ИКИ или ИНФО?

  • Креатор на темата Креатор на темата acika92
  • Време на започнување Време на започнување
Што е со изјавиве? Ќе те разберат дека ако не е ИКИ или ИНФО може на КСИА да отидат и што после? Прва година за сите е иста (освен ИНФО). Кај и да отидат мора С и С++ да ги научат. Ради овие два предмети тапкаат во место еден куп студенти. Ако е скаран со програмирање нека седи дома и нека учи да поправа телевизори. Нема трето. Основни се математика и програмирање да ги разбира секој студент.

Немојте вака нецелосни постови, само потешко им правите.
Јасно е дека C/C++ мора да се научи пошо е задолжително, ама знаеш колку студенти се запишуваат на ИКИ, а појма немаат што е тоа програмирање? Јас истотака за малце ќе се зезнев, ама среќа немав доволно бодови, па не ме примија на ИКИ (и сум пресреќен поради тој факт). Појма немав што е тоа програмирање кога се запишував. Нешто од нешто научив, што значи не е невозможно, но програмирањата во I година се пи*кин дим во однос на оние од погорните години (за ИКИ зборам). Значи возможно е да се научи нешто од нешто да се програмира (колку да се положи), ама понатака е похардкор. Ова „возможно е да се научи“ сепак не важи и за математика. Ако си тапа во оваа област, заборави на електро.
Друга битна работа: Треба да имаш многу бодови (ако немаш 5,00 од средно, заборави на ИКИ - државна квота) од успех и од матура. Со вкупно бодови помалку од 94, има големи шанси да не те примат во државна квота, пошо таму се запишуваат најдобрите матуранти. А ИНФО мислам дека нема државна квота, само приватна.
 
Со сета должна почит кон сите што се на Инфо, ама ако не ти се учи многу,многу, а сакаш да студираш на електро оди на Инфо! Ако си спремен да си го потиш газот 24 саати дневно(и кога спиеш ќе се потиш, не само кога учиш :icon_lol:), избери Ики,Ксиа.... Цимерот ми е на Инфо, јас сум на Ики. Човекот книга нема чепнато сеуште, пред прв колоквиум разгледуваше ден-два програмирање, математика слабо му оди, а се положи на прв колоквиум. Според неговите кажувања, само 10 поени му требале да извади за да положи(не знам по кој предмет). Притоа, цимер не ми е Питагора, а и не е член на Менса.

п.с. Уште еднаш ќе пишам, не омаловажувам никого од Инфо, за тие што сакаат и таму има мноогу работа, ама ако некој сака да дојде на факултет и така да се `провлекува` низ испитите далеку поголеми му се шансите да заврши на Инфо, додека на останативе смерови му се минимални(никакви)!
 
Мене не ми се проблем ниту математиката ниту програмирањето. Ме интересира која е рапазликата меќу дипломиран инженер по електротехника и соодветната струка Дипломиран инженер по информатика. Значи што можеш да работиш одкако ке завршиш на ИКИ а што на ИНфО и дали е точно тоа дека доколку завршеш на ИНФО можеш полесно да најдеш работа.
 
одкако ќе завршиш ИНФО си послаб по диплома од ИКИ (по диплома), али затоа се зима 4та година на Штуловиот универзитет у Тетово, ти ги принаваат 90% од предметите (пошо ти у трета си ги положил а таму у четврта се учат) и полагаш само 2-3 предмета и после моеш да идеш на магистарски на електро и исто ви е магистарското знање ко со ИКИ + повеќе ќе знаеш него ИКИ во полето на софтверот, софтверска технологија и програмирање.
 
Ти фаќала црпката за програмирање. Јас кога дојдов на електро знаев само дека С постои како јазик, а незнаев ни printf што значи, не па за нешто посложено. И факт е дека ако си научил да размислуваш како што треба за решавање на проблемите, лесно се прилагодуваш кон другите јазици и синтакси. Потешкиот дел е да смислиш како ќе го решиш проблемот, а за тоа треба да ти фаќа кликерот и се разбира, да вежбаш.

А за Инфо да, ја укинаа од оваа година државната квота поради големиот интерес.

