Inception (Можни спојлери!)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Ама гледај тоа е лимбото што Коб и жена му си го изградиле сами со тек на времето. Тоа е скроз истот нели кога шетаа Коб и Ариадне и кажуваше која куќа што претставува. И затоа мораше да се фрлаат Ариадне и богаташот од зградата за да умрат во лимбото па потоа да се вратат во 4тиот сон, за со кикот да продолжат да се будат во понатамошните нивоа.
Плус ако Саито и Коб не се во лимбо немаше да мораат да се пукаат еден со друг, за да се извадат од таму. Ќе можеа само со кикот тоа да го направат.

Ставај спојлери! - Крејзи ин Лав
 
Умираш во било кој сон, идеш во лимбо. Умираш во лимбо, се враќаш во реалноста.
 
Умираш во било кој сон, идеш во лимбо. Умираш во лимбо, се враќаш во реалноста.
Не не не ако умриш во сон или се будиш ако е на ниско ниво или пак се спушташ на пониско ниво.Меѓутоа тие одат во лимбо поради тоа што се под дејство на седативи..Е сега на крајот дали се врати во реалноста или отиде во друга фаза на сон или пак лимбо?Бидејќи тотемот не престана да се врти.
 
Абе дај не се ГЛУПИРАЈТЕ со ова спојлер таговиве, размислете малце, зашто би влагал некој во темата насловена INCEPTION ако го нема гледано INCEPTION?

Јас би ставал спојлери само за модераторите, бидејќи они мораат да влагаат за да ја модерираат темата и можеби го немаат гледано филмот. Ама, еве Џими го има и ИоСоно го има гледано.
Аман веќе, погледнете три поста над мене, на ништо не личи темава...

Не џабе во насловот пишува МОЖНИ СПОЈЛЕРИ - ако некој влезе овде, сам си го бара.
2 години истиот муабет го вртам, послушајте ме барем еднаш - сите знаете дека држи вода муабетов.
 
Се си е во ред:

Темата вика: МОЖНИ СПОЈЛЕРИ, ти влагаш во темата и сегде гледаш СПОЈЛЕР тагови :)

А има и подлабоко значење:

Dream within a dream within a dream.... in a dream... = Спојлер во спојлеј со спојлер под спојлер..... спојлер :)

Еве бонус СПОЈЛЕР од мене :devil3:
 
Ич не ми се свиѓа филмот го заглеав од почеток 10 тина минути ама големо срање и го исклучив :)
 
Филм како и секој друг филм, многу очекував од тој филм ама на крајот излезе дека гален и фален поп и во црква прди!
Ај нека ми каже некој што е темата на филмот?
Зачеток, каков зачеток?
Освен добрите ефекти се другото е за никаде!
 
шо знам дал е спојлер, ај за секој случај
Да му стави у глава нова идеја и да ја турне во правец кој му одговара без да осети "домаќинот"
..најпросто што може да се објасни.
60-тите, 70-тите се дигаше голема галама за влијание врз умот на клучни лица (претседатели, газди на компании-као у Inception)...ова е тоа-филмувано, но претставено многу посложено (и со прави, мозокот е нешто најнепознато), со лејери и нивно меѓусебно влијание. Шо знам, мене ми се свиѓа, планирам да го гледам уште најмалку еднаш, двапати.
Едино ми сметаа
голем број оружја, пушки, рафали...кога сето тоа е во умот во сонот на умот...
 
Конечно го изгледав филмов дома и можам да кажам дека некои работи се сосема збркани. Филмов има премногу дупки, да почнеме од делот кога Коб и Аријадне се решаваат да одат подлабоко од третиот сон и да го бараат Фишер. Вистинската дилема е дали тие одат во Лимбо или пак одат во четврти сон. Тие се будат во светот што Коб и жена му си го изградиле кога наводно биле во Лимбо, е сега прашањето е како е ова можно ако ова е сон на Фишер а архитектот е Аријадне, доколку тој не е мртов и е во 4 сон тогаш тој сон би требало да произлезе од неговата подсвест а не од таа на Коб. Доколку Фишер е мртов и отишол во Лимбо тој самиот би требало да си го гради својот свет, а не да оди во креираниот свет на Коб. Е сега пошто конкретно на филмот кога Коб оди во потрага на Фишер тој тврди дека е во Лимбо, тука повторно имаме дупка. Коб претходно убаво си кажа дека во Лимбо се оди ако си под јаки седативи и ако воедно умреш во сонот, од ова искача сега дека после трети сон се иде во Лимбо. Ајде еве да земеме дека е ова точно, во наводното Лимбо, Аријадне и Фишер скокаат од зграда но не видовме дека умреа туку се разбудија пред да паднат, што значи дека се разбудија во подолниот сон поради кикот. Но еве ајде да земеме дека тие умреле и се разбудиле во претходниот сон, ова пак не се поклапа со други делови од приказната кога Коб и жена му Мол се самоубија во Лимбо и веднаш се вратија во реалноста а не се симнаа едно ниво подоле. И се ова страшно ме потсеќа на Лост, само нафрлани детаљи кои не можат да се вклопат помеѓу себе во една целина.
 
шо знам дал е спојлер, ај за секој случај
Да му стави у глава нова идеја и да ја турне во правец кој му одговара без да осети "домаќинот"
..најпросто што може да се објасни.
60-тите, 70-тите се дигаше голема галама за влијание врз умот на клучни лица (претседатели, газди на компании-као у Inception)...ова е тоа-филмувано, но претставено многу посложено (и со прави, мозокот е нешто најнепознато), со лејери и нивно меѓусебно влијание. Шо знам, мене ми се свиѓа, планирам да го гледам уште најмалку еднаш, двапати.
Едино ми сметаа
голем број оружја, пушки, рафали...кога сето тоа е во умот во сонот на умот...
Контрола на умот велиш? :raz:
Тоа е се во ред ама во филмот малце претерале со тие соновите,
можеле сето тоа поедноставно да го направат а не но секој сон пак да бидат неранливи или издржливи.
Повеќе ми личи на видео игра, едвај еден умре а од другата страна масакр :pos::pos::pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom