Френк Слејд, ликот на Ал Пачино до Мирисот на жената ме инспирираше, или ми даде кураж да бидам цврст и истраен. Ако пак го споменам Пачино во Серпико, ќе биде не бадијала, ами разбирливо за оние кои ги гледале филмовите
Ме инспирираше еден млад господин од 38 години, кој успеал да "дотурка" далеку со посветеност и себе-вложување во она што сметал дека е правилно.
Ме инспирираше уште еден човек, кој со свои сопствени раце изгради и одржува нешто што го исполнува него, мене лично и уште многу луѓе, нешто што засекогаш ќе остане како емотивен белег во мојот живот.
Ме инспирира секој кој ги лови своите сништа.
Ме инспирира Пучини со Турандот, Стивен Тајлер и Џо Пери, Франц Лист, Харолд Робинс, Ченто... ме инспирираат и мотивираат многу луѓе кои свесно или не направиле нешто што живее долги години после нив.
Ме инспирираат, за крај, моите родители. Не кажувам детали, едноставно ќе кажам - ги обожавам и секогаш ќе ги сакам.