе го осетиш многу порано.
 
Белучи нема два грама мозок, го докажа ова по 598 пат во својот живот. Конечниот исход секако се знаеше, само како се распадна во третиот сет... :cenzura:

Утре конечно денот за освета, Рафа-Вавринка, има да биде понижен лепрозниот, и плус ќе плати за тој прстот што го ставаше на глава лани на АО.
 
Белучи има сигурно капацитет за топ 30,ама проблем е што се мотивира само против топ 10 им зема по некој сет ги измачува.
Иако сум фан на Рафа победа на мастерс во 1/4 финале е далеку од освета за АО :D утре Новак-Кеи може да биде заебан меч.Меѓусебни 2-2,Кеи последниве 2 години на земја е страшен.
 
Ако, али битно да го плесне, за колку толку да се ублажи болката. :D
Кеи мислам дека нема многу шанси утре, лошо играше против Весели и Троицки...
 
Ако, али битно да го плесне, за колку толку да се ублажи болката. :D
Кеи мислам дека нема многу шанси утре, лошо играше против Весели и Троицки...
А Ноле едно добро што одигра во првите два меча у пичку матер. Играше како Надал 3м позади линија. А и ритернот го прима и на прв и на втор сервис позади во публиката. Што тактика ќе е ова ич не ми е јасно. Тотална дефанзива. Во МК воопшто не играше вака. Мислам дека е единствен во 1/8 со два изгубени сета
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom