Идните студенти да избираат професии со разум, а не со срце !?!

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување
Да бирав со срце, сега ќе миев садови дома и ќе размислував за Сократ и Платон:)
Среќа, бирав со памет, а мојата логика беше ваква: Правник можам да бидам во приватна фима, или сама адвокат, или нотар, или извршител или судија, или стручен соработник, или приправник или консултатнт.
Со филозофија требаше да чекам да умре проферот па јас да се вработам:) И така ден денеска со срце ќе си миев садови дома, немаше ништо да видам ни кеш да имам, ништо буквално. А во слободно време моето срце го полнам со филозофски книги. Сепак, стомакот си кажува, мораш да јадеш.
А ако си доволно паметен, ќе научиш да сакаш и тоа што не ти било омилено. Јас на пример не отидов на ПМФ оти немаше шанси да го засакам. Ама правото можев, и го засакав.
 
јас бирав со ум.....не се времињата ко порано :)
сакав едно :) се запишав на друго...денес се гледа тоа што е дефицит на пазарот на трудот...
а да се погоди тоа што се бара на пазарот на трудот со тоа што го сакаш .) е тоа е БИНГО.....:)
 
Верувам дека и „умот“ и „срцето“ би требало да ја одредат идната професија. Оттаму, јас лично, не би го трошел животот во високо образовни институции, каде што не се пронаоѓам, со надеж дека ќе најдам барем работа. Во тој случај, немаше ни да студирам.
 
Одбрал не одбрал завршил не завршил исто ти се фаќа, и онака доаѓа период кај што ќе паднат критериумите образование глупости.
--- надополнето: Jul 5, 2011 3:01 PM ---
А не може секој програмер да биде, инаку надалеку фалена овде академија има кај нас можеби сте слушнале од фабрика која што прави роботи газда е олигарх поранешен комунистички директор, татко на министер за странски инвестиции небитно, таа академија од три тешки напорни циклуси на семинари само двајца луѓе има одбрано. Останатите со среќа дипломата и знаењето компјутерски програмер да си го имаат (над стотина луѓе сигурно).

Абе не се тие класични програмери.......... тие се вундеркиндови !
Инаку компанијата се вика Микросам и е наша гордост, најпознатиот македонски бренд !

http://www.mikrosam.com/
 
Со срце, дефинитивно. Преку глава ми е од исфорсирани врсници кои прават така како што ќе им кажат од дома. "Јас сакав на правен, ама моите ме натераа да идам на машински". Кој кур барам на факултет на којшто не ми е кеиф да учам, не ме интересира тоа, не ме влече, не сум бил заинтересиран за таа област уште од порано, не го правам со љубов? Исто така и голем проблем е што во нашава земја има многу луѓе што не знаат што сакаат со животот, ништо не ги интересира, едноставно не знаат што сакаат да бидат(ми се гади од таквите), па ќе отидат на правен или лингвистика само онака, пошо таму идат сите или поради тоа што е лесно.
 
Работата испаѓа угоре високо удолу длабоко. Ако избериш со срце и на крај да си останиш само со срцето, срцето ќе те фати кога ќе немаш леб да јадеш. А ако избериш со разум, тогаш тешко веројатно дека ќе завршиш ако не ти одат математики, физики и слично,па или врски ќе треба да бараш или со другарот Мито ќе се дружиш како што ни функционираат работите во државава. И на крај БЛАЗЕ оној кој ќе те земe да му работиш во фирма.Значи, изборот со разум, а не со срце = неквалитетни кадри.
 
Незнам со што ќе избирам само знам дека ништо незнам за што ме бидува.
Ме интересира дали може да одам некаде и да ме тестират или шотизнам некоја процедура и да ми кажат за што ме бидува и на што тие би ми препорачале да се запишам.(вакво нешто мислам дека има во словенија за основците кога требе да идат средно)
 
А да се истестират прво тие што предават не ќе биде лошо и да се види што се учи кој безврска предмети се учат а оние што би котристеле во пракса ги нема во програмата
 
Јас се запишав таму оти другарите таму одеа да се запишат.

А и јадевме пред продавниче сендвич со пола леб вегета и салама со вкус на лук.
 
Јас се запишав таму оти другарите таму одеа да се запишат.

А и јадевме пред продавниче сендвич со пола леб вегета и салама со вкус на лук.

Факултет Кооперација, заборави да спомнеш ракијата, а може и уште студираш па не си стигнат до тој испит
 
Факултет Кооперација, заборави да спомнеш ракијата, а може и уште студираш па не си стигнат до тој испит

Тоа бше едно уличе подолу од факултетот кај што студирав јас.
 
Незнам со што ќе избирам само знам дека ништо незнам за што ме бидува.
Ме интересира дали може да одам некаде и да ме тестират или шотизнам некоја процедура и да ми кажат за што ме бидува и на што тие би ми препорачале да се запишам.(вакво нешто мислам дека има во словенија за основците кога требе да идат средно)
Има и бесплатно е. Секој петок во 12.
 
Живи глупости. Да работам нешто што се бара а не нешто што го сакам. Ако не ми понудат тука работа со она што го сакам, имам право да си одам од земјава.
Нема да ги задржат младите умови со вакви глупости - професии со разум, не со срце.
Ќе ги задржат ако помогнат во овозможувањето повеќе работни места за одредени професии.

Воопшто не се живи глупости. Мислиш секој има пари да отиде надвор од државава, м?
Не, не можеме сите да си дозволиме ако не најдеме тука работа среќата во странство да си ја бараме. И јас уште од мала сонував дека ќе бидам професор по англиски ама на крај испадна дека ќе се запишувам на ПМФ т.е по ново ФИНКИ. Убаво пиша Д_Лејди, не бира срцето, стомакот бира.
 
Не се прајте многу паметни, и изберете си некој факултет што ке ви донесе паричка.
Треба по мене, 80% од одлуката да ви биде донесена врз база на разум 20% врз база на "срце".
Значи на прв план гледаш каде најмногу имаш шанса во животот да си обезбедиш финансии, и после гледаш колку тоа тебе ти се допаѓа.
А тоа што се правдате дека не можете да учите математики, физики бла бла, јас ке ви кажам дека се се учи само треба да се седне и да се загрее столица. Не е потребен таленд или она "да ме влече струката ". Вежбање 90% талент 10%, тоа е патот до успехот.
Јас кога можем од средно економско да отидам на Машински, затоа што гледам дека милион диполомирани економисти дремат по дома или се кафекувари/ки некаде во некој кафич, па не сум будала јас да идам на тој факултет кај што цела Македонија ми е конкуренција. И пази, ке се изгрбавам од учење на економски за што??? За некој мамин или татин што земал платена диплома со два грама памет да ми биде директор т.е над мене. Е па неможе тоа така.
Затоа сега ми остана уште еден испит во август и чао бамбини, си идам во Метју, Контролс еве сега се градат и нови фабрики таму и ке имам сигурно добра работа, можност за унапредување и добра плата. А вие со економскиот јес да има добри фуфици што идат на 15ка штикли со подпичњаци на факултет ама тие си бараат паричка,а ако немате малку пари да ставите на нечија жиро сметка затоа што така на тој некој му прднало нема да завршите и откако ке завршите поголемиот процент од вас не викам сите ке мерите улици или ке бидете келнери некаде. А јас ке ја имам паричката со оваа професија така да јас сум во win win ситуација, сум сигурен дека со помош на Машинскиот факултет ке си овозможам стабилни финансиски примања во животот.
 
Воопшто не се живи глупости. Мислиш секој има пари да отиде надвор од државава, м?
Не, не можеме сите да си дозволиме ако не најдеме тука работа среќата во странство да си ја бараме. И јас уште од мала сонував дека ќе бидам професор по англиски ама на крај испадна дека ќе се запишувам на ПМФ т.е по ново ФИНКИ. Убаво пиша Д_Лејди, не бира срцето, стомакот бира.
Ако те бива за учење, имаш премногу стипендии. Не може на тацна сама да ти дојде приликата. Можеш да побараш, да се потрудиш и ќе најдеш, не една, туку повеќе шанси.
Јас нема да си дозволам немоќта на државата да ме принуди да работам нешто што не ми е при срце.
Со дипломата од аналитичка биохемија во државава можам газот да си го изберам, ама го сакам тоа и ќе го работам тоа, само не овде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom