Иконите

Употребата и почитувањето на иконите ја потврдува Светото Писмо. Самоиот Господ Бог му вели на Мојсеја да го направи ковчегот на заветот кој бил видлива слика за присутноста на невидливиот Бог.
Не зафркавај..абе храмовите на Соломон,на Ирод пукале од икони..на сите страни биле..
Море..во Светот писмо има за иконите ама ова..

Римјаните 1:23 и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика....

Првите икони Чаир се појавуваат во катакомбите во 3-от век дотогаш ни трага ни глас од нив..
Си чул за Лав III Исауриски, за Константин V....си чул за павликијаните..сите тие воделе борба против обожавањето на иконите и враќањето кон едноствното христијанство..сите тие и уште 333 епископи одлучиле дека иконите се спротивни на науката на Писмото..додека прсти не вмешала Ирена и го свикала тој кобен Собор..заради кој и ден денес сте во зблуда...
И немој на ги мешаш Херувимите и божјите упатства за изградба на шаторот тие врска немаат со паганските обичаи и традициите ниту со иконите..забрането е почитување на лажни богови на нивните слики и кипови а не изработка на истите
 
ха ха добра приказна
Благодарам за исцрпниот ти одговор..инаку приказната..ќе ја продолжам уште малце..Вториот Никејски собор од 787 одлучил дека секоја слика на Исус, Марија светец или ангел заслужува aspasmos и proskunesis..превод..поздрав и обожавање..и дека во нивна чест може да се запали темјан и свеќа...Спореди го тоа со втората Мојсеева од 20,1:17..и толку од тоа дека иконите не се идолопоклонство..можеш сеуште да го сметаш ова за приказна..а можеш и да се потрудиш да си најдеш нешто кај ќе го прочиташ ова што ти го напишав..Јас повеќе пати користам овде една фраза..Нека ти биде по верата..
 
marcus, тоа е собор на иконоборци. Самите иконоборци биле расчинети и анатемисани, т.е. одлачени од Црквата Христова, така што, нивните одлуки не биле ставови на Црквата, ниту пак нивните анатеми биле валидни. Во светската историја тој собор се нарекува „Бандитскиот собор во Никеја“.

Тоа ти е исто како денеска да се соберат протестантите и да ги анатемисаат православните цркви за ерес. И? И нема да се случи нешто. Или.. како што безумниот Калигула си го прогласил коњот за сенатор. Ама.. пак ништо не се случило.
 
marcus, тоа е собор на иконоборци. Самите иконоборци биле расчинети и анатемисани, т.е. одлачени од Црквата Христова, така што, нивните одлуки не биле ставови на Црквата, ниту пак нивните анатеми биле валидни. Во светската историја тој собор се нарекува „Бандитскиот собор во Никеја“.

Неможе да кажеш дека иконоборците биле одалечени од Црквата Христова.
Иконоборците биле одалечени од иконопоклоничката црква.
Ако некој се смета за дел од Христовата Црква треба во целост да го применува Христовото учење.Така да иконопоклониците неможе така да се наречат, затоашто отстапиле од патот на Христос.
 
Јас ти кажувам како учи Црквата, како учи светската историја. Ти како сакаш, така верувај.
 
О.К. ти ми кажуваш како учи некоја црква што застранила од Христовиот пат.
 
Не зафркавај..абе храмовите на Соломон,на Ирод пукале од икони..на сите страни биле..
Море..во Светот писмо има за иконите ама ова..

Римјаните 1:23 и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика....

Првите икони Чаир се појавуваат во катакомбите во 3-от век дотогаш ни трага ни глас од нив..
Си чул за Лав III Исауриски, за Константин V....си чул за павликијаните..сите тие воделе борба против обожавањето на иконите и враќањето кон едноствното христијанство..сите тие и уште 333 епископи одлучиле дека иконите се спротивни на науката на Писмото..додека прсти не вмешала Ирена и го свикала тој кобен Собор..заради кој и ден денес сте во зблуда...
И немој на ги мешаш Херувимите и божјите упатства за изградба на шаторот тие врска немаат со паганските обичаи и традициите ниту со иконите..забрането е почитување на лажни богови на нивните слики и кипови а не изработка на истите

Добро, де маркус, да те прашам. Ти ја прочита ли историјата што ја пастирав за иконоборството? Знаеш ли дека павликијанството е ерес? Знаеш ли за каде од прв пат доаѓа идејата за иконоборство? Оти мора вака да се повторуваме?
 
Благодарам за исцрпниот ти одговор..инаку приказната..ќе ја продолжам уште малце..Вториот Никејски собор од 787 одлучил дека секоја слика на Исус, Марија светец или ангел заслужува aspasmos и proskunesis..превод..поздрав и обожавање..и дека во нивна чест може да се запали темјан и свеќа...Спореди го тоа со втората Мојсеева од 20,1:17..и толку од тоа дека иконите не се идолопоклонство..можеш сеуште да го сметаш ова за приказна..а можеш и да се потрудиш да си најдеш нешто кај ќе го прочиташ ова што ти го напишав..Јас повеќе пати користам овде една фраза..Нека ти биде по верата..

Кон болтуваното: православната Црква вели дека целта од нашето живеење на Земјава е, меѓу другото, и таа дека треба да се обожиме. Како го поимаш тој израз: некој, кој верува и живее како е одредено, да се обожи самиот себе?
 
како што ти викаш дека имало 300 епископи кои биле против почитувањето на иконите на 7 вселенскисобор имало 2500 епископи кои биле за почитување на светите икони
 
Од кога бре тоа правата вера на референдум се гласала? Ако е така, гарант атеизмот ќе победи, пошто нема став со поише поборници.
 
Matetes, не „се гласала правата вера“, туку се дискутирало околу иконите, бидејќи навлегла ереста на иконоборството, за на крај едногласно истата да се прогласи за ерес.
 
како што ти викаш дека имало 300 епископи кои биле против почитувањето на иконите на 7 вселенскисобор имало 2500 епископи кои биле за почитување на светите икони

Ја тука видов гласање. Изгледа другиве слабо излобирале кај кесарот.
 
Луѓе над луѓе се надгласувале, се надгласуваат и ќе се надгласуваат, но тешко им на оние кои се обидуваат да Го надгласаат Бог велејќи Му: "Залудно ни забрануваш да си користиме икони, ние мнозинството иконопоклоници на еден од нашите собори изгласавме дека можеме да си користиме икони!"
 
Луѓе над луѓе се надгласувале за ти денеска да ја читаш Библијата таква каква што ја знаеш:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom