Не бирам, тоа е убавината на фастингот. Некој ден ќе јадам со колегите бургер, некој ден ќе зготвам ориз, некој ден ќе јадам неко луто мексичко бурито, некој ден пица, некогаш скара, мусака, грав итн. Дури ни тајмингот не мора да е секој ден исто време. Пример некогаш ќе јадам во 10 сабајле чорба и тоа е тоа, па дури утре дента кон 14-15 ќе јадам пак што му доаѓа околу 30 саати фастинг. Друг пат пак ќе имам многу работа преку ден, ќе јадам во 18h нешто, па утре дента ќе јадам чорба во 10, што му доаѓа околу 16 саати фастинг. И се тоа е океј, пак ќе се повторам - за да го направите фастингот животен стил, единствено нешто е да не се ограничувате со строги термини и периоди.