И што сега по коалицирањето со ДУИ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Возраст
38
Најпрво јас лично сум против оваа коалиција.

Значи што мислите дека ќе се случува од сега па натаму дури трае оваа коалиција:

Дали Македонија ќе се федерализира?

Дали Македонија ќе се распадне?

Дали Македонија ќе го мени името?

Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?

Дали во Македонија ќе биде подобро?

Односно кои се вашите мислења за оваа коалиција?
 
Македонија е веќе федерализирана...
Македонија не може да се распадне, може само некој нејзин дел да биде поробен...
Македонија не го добила името од кумот, па да може некоја будала да го мени...
Македонија нема да ја примат во нато и еу со никоја коалиција...
Полошо не може да биде, значи ќе биде подобро...
Оваа коалиција е вештачка творба, а власта е марионета на американците...
 
Најпрво јас лично сум против оваа коалиција.

Значи што мислите дека ќе се случува од сега па натаму дури трае оваа коалиција:

Дали Македонија ќе се федерализира?

Дали Македонија ќе се распадне?

Дали Македонија ќе го мени името?

Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?

Дали во Македонија ќе биде подобро?

Односно кои се вашите мислења за оваа коалиција?

Федерализацијата е одамна започната, сега само актиовно продолжува.

Нема да се распадне, нема потреба, ќе биде дводомна држава.

Името е променето, се чека аферим од парламентот.

Ќе влезе во НАТО, ама не како Македонија.

нема да биде подобро, никогаш не е добро во мрак и под ропство, под окупација на туѓински елементи и одродници.

Мислам дека е коалицијата одамна подготвена, по однапред подготвено сценарио, уште пред 2006 година, со цел доуништување на македонското во Макеоднија и де јуре федерализација.

Што всушност не ја прави лоша коалиција, туку само немакедонска.


П.С. едниствена придобивка гледам само во политичката елиминација на газда Б.Ц., но неговата елиминација не е доволна за амнестирање на федерализацијата на мојата татковина и нејзино санстефанствување.
 
П.С. едниствена придобивка гледам само во политичката елиминација на газда Б.Ц., но неговата елиминација не е доволна за амнестирање на федерализацијата на мојата татковина и нејзино санстефанствување.

Навистина очекуваш да дојде до такво нешто?
 
Дали Македонија ќе се федерализира?

prvo toa

Дали Македонија ќе се распадне?

za zal da !

Дали Македонија ќе го мени името?

ekspres !

Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?

nema da vleze !

Дали во Македонија ќе биде подобро?

Ne !

realno zalno no toa e toa :smir:
 
абе да сме здрави и живи... само напред ВМРО и ДУИ... нека бидат поблиску до нивната цел! Македонија на Македонците!
 
Ако се дигне Албанскиот на државен како што најавува ДУИ тогаш знаеме дека федерализацијата веќе офицјално започнува.
 
Дали Македонија ќе се федерализира?
Точно, одамна е почната федерализацијата, сега ќе се официјализира.
Дали Македонија ќе се распадне?
Не, нема да се распадне, туку делот западно од Вардар, ќе се отцепи од државата. Останатиот дел, можеби ќе фигурира како мртовец на Балканот и во Европа, или ќе стане протекторат на НАТО (што за мене е поверојатно).
Дали Македонија ќе го мени името?
Како и да излезе, решението ќе биде поволно за Грција.
Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?
Во ЕУ нема да влезе никогаш, со било која коалиција. Во НАТО е поверојатно, но откако ќе се отцепи западниот дел.
Дали во Македонија ќе биде подобро?
Не, во никој случај, ќе биде полошо во сите сектори од општеството, економија, безбедност, здравство, образование...
Односно кои се вашите мислења за оваа коалиција?
Оваа предавничка коалиција ќе финализира отпочнати анти - македонски проекти. Поради оваа коалиција, Никола Груевски ќе замине на буништето на историјата, како најнеуспешен премиер, и покрај најголемата доверба дадена од народот.
 