Со сета должна почит кон сите што се на Инфо, ама ако не ти се учи многу,многу, а сакаш да студираш на електро оди на Инфо! Ако си спремен да си го потиш газот 24 саати дневно(и кога спиеш ќе се потиш, не само кога учиш :icon_lol:), избери Ики,Ксиа.... Цимерот ми е на Инфо, јас сум на Ики. Човекот книга нема чепнато сеуште, пред прв колоквиум разгледуваше ден-два програмирање, математика слабо му оди, а се положи на прв колоквиум. Според неговите кажувања, само 10 поени му требале да извади за да положи(не знам по кој предмет). Притоа, цимер не ми е Питагора, а и не е член на Менса.

п.с. Уште еднаш ќе пишам, не омаловажувам никого од Инфо, за тие што сакаат и таму има мноогу работа, ама ако некој сака да дојде на факултет и така да се `провлекува` низ испитите далеку поголеми му се шансите да заврши на Инфо, додека на останативе смерови му се минимални(никакви)!

Тропаш глупости. Само тоа ќе ти кажам. Не за другарот и неговото учење, туку за 10те поени за да положел.

Мене не ми се проблем ниту математиката ниту програмирањето. Ме интересира која е рапазликата меќу дипломиран инженер по електротехника и соодветната струка Дипломиран инженер по информатика. Значи што можеш да работиш одкако ке завршиш на ИКИ а што на ИНфО и дали е точно тоа дека доколку завршеш на ИНФО можеш полесно да најдеш работа.

Нема полесно ни вака ни така. Работа нема за никој ако незнаеш да се снајдеш. Еден начин ти е да те бутнат со врски или покултурно кажано - препорака, но сепак треба да вредиш и да имаш знаење. Ги заболе за дипломата ако на тестирањето се покажеш како мутле. Друг начин што се практикува е препорака од професор некој да добиеш за конкретно место. Пример ќе дојдат од Netcetera да речеме, и ќе отидат ќе се распрашаат кои ви се најдобрите студенти, и професорот нормално најдобрите ќе му ги препорача. Доста студенти знам вака што се вработиле.

Со други зборови, како ќе си се снајдеш. Ако чекаш на конкурс да добиеш работа... може и да не дочекаш. Малце места има секогаш, и претпоставувам дека ти е јасно кој ги граба тие места:)

одкако ќе завршиш ИНФО си послаб по диплома од ИКИ (по диплома), али затоа се зима 4та година на Штуловиот универзитет у Тетово, ти ги принаваат 90% од предметите (пошо ти у трета си ги положил а таму у четврта се учат) и полагаш само 2-3 предмета и после моеш да идеш на магистарски на електро и исто ви е магистарското знање ко со ИКИ + повеќе ќе знаеш него ИКИ во полето на софтверот, софтверска технологија и програмирање.

Хммм, вакви комбинации има еден куп, барем што слушам муабети. Втора сум за да кажам со сигурност, али според мене непотребно е со оглед на фактот што дипломата не е пресудна. Секој сака квалитетн кадар да вработи и од него да го извади максимумот, а не да вработи смотан со диплома. Така да и со ики и со инфо да си, пак ќе те примат ако стигнеш до тоа.

Верувам дека сите знаете дека кај и да идете на интервју за работа, ќе бидете на некој начин тестирани да видат како размислувате, како пристапувате кон решавање на проблемите и слично. Ова зборам за нашава струка, не за економисти и остали:)
 
Кај нас во Македонија сеуште важи она од до пред 20 години дека тригодишните студии се „капка во морето“ во однос на четиригодишните, така да веројатно во некои фирми сеуште постојат тие стереотипи: „Ај бе тие со вишо се“, „Не е исто со 4 години учење“ и сл.
 
значи не е проблем после дипломирање на ИНФО да се продолже на пост (или после, како и да се викат) дипломски студии? пошо ја имам слушнано дека на феит требало да има, ама не се одржувале или не знам шо..
 
Според постот гледам те интересира областа програмирање. И со двата смера ќе бидеш програмер, ама со кој подобар и поквалитетен.... Погледни го успехот што го постигнаа студентите од ФЕИТ пред неполн месец и со самото тоа што сите се од ИКИ , мислам дека ќе ти стане јасно...
http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/news/ieeextreme-2010.html
 
Тој Бојан Костадинов е (или беше) демонстратор по програмирање. Дечкото е ѕвер, има освоено високи места на неколку Електријади (едно второ мислам). А иначе и едниот и другиот смер да го завршиш, не значи дека ќе бидеш којзнае каков програмер. Тоа е веќе индивидуално.
 
значи не е проблем после дипломирање на ИНФО да се продолже на пост (или после, како и да се викат) дипломски студии? пошо ја имам слушнано дека на феит требало да има, ама не се одржувале или не знам шо..

Незнам да ти кажам со сигурност зашто сум зборел со неколку луѓе и сите ми рекоа не им е ни нив доволно јасно што и како стојат работите... Официјално мислам дека нема, али се прават разни комбинации со дозапишување предмети или нешто слично... Ти стигни до таму, па за постдипломски до тогаш сигурно ќе ја средат.

Според постот гледам те интересира областа програмирање. И со двата смера ќе бидеш програмер, ама со кој подобар и поквалитетен.... Погледни го успехот што го постигнаа студентите од ФЕИТ пред неполн месец и со самото тоа што сите се од ИКИ , мислам дека ќе ти стане јасно...
http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/news/ieeextreme-2010.html

Ај вака сега. Зашто мислиш дека натпреварите се некакво мерило? Океј, мерило се, ама кажуваат дека дечкото е најдобар од учесниците на натпреварот, а не од сите студенти во генерацијата!!!

Зашто? Епа постојат студенти како мене кои едноставно не се ни замараат со натпревари, и знаењето си го уновчуваат и активно си работат паралелно со студирањето. Се согласуваш? Не ми е предизвик да победам на натпревар. Поголем предизвик ми е да завршам некој проект што ќе ми донесе пари и се разбира, плус практично искуство во животот наместо да се замарам со школски примери.

И неможеш генерално да споредуваш дали ики или инфо се подобри, зашто прво на инфо се 40 студенти, а на ики се 200 и ако во инфо има 3 студенти што се со десетки да речеме или како сакаш избери ги, за да биде исти соодносот треба на ики да има 15 такви... Сепак глупи се споредбиве според мене.
 
За постдипломските за инфо, еве информација од прва рака и од професор.

1. Четврта година да земете на штулов тука во скопје, ќе ви помине како што разбрав како смешка после знаењето стекнато на електро, па после да се вратите уште една на Феит за магистратура и за диплома од феит да имате за м-р:)
2. Во штип да ја поминете четвртата година, па магистратурата исто како и претходниот случај.

Првата е поедноставна но поскапа, втората е поефтина, али проблемот е што станува збор за Штип:) Инаку официјално за Инфо стоело 3+1+1 така да целосно легално и правилно е префрлањево и никој неможе да го скрати тоа:)
 
Информатика.
 
И јас морам да се надворзам во муабетов,јас бев математичко во гимназија,се префрлив во општествено ради друштво....програмирање знам паскал,математика никогаш не ми била проблем....и се мислам ИНФО или ИКИ,ама според тоа што имам прашувано ИНФО не чинело,а од друга страна чини,инфо се професионални тригодишни студии по инфроматика и се учи стриктно програмирање? И дали со ИКИ повеќе работни места има „отворени“ него со ИНФО т.е прашањето ми е дали со ИКИ имаш поголемо знаење во повеќе области во информатиката и инфо.технологии
 
Со ИКИ имаш повеќе знаење од областа физика и електротехника. Другото е исто. Ти претпоставувам со информатика и софтвер ќе се занимаваш?

А работни места за Ики и Инфо... непостои такво нешто. Работно место т.е. во огласот си пишува јасно што и каков инженер им треба, со какви познавања. Ако те бива и ако се покажеш добро на тестирањето ќе те примат, никој нема да ти рече дали си ики или инфо. И не заборавам "врски" за секаде требаат, само на помодерен начин се викаат препорака:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom