Инат!

Ја сум јарец у хороскоп , така да предвреме сум одреден да бидам ИНАТ и тоа тешок ИНАТ .
п.с Стајте ме и мене во сељаците :pipi:
 
Според armin06 тогаш би требало да сум тежок сељак :(
 
Некогаш сум инаетчика и тврдоглава - но најчесто сама на себе си терам инает и тврдоглавост - тоа некогаш оди до крајност па води и кон само-деструкција ... таква сум понекогаш:kesa:
 
Инаетчија сум. И тоа голем. Не го манифестирам отворено инаетот, туку си молчам и терам. Понекогаш тој е исплатлива особина, но ми се случило да заебам многу убави моменти и шанси токму поради инаетот :uvo:
 
Со „инат“ секогаш губиш. Како и да земеш губиш.
 
Ја сум јарец у хороскоп , така да предвреме сум одреден да бидам ИНАТ и тоа тешок ИНАТ .
п.с Стајте ме и мене во сељаците :pipi:

Исто и јас така да тоа ми е во крвта...
Инат ми тече кроз вене :icon_lol:
И кога знам дека не сум во право се инатам за да не излезам слаба и да не испадне дека попуштам пред другите :)-гордост...:toe:
 
Исто и јас така да тоа ми е во крвта...
Инат ми тече кроз вене :icon_lol:
И кога знам дека не сум во право се инатам за да не излезам слаба и да не испадне дека попуштам пред другите :)-гордост...:toe:

Ти да не су ми близнак некој шо не го знам ? Пошо само шо ме опиша мене :D
 
Паметниот попушта, магарето рика (инат води) :)
 
Како најтипична коза инатот ми е главна движечка и мотивациска сила во животот. На инатот му должам многу. Уште во основно една подалечна моја роднина-тетка љубоморна затоа што нејзиниот син не беше баш по школото, цинично знаеше да ми се насмее и да ми каже дека нема лесно да пројдам низ средно и факултет и дека тешко било и дека ќе сум паѓал на испити итн. -Ти си мислиш така се учело-знаеш да каже додека ми даваше некое никакво слатко од сливи во стаклена тацна и чаша чешмовача вода. И низ целиот мој процес на образование секогаш кога сум бил со крајни сили, кога сум имал бајаги кецови, двојки во дневник, кога било 4 саат сабајле а јас без сили да продолжам да учам а испитот ми е за ден-два а заостанувам, доволно ми беше да се сетам на неа да здрвам едно нес без млеко и шеќер, и 2-3 цигари и сум продолжувал со крајни сили напред. И станав и академски граѓанин во еден може мал но добар дел (не)благодарејќи на неа. Е толку е моќен инатот кај мене. Контролираниот инат воопшто не е лоша работа ќе ве турка секогаш напред, ако немате со кого инатете со себе и ќе ги исполните и надминете вашите капацитети и цели.
 
,,Инатот е енергија на глупави луѓе.,,
Не знам кој го кажал тоа ама е апсолутно точно.
Лично јас се трудам да не се инатам премногу. И мислам дека ми успева, иако моите дома не се согласуваат со мене. Мајка ми не пропушта прилика да ми каже дека се инаетам како магаре на мост. Се надевам дека не е во право :nesum:
 
Поголем инает од мене нема, знам дека не е добро да се инаетиш ама што да правам кога сум таква, не можам да се сменам.
 
Поголем инает од мене нема, знам дека не е добро да се инаетиш ама што да правам кога сум таква, не можам да се сменам.

Дали си сигурна сосема дека нема од тебе поголем инает?Јас не би била толку :icon_lol:
Јас пак мислам дека од мене поголем инает нема,човек подобро да се нафака со магаре да се расправа и побрзо ке се нагоди отколку со мене:pos:
 
Тие шо ме познаваат, за жал, знаат со каков инат си имаат работа ..... :pipi: :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom