Inception (Можни спојлери!)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно го изгледав филмов дома и можам да кажам дека некои работи се сосема збркани. Филмов има премногу дупки, да почнеме од делот кога Коб и Аријадне се решаваат да одат подлабоко од третиот сон и да го бараат Фишер. Вистинската дилема е дали тие одат во Лимбо или пак одат во четврти сон. Тие се будат во светот што Коб и жена му си го изградиле кога наводно биле во Лимбо, е сега прашањето е како е ова можно ако ова е сон на Фишер а архитектот е Аријадне, доколку тој не е мртов и е во 4 сон тогаш тој сон би требало да произлезе од неговата подсвест а не од таа на Коб. Доколку Фишер е мртов и отишол во Лимбо тој самиот би требало да си го гради својот свет, а не да оди во креираниот свет на Коб. Е сега пошто конкретно на филмот кога Коб оди во потрага на Фишер тој тврди дека е во Лимбо, тука повторно имаме дупка. Коб претходно убаво си кажа дека во Лимбо се оди ако си под јаки седативи и ако воедно умреш во сонот, од ова искача сега дека после трети сон се иде во Лимбо. Ајде еве да земеме дека е ова точно, во наводното Лимбо, Аријадне и Фишер скокаат од зграда но не видовме дека умреа туку се разбудија пред да паднат, што значи дека се разбудија во подолниот сон поради кикот. Но еве ајде да земеме дека тие умреле и се разбудиле во претходниот сон, ова пак не се поклапа со други делови од приказната кога Коб и жена му Мол се самоубија во Лимбо и веднаш се вратија во реалноста а не се симнаа едно ниво подоле. И се ова страшно ме потсеќа на Лост, само нафрлани детаљи кои не можат да се вклопат помеѓу себе во една целина.
Намерно е така...зар ќе беше интересен да ти кажеа шо се дешава?
 
Најјако е кога има најразлични толкувања, некои викаат дека ќе има втор дел, некои викаат дека Лео си сањал цело време, некои викаат дека жена му му вратила, некои па нишо не викаат.
 
Му симнувам капа на Кристофер Нолан. Не дека предходно не го правев истото. Човекот е генијалец и како сакате речете, филмов е дефинитивно најдобар филм оваа година, а еден од најдобрите во последнава деценија.
Како и сите предходни филмови на Нолан и овај ми остај огромен впечаток.
Најпрво тоа што според мене приказнана е оргинална, и немам видено друг филм во кој се влегува, излегува од соној ко во филмов. Второ, како е реализирано тоа, односно ефектите и сето тоа, мислам дека е претешко да се изведи, а ете, успеале да го изведат.
Актерската екипа беше доста солидна, сите беа навлезени во ликовите ко што беа навлезени во соновите. :)
Се на се филмов вреди да се изгледа.

Иначе, лесно е да се наоѓаат дупки во нешто што е веќе создадено, тешко е да се создаде тоа.

Генијално!!!

9 / 10 ( за идејата 10 / 10 )
 
Го гледав филмот ,некаде на средината пробав да го предвидам(сцената кога Коб објаснува што се случило со жена му и како се самоубила според него-е тука помислив дека на крајот Нолан ќе открие дека целиот филм е сон и жена му била во право,уствари она се вратила во реалноста а Коб останал да сонува ) али на крајот бев среќен што не заврши така ,всушност Коб цело време бил во право и на самиот крај :
1)се враќа во реалноста (разликата во годините на децата,прстенот што Syn го спомна итнт потврдуваат дека оваа теорија е точна,тотемот почнува да паѓа)
и да не ги прочитав сите постови на темата нема да го забележев-
2)отворен крај каде најбитно е дека е среќен а не дали сонувал или се вратил во реалноста.(само ради фактот што не знаеме дали тотемот престана да се врти или не)а се друго упатува дека е точно под точка 1.

голем плус е тоа што Нолан успеа да направи филм за кој ќе се дискутира ,тензичен филм со напета атмосфера со ептен добра музика.

Некој спомна за првите 10 мин,и мене ми беа без врска али затоа тоа што следеше вредеше да се гледа.

