PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Зошто некој продолжува во врска со некој што не го сака?
-Да покаже пред светот дека не е очаен самотник, туку има некого. Ова најчесто се случува кај луѓе што патат од комплекс на нижа вредност и што се чувствуваат подобро ако видат дека ете, светот гледа дека не се сами во животот. Некој кога ќе праша: “Имаш партнер„, да одговорат позитивно. :icon_roll
-Од користољубивост. За пари, за секс, за материјални добра... Сеедно. Дури и посебен термин постои за жените што практикуваат вакви врски- спонзоруши.
-Од несигурност. Постојат луѓе што едноставно не можат да се поднесат себеси да не бидат во врска, затоа што се чувствуваат незаштитени, несигурни, имаат потреба секогаш да имаат некој крај себе, па некогаш дури одбираат партнер со кој не сакаат да бидат, само за да си ја услишат оваа потреба. (кога ќе размислам подобро, ова изгледа спаѓа во првата категорија).
-Од навика. Ова е само во случај кога на почетокот на врската го сакал партнерот, ама со тек на време љубовта и страста избледнувала, и на крај останала само навиката. За жал, ова се случува во, грубо кажано, 80% од врските, особено оние долгите.
-Од сожалување.Можеби си го сакал некогаш, можеби и не, ама во моментов не сакаш да бидеш со него, а сепак си, затоа што тој е заљубен во тебе, а не сакаш да го повредиш. Ова е најлош тип на врска, зошто никој не заслужува за него да се жртвуваш и да си го трошиш времето и среќата, а притоа да го лажеш и да му глумиш.
Ниедна од овие врски не можам да ги разберам.
Ќе бидам само со оној со кој што сакам да бидам, ќе останам со него само ако го сакам, а никако нема со месеци (години...) да се залажувам и себеси и него и да си го губам времето поради било која од горенаведените причини.