Со ИКИ си
дипломиран електроинженер, а со ИНФО си
дипломиран информатичар... +1 година мака, ама помило звучи првото :smir:
Иначе, на ИКИ, конкретно... Прва година имаш математика, електротехника, физика и Структурирано програмирање во С и С++. Математика ти е основата, ако во средно не ти идела најдобро, или недај боже не ти идела воопшто, со упис на ФЕИТ правиш животна грешка. Кое фајде ако имаш Математика како предмет прва и евентуално 2 година, кога до дипломска се ќе ти биде поврзано со неа. Друго, физика е еден од предметите кои се ставени со цел да се редуцира бројот на студенти. За ИКИ не е од некое суштинско значење, ама не би било лошо и да се совлада. Електротехника, колку и да викаат дека нема врска со ИКИ, покрај програмирањето и таа е основа за понатамошното студирање. Електрониката по подоцнежните семестри ќе биде надоградување на работеното по електротехника.
А денес не е финтата да знеш да го искуцаш кодот туку и да го знаеш принципот на комјутерот/машината на кој/а работиш 
Најважно е тоа дека и да дипломираш на ФЕИТ не треба да значи дека си професионалец... Слично како што со читање го збогатуваш речникот, така и со проширување на знаењата од областа на пограмирањето ќе можеш да решаваш различни проблеми...