голем минус е што кога сега ги гледам некои сцени повторно оставил многу недоречени работи( не зборувам за тие намерно што ги оставил како крајот ,ниту за комбето колку време паѓа туку за лимбот и за 4тиот сон дали се ист сон или посебен),како и ептен пуцачките сцени ,мене на пример кога некој би ми влегувал во сон проекциите ќе имаат лајтсејбери :) ,нели е сон?

8.5/10
 
Му симнувам капа на Кристофер Нолан. Не дека предходно не го правев истото. Човекот е генијалец и како сакате речете, филмов е дефинитивно најдобар филм оваа година, а еден од најдобрите во последнава деценија.
Како и сите предходни филмови на Нолан и овај ми остај огромен впечаток.
Најпрво тоа што според мене приказнана е оргинална, и немам видено друг филм во кој се влегува, излегува од соној ко во филмов. Второ, како е реализирано тоа, односно ефектите и сето тоа, мислам дека е претешко да се изведи, а ете, успеале да го изведат.
Актерската екипа беше доста солидна, сите беа навлезени во ликовите ко што беа навлезени во соновите. :)
Се на се филмов вреди да се изгледа.

Иначе, лесно е да се наоѓаат дупки во нешто што е веќе создадено, тешко е да се создаде тоа.

Генијално!!!

9 / 10 ( за идејата 10 / 10 )
Приказната воопшто не е оригинална, филмот има позајмено по нешто од многу филмови, како и скоро секој друг филм. Главната идеја е позајмена од Dreamscape (1984) а потоа следи по нешто од многу филмови. Нема ништо генијално во игра од три нивоа во кое треба да направиш нешто и да излезеш жив и здрав. Да не пишувам повеќе зошто во главно кажав што имам во предходните 1-2 поста.

Патем:
 
Нема врска, заедничко му е шо и во двата филмови се спомнува сон. Инаку кај Кристофер Нолан на апарати ги става за да му влеза, а овде приказната е автоматски ко че заспијаме шо сонуваме и дека во некој свет од фантазијата сме. И уште многу работи кои ги дели овие два филмови.

И на крај краева во сите области има копирање на работи од порано. И во музиката и во уметноста и во литературата. Ама и да направиш копија од нешто во минатото е тешко.
 
Нема врска, заедничко му е шо и во двата филмови се спомнува сон. Инаку кај Кристофер Нолан на апарати ги става за да му влеза, а овде приказната е автоматски ко че заспијаме шо сонуваме и дека во некој свет од фантазијата сме. И уште многу работи кои ги дели овие два филмови.
Очигледно го немаш гледано Dreamscape, да го имаше ќе знаеше дека и тука влегува во сонот со апарати.

Идејата за влегување во сонот е комплетно од Dreamscape, т.е. не е оригинална. Само по себе тоа не значи ништо, не значи дека филмот е лош. Само значи дека идејата не е оригинална и сигурно не е генијална. Ебено едноставна идеја е. Друга работа е што вакви работи можат да се видат во многу евтини ТВ филмови од 80-тите кои не ни допреле до нас или во епизода од Star Trek, Twilight Zone итн... Доволно е Нолан некој ден да се досадувал дома му и да начекал некоја сцена на ТВ што му дала идеја. Нема ништо чудно и ненормално тука.

Понатаму, филмов е доработуван со одеи од други филмови. Има по нешто од Vanila Sky или шпанскиот оригинал на истиот, има Ocean Eleven финтици, има сличности со Exiztenz и 13th Floor, само што во нив се работи за различни реалности а не соништа, но горе долу тоа е. Можеби по нешто и од Flatliners. И нормално има малку Матрикс фајтинг сцени. Се на се, една голема мешавина.

Не е оригинален. Тоа е поентата на сето ова. Дури и за филмовите за кои тврдиме дека се оригинални не знаеме, можеби идејата е од некое третокласно филмче со лоши ефекти. Но сепак, talking about ideas, Матриксот е филмиште над филмовите за Inception. Комплетна идеја од А до Ш, со глава и опашка.

Што е Inception? Сон, во сон, во сон... за на крај да дискутираме за најважното прашање: дали тотемот паднал или не. Ебате филмот, мислам дека е единствен филм што го знам на кој оценката постојано му паѓа кај мене.

Со ова не сакам да деградирам нечие мислење, секој си има право да го сака или да не го сака филмот, прашање на вкус е. Ама на постови како WOW, Оригинален, Генијале... и понатаму ќе одговарам од време на време. Затоа што нема никакви аргументи за такво нешто а има еден куп аргументи за спротивното.
 
Воред е да земиш делчина од повеќе филмови, но како ќе ги споиш тие делови во еден е главното прашање. Нолан според мене одлично го направил тоа и се на се филмо според мене е генијален. самиот кажа, мислење си е мислење, никој нема прави да ти го успорува, ти имаш твое, јас мое.
 
Приказната воопшто не е оригинална, филмот има позајмено по нешто од многу филмови, како и скоро секој друг филм. Главната идеја е позајмена од Dreamscape (1984) а потоа следи по нешто од многу филмови. Нема ништо генијално во игра од три нивоа во кое треба да направиш нешто и да излезеш жив и здрав. Да не пишувам повеќе зошто во главно кажав што имам во предходните 1-2 поста.
Ако може да го цитирам Милчо Манчевски од интервјуто во ноемврискиот Плејбој. Парафразирам.
„Сите каубојски филмови се плагијати и неоригинални, бидејќи скоро сите почнуваат со сцена во која каубоецот влегува во непознат град.“
Филмот си е оригинален, бидејќи си има оригинално сценарио, режија итн. итн. За тоа како некој ја добил идејата да направи некој филм малку е глупо ние да дискутираме, бидејќи тоа може само авторот да го каже. Според мене гледачите можат да си кажат дали им се допаѓа или не им се допаѓа филмот и за тоа каков впечаток или каква порака добиле од филмот. А вистинската идеја и порака си ја знае само авторот и таа не секогаш се поклопува со видувањето на публиката. :toe:

ПС. Мене филмот ми се допадна.
 
Добро, не се разбираме очигледно: дали некому му се допаѓа или не, тоа е прашање на вкус. Дали е оригинален или не е сосема друга работа. Инсепшн не е оригинален филм зошто има комплетно преземена идеја од друг филм, а потоа истата е доработена. Не може да си каже авторот, гледачите и критичарите кажуваат. Исто како што кажаа дека Бенџамин Батон е плагијат на Форест Гамп, иако авторот тврдеше дека е оригинален. Многу е лесно да се утврди дали некој филм има оригинална идеја или не, постојат и посебни награди за филмови со оригинални сценарија на оскарите.
 
Да се дообјасниме за да се разбереме. :)
Оригинален филм е филм правен по оригинално сценарио. Дали во филмот има елементи од предходно видени филмови многу јасно дека има. Целосно оригинален филм НЕ ПОСТОИ.
Околу наградата за оригинално сценарио. Еве ти конкретен пример.
Палп Фикшн на Квентин Тарантино. Доби оскар за оригинално сценарио. Потполно се согласувам “оригинално“ и одлично сценарио и одличен филм комплетно.
Дали во филмот се е ОРИГИНАЛНО????
Нема ли филмови со мафијашки извршители (хитмени)???
Нема ли филмови со пар (машко и женско) кој што ограбува???
Нема ли филмови со поткупени боксери кои што не го почитуваат договорот и сепак победуваат???

Според мене неможе да се споредуваат делчиња (кадри) од филм со други филмови и да се тврди дека не се оригинални. Ако е така, тогаш НЕМА оригинален филм.
 
^ Едно е да се слични детали или делови друго е ти да ја скинеш крајната поента од друг филм. Еве глеј го Егзистенз на Кроненберг па кажи дека не е слично.
Имаш приклучување на апарутури исто, па влегуваат во игра, па игра во игра, па на крај некој прашува уште ли сме во играта или сме во реалноста и као сите се зачудени, премногу е слично за да биде коинциденција.

--- надополнето ---

А на страна тоа што приказната и деталите не се вклопуваат никако, а самиот Нолан е тој кој што инсистира на детали.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom