Inception (Можни спојлери!)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно никој не ја објавил фамозната вест.

Од денес INCEPTION се емитува во Рамстор...

за оние нестрпливите на блу реј снимката, нека тркнат :pipi:
 
Сите чекаа да дојдеш да им кажеш ти :pos:

Не ги виде другите теми?

--- надополнето ---

Сите чекаа да дојдеш да им кажеш ти :pos:

Не ги виде другите теми?
 
Па конееееееееечно значииииии им текнааааа!!!!! Конечно у кинооооооо! КОНЕЧНО! АААААААА ЛЕООООО! :vozbud:

Се извинувам за испадов, ама не можам посилно од мене е кога станува збор за Леонардо. :kesa: :pipi:
 
Да си се пофалам, бев на премиерата во Рамстор :). Филмот е страва. Стварно е нешто посебно. Можам да го споредам со Matrix до негде, али тоа е само мал дел. Глумата е феноменална. Всушност, Леонардо Ди Каприо никогаш не ме разочарал, ама и останатите глумци се топ. Има одредена доза на хумор што е добра работа, ама главниот дел е прилично сериозен и напнат. Мој совет е стварно да идете да го гледате во кино, а притоа да си резервирате карти 2 дена однапред ако сакате да имате убави седишта, пошто интересот за филмот сигурен сум дека ќе биде голем.
 
1 ден се емитува во киносалите во Скопје и дозволени спојлери? Филмот го нема уште dvdrip да не збориме за поквалитетно.
Не се дозволени спојлери, уосталом банирам. :icon_bigg
 
1 ден се емитува во киносалите во Скопје и дозволени спојлери? Филмот го нема уште dvdrip да не збориме за поквалитетно.
Не се дозволени спојлери, уосталом банирам. :icon_bigg
не ти даам спојлер само ќе ти кажам дека има предвидлив крај
ја го “предвидов“ негде 5-10 минути пред да заврши (или поточно реков “замисли сеа да заврши вака и вака“) и така и испадна...а веруем и другите предпоставија шо ќе испадне у последните 30 секунди.
припреми се со јако озвучење ако го гледаш дома двдрип, и немој, те преколнувам немој да праиш паузи за веце :) ќе биде после ко со лост да си бараш на интернет да сфатиш шо си гледал.

интересен филм пошо е прилично различен а сепак толку ист ко другите. онака, лајт напнат филм

off and out
 
Некако очекував поголема длабочина, имаше обид за тоа, но самиот жанр во кој спаѓа можеби и не го дозволи тоа.
Филмот пред се е одлична акција со интересен мајндфак. Прилично оригинално е направен кога се работи за таа тематика. Во однос на идејата за филмот Christopher Nolan се надминал себеси.
Има импресивни специјални ефекти што придонесуваат за неколку навистина интересни и возбудливи сцени.

Но морам да дадам и мала критика, имам замерка за логиката која "функционираше" во соновите. Дури и за светот во кој се одвиваше филмот, едноставно имаше некои нејаснотии и нелогичности што не можам да ги занемарам.
Глумата би рекол беше просечна, ништо исклучително, немаше некој што особено се издвојува.
Ама не беше добра глума тоа што го прави филмов добар, туку одличната приказна.

Во секој случај, одличен филм, од мене 8/10.
 
Го гледав синоќа, се изнервирав заради главучот што седеше пред мене, ми го намалуваше видното поле. :(
Имаше и доста празни седишта во првите редови што баш ме изненади.
Филмот е прејак, со оригинална идеја предизвик за психоаналитичарите, има голема длабочина во него, а филм што ќе ме натера на размислување долго по гледањето не може да биде лош.
На тие што уште се двоумат им препорачувам да не му ја мислат многу туку правец - Рамстор! :)
 
Посакував да постирав пред постот на Крејзи, сега ќе изгледа како да го етикирам на неа..

ВЕ споредувам со попалени тинеџјерки по веспа. Иста приказна беше и за Shutter Island. Читавте ревјуа, гледавте трејлери, се палевте.. очекувавте СЕ освен добар филм. Сами го преценувате и после сами се разочарувате. Јас чекав да излезе, го изгледав, уживав, ме задоволи. Немав големи очекувања како вас. Иста прича ќе биде и за овој, се читаме во филмови, режисери и како и да беше темата. ;)

Нолан, ДиКаприо, колку-толку пооригинална идеа. Ќе биде ДОБАР филм. Ништо повеќе од филм.


Повлечи си ги зборовите :)
 
дечки дали има голем интерес за рамстор, дали треба однапред да се купат карти или може на лице место ? фала однапред ! :)
 
дечки дали има голем интерес за рамстор, дали треба однапред да се купат карти или може на лице место ? фала однапред ! :)
Имат место колку сакаш, особено во терминот во 4. Бев изненаден колку само беше празно, максимум 10 души ако беа внатре.
 
фејл на вечерта ! :) бев во 20 до 10 сите карти беа распордадени, најверојатно во 10 е најгледан ....... xD
 
Доста добро визуелно сортирано, но ипак на крајот се се сведува на
лигавење и сл.
Во толку добро усовршен свет некој мора да се нафати за непотребно повторување на "садењето".

изгубен у превод(сонот).
дали на некој му е грижа за останатите коа сам ги проектира според негов крој.

8.2/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom