ИКИ или ИНФО?

  • Креатор на темата Креатор на темата acika92
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 декември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
1
Znaci vaka jas sum IV godina sredno i ucam el.teh. za KTA i sakam da prodolzam programiranje na FEIT, ama ne znam koj e podobar smer IKI ili INFO odnosno ako moze nekoj da mi kaze koja e razlikata megu ovie dva fakulteta, na koj sto se izucuva.... Znaci se sto znaete pozelno e da go napisete.
 
Доста грешки направи и за почетник, плус, отвораш тема на вечната препирка што е подобро, ИКИ или ИНФО. :) Имаш тема за електро факултет (прашај што сакаш) и имаш веб страна на факултетот (моментално не работи :pos:) каде што можеш да видиш на кој смер што предмети има.

И една напомена, електро не ти е само за да станеш програмер, поготово ИКИ и другите четиригодишни смерови :wink:
 
Коце учиш?
Ако сакаш да бидеш програмер и само програмер иди Инфо.Ики will fuck you up и ќе ragequit-неш крај на прв семестар.

ИКИ во прв семестар имаш

Математика,Електротехника,Физика,Структурно Програмирање У C и Англиски.
Ако си од Коце вториот колоквиум Електротехника треба да ти биде познат,Математиката и Физиката ќе ти бидат Пеколот али тој на Данте е walk in the park во споредба а програмирање од тебе зависи.
 
пошо и ја се мислам може некој асолно да пише а не дантевци мантевци :)
на инфо шо иам у прв семестар.. и што можам понатака да бидам односно предиспозиции од двата смера??
 
...и имаш веб страна на факултетот (моментално не работи :pos:)
Аххх пусти парадокси на електро.... Имаат 40 Мбпс интернет веќе со години, а сајтот им е поголемиот дел од времето паднат (и тоа најчесто кога највеќе ти треба: уписи, испитни сесии итн...), а уште потрагично е што во самите ФЛАОП простории нема интернет... Да си на електро и да немаш интернет. Now that's some fucked up shit!
 
Јас сум на ИНФО втора година и вака стојат работите.
На инфо се учат само практични работи, а не само програмиање како што милуваат да го наречат многу од ИКИ. Од нашиот смер исчистени се 2 физики, 2 електротехники и 2 математики помалце имаме. Се останато е исто. Зашто? Зашто инфо нема свои предмети. Трет семестар сум сега и од 5 предмети, 4 ги слушам заедно со ИКИ. Исто и е и за останатите семестри, си бираме предмети од ИКИ тоа што нас не интересира, тоа што сакаме да учиме, а не да не трујат со непотребни глупости.

Така да јас пак ќе речам, ако ти е помил животот, оди на Инфо. После диполомирањето, и од ИКИ и од ИНФО ќе работата на исто место во НАШАВА мила држава.

И дека предметите на ИКИ што се повеќе ќе ве развијат умствено или повеќе ќе размислување како инженери... ГЛУПОСТИ. Тоа се зависи од самата индивидуа, колку е паметна, напредна со паметот, колку ти фаќа кликерот и слично. И во инфо и во ики има поединци што се стварно таленти и што вредат капа да им симнеш. Исто така има и дебили кои ги положуваат предметите, а ќе останат дебили до крај на животот, нема да се снајдат за работа, и ќе си останат мутковци до крај на животот зашто немаат основна техничка култура и се тотално неписмени глупаци. Малку излив на емоции, ама ми се сере од такви студенти на електро што незнаат да си го форматираат сами компјутерот, што се чудат зашто .docx не им го отвара на Word 2003, што незнаат да снимат документ во .pdf, што незнаат да си ја сменат резолуцијата на мониторот, што незнаат да кракуваат игра.... Е да ми извинете, ама ова се работи што не се учат на факултет. Ако си мутав до овој степен, мутав и ќе си останеш. Омов закон ќе научиш што е и ќе положиш физика, ама што после со дипломата ако си дебил? Тажно е што вакви студенти ги има во добар број од двата смера (од ИКИ се повеќе зашто се побројни) и после се чудат како зимаат плата колку економист.

Ако ве интересира уште нешто, слободно прашајте, ќе ви објаснам зашто истава мака ја имав кога и јас се запишуваш.

А, да не заборавам само, на аудиторики вежби по Интернет програмиранје (предмет од втора година) ИНФО и ИКИ заедно го слушаме, и понапредните дечки од ИКИ, немаа појма што е HTML, ниту па знае каде и за што се служи. Епа стварно е срамота. Не треба да си оганичен само на факултетот, треба да се погледне малце лево и десно во животот. Срамно е електро инженер да нема појма што е HTML. Никој не побара код да куцаат, туку го спомнаа само како термин. Потрагичното е што голема група на студенти од ИКИ се надоврзаа дека никогаш не слушнале што е тоа HTML.
 
Со ИКИ си дипломиран електроинженер, а со ИНФО си дипломиран информатичар... +1 година мака, ама помило звучи првото :smir:

Иначе, на ИКИ, конкретно... Прва година имаш математика, електротехника, физика и Структурирано програмирање во С и С++. Математика ти е основата, ако во средно не ти идела најдобро, или недај боже не ти идела воопшто, со упис на ФЕИТ правиш животна грешка. Кое фајде ако имаш Математика како предмет прва и евентуално 2 година, кога до дипломска се ќе ти биде поврзано со неа. Друго, физика е еден од предметите кои се ставени со цел да се редуцира бројот на студенти. За ИКИ не е од некое суштинско значење, ама не би било лошо и да се совлада. Електротехника, колку и да викаат дека нема врска со ИКИ, покрај програмирањето и таа е основа за понатамошното студирање. Електрониката по подоцнежните семестри ќе биде надоградување на работеното по електротехника. А денес не е финтата да знеш да го искуцаш кодот туку и да го знаеш принципот на комјутерот/машината на кој/а работиш :toe: Најважно е тоа дека и да дипломираш на ФЕИТ не треба да значи дека си професионалец... Слично како што со читање го збогатуваш речникот, така и со проширување на знаењата од областа на пограмирањето ќе можеш да решаваш различни проблеми...
 
убаво разграничи членот над мене
да се надоврзам малку само
ако си сигурен дека сакаш да работиш нешто во областа на информатиката тогаш оди си ИНФО нема што да се замараш со други предмети кој нема да ти требаат
е сега ако не си сигурен што сакаш можеш да пробаш ИКИ/КСИА ќе бидеш електроинженер , ќе можеш да работиш и како информатичар и како електроинженер
 
suma sumarum
ако ти иде математика и сакаш да се замараш со физика и електротехника - ИКИ
ако си шупелка ко мене и сакаш стрикно програмирање(кое е на понапредно ниво него на ИКИ) и компјутерска техника (читај стофтвер) - ИНФО
(не значи дека ИНФО е полесно од ИКИ...далеку од тоа...само ако не ти иде математика - поарно е ИНФО...мада ѕрцките ќе ти ги извадат и таму и таму...ја сум на инфо и сме до интеграли, а ИКИ не се ни со изводи завршени)
 
Со ИКИ си дипломиран електроинженер, а со ИНФО си дипломиран информатичар... +1 година мака, ама помило звучи првото :smir:

Иначе, на ИКИ, конкретно... Прва година имаш математика, електротехника, физика и Структурирано програмирање во С и С++. Математика ти е основата, ако во средно не ти идела најдобро, или недај боже не ти идела воопшто, со упис на ФЕИТ правиш животна грешка. Кое фајде ако имаш Математика како предмет прва и евентуално 2 година, кога до дипломска се ќе ти биде поврзано со неа. Друго, физика е еден од предметите кои се ставени со цел да се редуцира бројот на студенти. За ИКИ не е од некое суштинско значење, ама не би било лошо и да се совлада. Електротехника, колку и да викаат дека нема врска со ИКИ, покрај програмирањето и таа е основа за понатамошното студирање. Електрониката по подоцнежните семестри ќе биде надоградување на работеното по електротехника. А денес не е финтата да знеш да го искуцаш кодот туку и да го знаеш принципот на комјутерот/машината на кој/а работиш :toe: Најважно е тоа дека и да дипломираш на ФЕИТ не треба да значи дека си професионалец... Слично како што со читање го збогатуваш речникот, така и со проширување на знаењата од областа на пограмирањето ќе можеш да решаваш различни проблеми...
Убаво разграничи, само мала техничка грешка имаш.
Не си дипломиран електроинженер, туку дипломиран инженер по електротехника и соодветната струка.
На ИНФО си дипломиран информатичар??? WTF??? Незнам кој го измислил ова. На Инфо си Дипломиран инженер по информатика. Ни фали тоа електротехника, али сепак сме инженери.

Ова болдираново не се учи на електротехника!!! Да не те разберат погрешно. Принципот на кој работи компјутерот т.е. магистрали, процесори и се останато од машинскиот дел, се учи на Компјутерски архитектури, а основа за тоа се Логичките кола и дискретни автоамти... Тој предмет го има на Инфо во прва година, двата се во еден зипувани, го проаѓаш убаво материјаталот, Тентов ти е професор (господ да ти е на помош) и ќе си сфатиш како функционираат нештата. Значи пак ќе речам, ова не се учи на електротехника! А се учи и на Инфо една/две години порано него на ИКИ.

И не се лажете дека ако не ви иде математика ќе поминете лесно на инфо. Прво и основно, цел факултет се базира на математика, во секој предмет ќе се најде математика, некои формули, интеграли, изводи, логаритми... И нема никој ниту да се потруди да ви ги објасни, зашто претпоставката е дека тоа се е веќе научено и совладано.
Така да ако несакате да си губите години од животот, не идете на електро. Сериозна работа е математиката и неможе туку така да ја откачите. Впрочем сите професорки по математика истото ќе ви го кажат во прва година, ако сте биле слаб или просечен ученик во средно, огромни се шансите да не положите математика. Истото важи и за јаки студенти што нема да го испотат гзот како што треба.
 
Јасно е дека не е електротехника куцање програмски кодови... Не знам кој сегашен или иден студент би го сватил тоа така. Електротехниката само дава основа за електрониката, а електрониката за подоцнежните курсеви што помагаат да се разбере начинот на кој функционира комјутерот. Штом го спомна веќе Тентов, мислам дека он е тој што кажал дека за да бидеш програмер можеш да завршиш и брз курс во Работнички, не мора да се замараш со Електро. А и обични `програмери` ги има многу. Во иднина ќе се бара да се познава и машината на која се работи, а не само синтаксата што се внесува.

Дипломиран инженер по електротехника на ИКИ и дипломиран инженер по информтика на ИНФО повторно не е исто. Инженер по информатика е само сегмент од титулата кај дипломираните на ИКИ.
 
Види, знам дека знаеш што е што, али на матурантите не им е ништо јасно. Напротив сега се во фаза кога се им е матно, од 8 страни им зборат различни теории, и незнаат што да слушаат се додека не изградат сопствен став. За жал тој став се гради додека си бруцош кога ќе видиш како функционираат нештата и како се одвива твоето школување, а како на колегите од другите смерови/факултети:)

Дотогаш си мислиш дека господ си го фатил за муда што си матурант, полагањето матура го доживуваш како нешто најстрашно во животот, си се тресел на тестови и писмени по македонски јазик... Али сите сме биле такви:) Сега кога ќе ја споредам тежината... Само осмех имам на лицето кога ќе ми текне како сме го доживувале средното образование.
 
Хаха потполно се согласувам. Матурата е гола вода во споедба со тоа што го чека матурантот во иднина, ама жално е што сите тоа го разбираме откако ќе го поминеме. :toe:
 
Ако не знаеш програмирање, не оди ни на ИКИ ни на ИНФО!
Што е со изјавиве? Ќе те разберат дека ако не е ИКИ или ИНФО може на КСИА да отидат и што после? Прва година за сите е иста (освен ИНФО). Кај и да отидат мора С и С++ да ги научат. Ради овие два предмети тапкаат во место еден куп студенти. Ако е скаран со програмирање нека седи дома и нека учи да поправа телевизори. Нема трето. Основни се математика и програмирање да ги разбира секој студент.

Немојте вака нецелосни постови, само потешко им правите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom