- Член од
- 25 јуни 2007
- Мислења
- 2.307
- Поени од реакции
- 1.134
Филмов има интресна идеа ама мислам дека можеше приказната да биде подобро изведена. Некои работи некако не се убаво објаснети како што треба да се. За споредба ќе го земам првиот дел на Матрикс каде што целото дејство пред прикзаната на филмот беше добро објаснето. Наеднаш имаме луѓе кои влегуваат в соништа а како се поврузваат со човекот и не беше баш најубаво објансето. Секој мора да се буди ниво погоре но сепак на крај Коб се разбуди директно од четвртото ниво ?....Неговиот тотем кога е во сон се врти цело време а кога не е паѓа по некое време ?....Девојката што и прави нејзиниот тотем игра фигурата во сон а во реалност мирува. Сума сумарум интересна по малку и оригинлна тема, добри ефекти, приказна просечна со некои недоследности, и на моменти филмот е прилично спор. Се на се после гледањето се осеќаш како непто да е недокажано, дека можеле истата приказна да ја направат далеку подобра. Но сепак чим филмот развил толкава дискусија значи дека сепак е еден од подобрите што последниве години излегле од Холивуд.