Абе ајде во заблуда сте , со оваа коалиција :

Дали Македонија ќе се федерализира?
Да со егејска и пиринска Грбугарија

Дали Македонија ќе се распадне?
не , барем додека не стигнеме до Египет ,иако некој му го пуши на фараонот АЉИОН

Дали Македонија ќе го мени името?
да во АЉЕКСАНДРИЈА

Дали Македонија со оваа коалиција ќе влезе во ЕУ и НАТО?
само преку анус , пошто Самонаркози и ООООООО,ООООБА МА МА , ке го сошијат љумферот и за ЕУ и за НАТО


Дали во Македонија ќе биде подобро?
Нормало , кога ке и влеземе на ЕУ низ анус , онакви цели посрани ,имаме право колективно да земеме шизо тапии, и да цепаме инвалидски пензии,че не научит АЉИИИИИИ

Аљи , аљи ,аљи аљи шо се овој Грујо шаљи
није добар Мендух Тачи,
није добар Имер Селман,
што је добро што ни треба
прст у дупе и шизо перман.

:costumed2 за татковината со Аљи-паљиииииии:violent1::violent1::pishtoldz :pred:
 
Претпоставувам дека членството и симпатизерите на ДПМНЕ се разочарани -- се случи она што за многумина, па и за самиот лидер на партијата, пред две години беше неприфатливо -- од одлуката на мандатарот да ја повика ДУИ во владината коалиција.

Меѓутоа, Груевски, очигледно, немаше желба да ја повтори грешката од 2006 година. Сите се сеќаваме со што се' резултираше одлуката на Груевски да коалицира до ДПА.

Исто така, во прилог на оваа одлука се (пред)изборните инциденти за кои се сметаше дека главен виновник е ДПА и меѓународниот притисок за стабилен и владин партнер кој не го предизвикал (пред)изборното насилство.

Да бидеме објективни, сеедно колку не ни се допаѓа она што ни е пред очи, помалку разумна ќе беше коалицијата ДПМНЕ-ДПА.

Што сега? Живот и акција за подобро утре. Не ни завлегувам во црнилата кои ги спомнувате. Кој работи против Македонија, фдерализација, примена на името, итн. - ќе се справуваме со него. Никој нема да остане неказнет.
 
Можеби успехот на Груевски се должи токму на нетипичното однесување и реагирање во дадени „тешки“ ситуации.. досега одигра добро што мора да се признае.

Е тоа ДУИ сите се со малку поднаведната глава иако и Владата уште е неформирана, но нема бегање од фактите, пред нив и боговите молчат. Знам дека во моментов нема човек што сака да му биде во кожата на Груевски, но тоа самиот си го сакаше, за тоа е и платен на крајот на краиштата.

Но, му верувам.. мислам дека повторно ќе ги изигра правите потези во право време!

Ајде со ред,

Жешките прашања погоре наведени однапред беше расчистено дека нема да се отвараат ниту за јазик, ниту за регионализација и спојувањето на териториите од западна македонија, некој можеби ќе рече ставање на ѓубрето под тепих но мене ми личи на дабивање на простор за маневар во иднина..

Со името,
по последната средба со Нимиц јасно е дека му е дадено на знаење дека ќе бидеме принципиелни и дека воопшто не треба ни да се размислува за отстапки за работи што за нас се свети.. му беше кажано дека ќе го жртвуваме и НАТО и ЕУ ако треба по цена да го зачуваме нашиот идентитет!.. исто му било кажано и повторено за прашањето на Егејците.. со оглед дека Грција сеуште има тесно парламентарно мнозинство и дека следната година има избори за пратеници во Европарламентот, по дефиниција ова значи дека преговорите ќе ТРАААТ, а компромис нема на повидок барем уште некоја година.
 
Сибавме векот, продадовме на ѓаволот и се друго што оди со истото.
Но Мисирков убаво објасни, брејнбаг надополна.
Нужна беше оваа коалиција, на никој од нас не му е по кеиф, ама тоа е кое е. Немаше баш некоја друга алтернатива. И со 2/3 мнозинство, да се средат некои работи.
 
Главната игра не е Македонија.
Ние сме меѓу фаза за нешто поголемо.
 
Нормално е тоа славјански.. Ти текнува на луѓето со транспаренти. Македонија не е веќе независна?
Кога била бе чоек. Никогаш. И која држава е воопшто независна?
Сите сме во рубикова коцка некоја.. Ама да видиме кој ќе ја реши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom