PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Како би можела ова да го знаеш?Fortune says:
Ќе си земам слобода да дадам свое мислење во врска со ова. Вистинските чувства ако не ми се вратат додека сум со партнерот, никогаш нема да ми се вратат. Ако не ми се вратат додека ми се „на дофат” неговите карактеристики, неговото однесување со мене, неговите зборови, нежност, внимание, нема никогаш да ми се вратат. Откако ќе се стави крај, единствено што би можела да почувствувам би било олеснување. Секако, ова си е мое, а секој со своето.
На никаков начин не можеш да предвидиш дали, откако ќе му раскинеш, можеби ќе ти се вратат старите чувства што ти исчезнале додека сте биле заедно. Баш и поради таа причина многумина остануваат во врска, затоа што се плашат дека ако му раскинат на партнерот (кој патем, нели, веќе не го сакаат), можно е потоа да се каат, затоа што чувствата ќе им се вратат, ама веќе ќе биде касно, зошто раскинале, тоа е тоа...

Олеснување, да, во моментот. Ама чувствата се непредвидлива работа, што ретко кога можеме да ја контролираме или предвидиме.

Кога веќе си сосема сигурен дека изчезнале тие чувства... Секако дека е подобро да му се каже. Ако чекаш сам да сфати само ја пролонгираш за џабе работата и ја отежнуваш... А дали би се трудел да ви ги врати чувствата по секоја цена..Тоа си е кај секого индивидуално, зависи колку е упорен, заљубен, тврдоглав, напорен, на крајот на краиштата.И имам прашања. Дали е подобро на партнерот да му се каже дека чувствата исчезнале или да се остави на тоа сам да си сфати? Дали би бил под притисок во тој случај, да биде на некој начин приморан да изигрува се` и сешто само за да ви помогне да се вратат чувствата?

Зајде, богами.Зајдов
