Идните студенти да избираат професии со разум, а не со срце !?!

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување
Со дипломата од аналитичка биохемија во државава можам газот да си го изберам, ама го сакам тоа и ќе го работам тоа, само не овде.
Добар избор ако планираш да одиш на страна, хемиски инженери се меѓу најдобро платени низ светов а посебно во САД :)

да не испадне дека зборам безврска еве и линк колку заработуваат во просек тазе дипломирани кадри (без минута работно искуство ) во САД :)
 
Со дипломата од аналитичка биохемија во државава можам газот да си го изберам, ама го сакам тоа и ќе го работам тоа, само не овде.
Мислам дека кај нас допрва ќе има работа за биохемичари. Се отвараат фарми, земјоделските капацитети ќе се укрупнуваат, стандардите од ЕУ ќе бараат лаборатории во секоја фирма што се занимава со производство на преработена храна. Алкалоид работи одлично, се отвараат странски приватни болници кои ќе се р'ваат едни со други и по помалите места... Викам, не е воопшто безперспективна диплома.

Е, сеа, ако сакаш да работиш у хај-левел-рисрч-лаб, на хај-баџет-хуман-импакт-проџектс, тогаш грабај тоа хромот и барај евтина карта у еден правец ;)
 
Ако те бива за учење, имаш премногу стипендии. Не може на тацна сама да ти дојде приликата. Можеш да побараш, да се потрудиш и ќе најдеш, не една, туку повеќе шанси.
Јас нема да си дозволам немоќта на државата да ме принуди да работам нешто што не ми е при срце.
Со дипломата од аналитичка биохемија во државава можам газот да си го изберам, ама го сакам тоа и ќе го работам тоа, само не овде.
Со хемијата секаде има работа и се бара. Така да и не е толку за газо да си го избришеш. Е сега дипломата ке ти отвори врата во некоја фабрика, ама кариерата ке ја градиш со сопствените потези и угледот твој во очите на колегите ке го стекнеш со тек на работењето и посветеноста кон работата..
 
Искрено, немам време за чекање, од ко ќе завршам уште 5 години да работам нешто кое нема да ми биде по струка за да им текне да почнат да вработуваат. Сега, биохемичар може да се вработи само во некоја од лабораториите и за тоа треба да има многу јак грб, многу пријатели...

Да се вработам ја во Алкалоид - пф, заеби странство. Ама практично невозможни се убави работни места какви што веќе се нудат во странство.

Има иднина да, ама не можам и не сакам да ја чекам :)
 
Јас сум на политички. И не избрав со книшка. Гласајте за Даркинг, број 69.
 
Искрено, немам време за чекање, од ко ќе завршам уште 5 години да работам нешто кое нема да ми биде по струка за да им текне да почнат да вработуваат. Сега, биохемичар може да се вработи само во некоја од лабораториите и за тоа треба да има многу јак грб, многу пријатели...

Да се вработам ја во Алкалоид - пф, заеби странство. Ама практично невозможни се убави работни места какви што веќе се нудат во странство.

Има иднина да, ама не можам и не сакам да ја чекам :)
Имаш избор. Макпетрол, Окта, Џонсон Метју, Алкалоид, крим техника, Пивара, што знам сега не ми текнуваат уште, овие ми се најпознати,не знам Охис како работат, и сите хемичари зимаат убава плата за наш стандард. Но зависи ти на какво ниво си го кренал критериумот за добра плата, и зависи ти какви цели имаш поставено пред себе. Ако си решил шибај во странство, ако мислиш дека би бил задоволен и ако тоа е твојата визија за твојата кариера.
--- надополнето: Jul 7, 2011 11:46 PM ---

Поднеси CV во секоја од овие, една сигурно ке упали. Или па барај врски во некоја од овие, ако мислиш дека можеби имаш.
 
Тоа е финтата. И да поднесеш CV на интервју ако немаш јак грб, нишо не прајш.
Убава плата е, ама тешко се влага. А не е финтата со врски, со пријатели... Ако си квалификуван, топ. Ако не - чао пријатно.
 
Како прво, мене малку ретардирано ми е министер на матуранти да им се обрати и да им вика да бираат разумни факултети. Пор ке? Треба оваа држава штом отворила таков факултет да се стреми да инвестира во такви фирми, организации или што и да е за да се развие таа насока.
На пример некој нема талент многу за учење теории ама го бива за сите можни спортови и сака да биде тренер кога ќе заврши. Зошто да не се инвестира во спортот и да и се дозволи на единката да успее? Ова само како пример го зедов, можете било која професија да ја ставите.
Знам дека некои професии имат недостиг од кадри, кај мене на електро во прва година се запишаа само 20 на електроенергетика од кои 21 имаат стипендии од ЕВН и ги собраа летово на пракси таму. Ама не му оди на секој тоа.
 
Избрав најдеградирана професија, тотално не популарна меѓу студентите, применета хемија (читај само 4 студенти), ама си ја избрав од срце, пошто ептен добра програма има, се учат предмети што се еквивалентни со предмети што се слушаат на реномирани универзитети. И не се кајам, тешко е, многу физика и многу математика, ама нуди огромни можности за вработување.
 
Значи ти и покрај тоа што си избрал со срце си избрал и со разум бидејки си размислувал и за твојата кариера и побарувачката на таков кадар како и примањата кои можеш да ги стекнеш.
Јас не сакам да ве убедувам да идете на технички факултет, крај краева за мене е подобро ако идете на економски, правен или некој друг општествен, што помалку Машинци тоа помала конкуренција така?
 
Тодоров очигледно своето образование си го бирал со разум... работно место Министер за образование и наука со завршен Правен факултет.
Претходно работел како неизвршен директор на ГТЦ-Скопје, Катастар, надзорен одбор на Водовод и Канализација. А започнал како приправник на истражен судија.
Шест години по дипломирањето станува Министер.
Господине Тодоров, бидејќи Вие своето образование сте го бирале со разум, дали може да очекуваме дека сите со завршен Правен факултет можат да имаат ваква вртоглава кариера која е крунисана со министерско место? Или 99% од нив ќе завршат на вашата прва пишлива функција која сте ја работеле, или полошо?
Вие со вашите 32 години и со вашето CV денес сте газда над Универзитетите и МАНУ...
Солење памет... лицемери едни... Вие ли ќе ни ја одбирате нашата иднина???
Излагате на прес и лупате глупости... наместо да направите систем кој ќе ги насочува децата по нивните афинитети, по нивните таленти, по нивните способности од најмала возраст. Да ги обучите учителите, наставниците и професорите дека со ѕвонење на школското ѕвонче не им завршува работното време - туку допрва им почнува. Да ги натерате да комуницираат со децата, да им помагаат, да ги охрабруваат да ги препознаваат квалитетните и да ги препорачуваат на правите места.
Наместо да ги свикувате новинарите и да јадете бурек, да го конструирате образовниот систем така што најдобрите ќе испливуваат на површина, професорите заедно со студентите ќе истражуваат и ќе се натпреваруваат на меѓународно ниво. Да направите систем кој ќе ги охрабрува учениците да го покажуваат своето знаење, наместо да се чувствуваат отфрлено и изолирано од науката.
Ништо не сте направиле со тоа што сте излегле на прес и сте извршиле дадена наредба да соопштите дека ни требаат повеќе инженери, механичари, програмери и градежници само затоа што во земјава инвестирале Џонсон Мети и Контролс.
Вие сте дел од проблемот, што 90% од средношколците се запишуваат на факултет... Вие ќе бидете виновни кога утре и на оние што знаат и на оние што незнаат дипломите ќе им бидат исти... Вие континуирано ни ги поткопувате нашите дипломи со тоа што од Македонија сакате да направите илузија на „умна“ „просперитетна“ и „учена“ земја во која и ќоро и сакато ќе има факултетска диплома. Со што тогаш ќе се одделат квалитетните од неквалитетните кадри? Не гледате ли дека целиот систем го гурате во амбис?
Не нудите како инвестициски рај, а всушност цел свет ни се смее затоа што се живо и диво се запишува на факултет... со надеж дека еден ден ќе седне во вашата министерска фотелја. Вие ја направивте таа илузија... живејте со тоа... ако можете.
Затоа господине Тодоров, немојте да кажувате срања во кои ни сами не верувате... Да идам на Електро затоа што ако завршам Филозофија нема да имам работа... Срамота и грев е тоа да доаѓа од Министер... посебно министер за НАУКА. Вие и вашите колеги сте тие кои треба да ни створите клима за јас да студирам тоа што го сакам... а не тоа што го сакате Вие.
Токму спротивно од Вашата навредлива теза господине Тодоров... денес на Македонија насушно им се потребни што е можно поквалитетни правници кои ќе судат по словото на законот а не по симболот на партијата, денеска ни се потребни како светлина квалитетни новинари да не ослободат од Вашиот информативен мрак - бескрупулозно да трагаат по вистината и да ги разоткриваат валканиците кои ги прават оние кои „ја бираат професијата со разумот“, денеска ни се неопходни историчари кои ќе ја прикажат историјата онака како што е, а не по нарачка и онака како што Ви одговара, на земјава им се потребни философи, социолози, комуниколози кои ќе претставуваат новата критичка маса која одамна не постои во Македонија, на земјава и тоа како им се потребни нови и квалитетни педагози кои со страст и со срце ќе работат со младината и правилно ќе ја насочуваат во нивниот живот. Најпосле денеска ни се потребни најкалитетната класа на поликолози за да Ве заменат токму Вас, вие кои сте ја одбирале вашата „професија“ со умот а не со срцето.
Идиоти едни невоспитани и необразовани.
Да ти се плукнам во демократијата...
 
човече, ме заболе што рекол министерот тодоров...демек работата била до тоа што немало кадри од потребните профили, па поради тоа...седат лугето без работа....пфффф
 
Мала попрафка, студентите избираат професии со родители не со разум или срце.
Мама кажала дека економистите се најплатени (1 од 20 000 шо се запишуваат годишно можеби) па ајде на економија.
Избрав Физиотерапија, сметам дека секогаш ќе има работа за физикални тераписти - неможе машини или било што да ја замени работата во иднината. Кај нас многу мал кадар на дипломирани физиотерапефти има и е бајаги просперитетна професија , особено со постдипломските опции.
 
Господинот Никола Тодоров е нов Министер за здравство. Ете што се случува кога професијата се бира со разум.

Значи да повториме уште еднаш: Приправник на истражен судија > Неизвршен директор на ГТЦ - Скопје > Катастар > надзорен одбор на ЈП Водовод и Канализација > Министер за обазование и наука > Министер за здравство... Сето тоа со завршен Правен факултет...
...затоа деца бирајте школо со разум, а не како господинот Тодоров, па цел живот да менувате функции и професионални области...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom