Инспирација

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Инспирација во животот ми дава тотално се од филмови,книги,документарни емисии,скоро се
 
Што е она што ви е инспирација во животот?

Човекот што го чувам во рамка на биро ми е искрено најголемата инспирација од сите, да се обидувам ако не повеќе да бидам подобра секој изминат ден, да се трудам и да се борам.Да бидам среќна и покрај него сум.

Братучед ми што се бори за тоа што го сака и што има неверојатен карактер и ми дава некој вид на рамнотежа кога е во моја близина.Брат му, што кога ќе го видам, срцето не ми дава да ги правам пак истите грешки или некои уште полоши.
Ме инспирираат да создавам, за да има еден ден малиот зошто да биде горд на дада.

Превер, Барико, Достоевски, Сати, Канзас, Мансел ... неисцрпен извор на размислување што кај мене вродува со плод за пишување, за креирање на дела што ако не друго барем мене ме прават среќна.

Јас сама на себе, за да можам воопшто да живеам со инспирацијата од горе споменатите.
 
Што е она што ви е инспирација во животот?

Родителите, можеби некоја книга која ве воодушевила, желбата од детството... да се биде нешто значајно во овој свет или можеби нешто друго. Значи што ви е инспирација во животот и од каде ја црпите?



Повелете.

Инспирација?

Зависи за што, но највеќе тоа се убавите работи во животот-тие ми се најголема испирација.
 
*Визијата која секојпат ја добивам пред очи за достигнување на идилата од мојот одамна веќе креиран свет...

*Луѓето кои се наоѓаат на дното а кои со сите сили се борат за корка леб и продолжуваат да живеат...

*Сите страдања кои се околу мене и кои ми даваат сила да станам и да си кажам колку сум среќна иако се чувствувам ужасно...

*Моите родители кои секој ден се борат за мене...
 
Мене лично инспирација ми е тоа што гледам дека некој постигнал нешто, и сакам да постигнам дури и повисоко од него. Инспирација ми е тој што помогнал на било каков начин за човештвото, без разлика во која сфера помага. Инспирација ми се борците за човекови права, иако се надевам дека додека јас да дојдам до такви години, да потегнувам такви потези, полека и таквите проблеми ќе се искоренат. Не би пишувал многу, пошто следните мои мислења би ги сметале за срање, а порадо би пробал трезен и одморен. Фала.
 
мислам дека темава е слична.спојте ги или нешто....
што знам јас....само да се убацам....:pipi:
 
најискрено инспирација највеќе добивам од секојдневните случки што ми се дешаваат и кои се доста позитивно бурни. А исто така инспирација добивам и од самите фотки кои ги правиме при искачање........добивам инспирација во однос да го живеам животот на начин кој ме задоволува,како и воедно зголемување на инспирацијата дека животот е преубав и дека никој не е сам на овој свет
 
Јас највеќе сум инспирирам и имам flood од идеи кога ќе легнам да спијам :):) Ама секогаш заборавам да запишам што ми текнало....Ветувам следниот пат ќе се снимам на диктафон....
 
пријателите, женската, каратето...
 
иснпирација ми е Discovery Channel...... и интернет
 
Тетката која секој ден со инвалидската количка иде да си го земе синчето од школо! Чека пред врата заедно со сите нас нормалните, но никој не и зборува!Децата се плашат од неа, зашто чудно ја врти главата и постојано трепка со очите.
Се вика Марија. Малиот, Хозе, доаѓа, се качува на една мала скаличка позади на количката, става мала кацига и заедно си заминуваат!
Марија и Хозе ме инспирираат!

Баба. Да, баба! Почина во 4ти стадиум на рак, со насмвка велејќи дека е добро, не сака и среќна е што не има!

Моите!
Дишам за да ги гушнам пак! Да пијам кафе со тато додека читаме Утрински и да зобам леблебија додека гледам некоја кулинарска емисија со мама!

Малото!
Никој на светов не ми поважен од неа! Дада е инспирација за малото, малото за дада! Нераскинлива врска!

Големи умови, бркачи на соништа, ловци на амбиции!

Филипе Петит:pipi:

Драгите мои луѓе, кои се тука за партија пиво, кафе на изгрејсонце, филм на дождливо попладне, сладолед на -5!
Тука се да ми дадат вештачко дишење кога се давам во солзи и гушам во плач!

Е сега ме инспирираат и стварчиња како дожд, ветар, зајдисонца и изгрејсонца, паднати лисја, клупа во парк, балончиња со хелиум, мали човечиња низ парк, дрва, цветови, вљубени двојки и многу такви рандом катадневни животни моменти!

Ама овие горенаведениве плус одразот што секој ден се џари во мене од огледалото ми се животно гориво! Без нив ќе го заебам моторот. А без моторот ни напред ни назад. Енд дет сакс.

Толку:salut:
 
Станувам сабајле, гледам комшијата пуштил музика до даска уште во ниедно време, до мене другиот комшија уште се качува по скалите оти е тапа пијан, третиот комшија го бркаат од дома оти изневерувал, на улица фрчи полиција, деца плачат жени пискат, а јас сум на пиџами.

Па поубава инспирација не може да ви дојде од ова што го читате.

Инспирација за убиство на целото маало. :pos2:
 
Највеќе песни кои навистина успеваат да допрат до мене, меѓутоа исто така поголем дел од инспирацијата ја добивам едноставно живеејќи го животот со сите згоди и незгоди...
 
Ме инспирираат мачки,завесите кога се криво наместени, грдите автобуси и луѓето што дремат во нив, небото наутро, попладне, навечер, солзите на Ромката која држи дете во купот ѓубре, индексот, патеките накај средно школо нагазени низ лисја, факултетските смешки, часовникот навечер кога не можам да заспијам, кактусот на прозорец, неговиот од и чевли, менструацијата, настинките преку есен, ајварот на комшиите, маглата кога паѓа над Скопје, цветовите на сливите во јуни, другарските расправии... Мајка ми кога ми здодева, татко ми кога молчи, сестра ми кога вреска...
Ме инспирираат тековите на животот. Нема запирање на тој процес... И затоа сум во секојдневни инспирациони полиња и си чкртам со кредата до каде може да влегувам, и излегувам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom