И јас тебе те сакам, ама не баш

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм..
Сепак, ситуацијата кога некој ти кажува дека те сака, а да не му вратиш ништо е малце непријатна, глупа...

А да му вратиш, а да не го мислиш тоа? Евентуално ќе излезе на површина дека не си мислела, преку самите постапки, однесувањето, и сите оние мали, слатки ситници, кои ти сигурно НЕ би ги правела за некого што не го сакаш. А колку подоцна дознае, толку поболно.
 
Хмм..
Не се разбираме изглеа.
Зборам кога си кажуваш дека сакаш некого а делот *не баш* го помислуваш во себе.
Сепак, ситуацијата кога некој ти кажува дека те сака, а да не му вратиш ништо е малце непријатна, глупа..
Затоа ме интересира дали за да се избегне оваа ситуација ви се десило да кажете дека сакате некого, или пак секогаш кога кажувате дека сакате некого навистина го мислите тоа?

Во ваква ситуација најдобро е да и се кажи на партнерот/партнерката да не ги кажува тие зборчиња, се додека јас не сум сигурен/сигурна за моите чувства кон неа/него. Ако тој/таа ме сака а јас не сум сигурен/сигурна, ништо добро од тоа нема да излези. Затоа, од искрено нема подобро, посебно ако сакаш да оди врската кон нешто.
 
Сум кажувал кога мислам а и кога не мислам, се ми кажувале кога мислеле а и не.
Мање-битно.
Излишно ќе делува, ама делата обично зборат.
 
Кажав 1-2 пати, на првиот. Не беа искрени, ама бев позелена од сега.
Сега, размислувам 5 пати, 1 кажувам:vozbud:
 
Крусер, со сета должна почит кон тебе, како помала и сигурно помалку искусна од тебе, те молам да ми објасниш каков доказ би требало да се добие после првата проверка во кревет? Возвратена љубов???
Да не потврдувам милион примери кои секојневно успешно сексуално општат без никакви посебни емоции меѓу нив. Од друга страна знам 2-3 живи примери на кои сексот со личноста со која имале најсилни емоции најслабо им идел.
Веројатно не поистовети фидбек на љубов со фидбек на страст. Нешто јас погрешно да не сфатив?

Прва успешна ноќ во кревет = има шанси за втора.
Втора успешна ноќ/ден во кревет = има шанси за трета.
Итн.

Љубовта е во меѓувреме: дали оваа личност со која сум спиел/а заслужува да ѝ посветам повеќе внимание, дали заслужува цвеќе, да му/ѝ се зготви нешто ако е уморен/на, да му/ѝ се купи нешто чисто онака, дали ми значи сексот со оваа личност до толку, за да го имаме пак, дали да му/ѝ удоволам повеќе поради тоа, бидејќи го сакам ова што го имаме...

Зашто сето тоа троши време, енергија и ресурси (читај: пари). Ако човек одлучил дека само сексот му/ѝ е значаен, само на тоа ќе ја насочи целата своја енергија и, нормално, ќе го развие до перфекција (колку повеќе во нешто вложуваш, толку повеќе го развиваш). Ако и двата партнери се фокусирани чисто и само на секс, без да мислат на некакви заеднички активности, ќе си одговараат перфектно: „Здраво“ „Здраво“ *секс* „Чао“ „Чао“ и никаква друга комуникација, зашто не им треба - физиолошката потреба е задоволена, а останатите потреби (храна, стан, друштво, пари, работа...) ќе си ги задоволуваат на страна.

Обично, меѓутоа (барем онолку колку што јас знам), ако човек има секс со некого/-ја, се појавува подлабока врска. Колку што се троши енергија за да се стаса до сексот, барем уште толку (ако не и повеќе) треба да се потроши за таа врска да се раскине. Бидејќи сексот не е директно изводлив (треба барање на ситуација, па согласност од двата партнери, т.е. молење, па соблекување, па техники на сексуално општење итн.), побарува енергија за да се изведе. Па од чисто материјални причини, ако човек го цени своето време, ќе го цени и парнтерот со кого имал секс. Затоа, меѓу другото, ако човек има повеќе сексуални партнери, а е возрасен, на него се гледа со доза на почит: станува збор за успешен менаџер на своето време, ресурси и луѓе. Не сите се толку способни. Мислам дека времето е такво што ова важи и за мажите и за жените.



Дигресијава служеше за следново: ако човек има секс со некого, не е точно дека тој својот сексуален партнер „го сака, ама не баш“ - тој со него остварил подлабока врска, сакал-нејќел. И затоа машките се фалат ако успеале да се посексаат со некоја девојка: од неа добиле подлабока љубов од обично, барем во тоа кратко време додека се сексале со неа. Ова за жените не знам дали важи, бидејќи тие не би требало да имаат потреба се фалат до толку ако имале секс (не дека не можат или не смеат, туку едноставно од пракса е така); има причини за тоа, но ќе прекинам во овој момент, за да не се разводни овој одговор премногу. :smir:
 
Хмм..
Не се разбираме изглеа.
Зборам кога си кажуваш дека сакаш некого а делот *не баш* го помислуваш во себе.
Сепак, ситуацијата кога некој ти кажува дека те сака, а да не му вратиш ништо е малце непријатна, глупа..
Затоа ме интересира дали за да се избегне оваа ситуација ви се десило да кажете дека сакате некого, или пак секогаш кога кажувате дека сакате некого навистина го мислите тоа?

Секогаш ама баш секогаш го мислам тоа.Ако не,не го ни кажувам.Најискрено не ми значат тие зборови затоа што знам дека ете...можат да бидат кажани само ради реда.Ми значат делата-само преку нив некој може да ми докаже дека навистина ме сака.
Не си должна да му вратиш со ист одговор на некого само затоа што ти кажал дека те сака :) не е воопшто глупаво....можеби да ќе се посомнева дека нешто не е во ред ама секогаш можеш да кажеш...да ми се допаѓаш,убаво ми е со тебе само сеуште не се чувствувам подготвена да ти го кажам тоа.
 
Se slucilo da mi recat "Te sakam" i da recam "I jas tebe" ali toa bilo u slucaj koa epten mi bil nekoj mil. Ali koa mi rekol "te sakam" nekoj so ne mi znacel sum mu odgovorila "tvoja rabota, jas ne te sakam".
 
Зашто сето тоа троши време, енергија и ресурси (читај: пари). Ако човек одлучил дека само сексот му/ѝ е значаен, само на тоа ќе ја насочи целата своја енергија и, нормално, ќе го развие до перфекција (колку повеќе во нешто вложуваш, толку повеќе го развиваш). Ако и двата партнери се фокусирани чисто и само на секс, без да мислат на некакви заеднички активности, ќе си одговараат перфектно: „Здраво“ „Здраво“ *секс* „Чао“ „Чао“ и никаква друга комуникација, зашто не им треба - физиолошката потреба е задоволена, а останатите потреби (храна, стан, друштво, пари, работа...) ќе си ги задоволуваат на страна.

Обично, меѓутоа (барем онолку колку што јас знам), ако човек има секс со некого/-ја, се појавува подлабока врска. Колку што се троши енергија за да се стаса до сексот, барем уште толку (ако не и повеќе) треба да се потроши за таа врска да се раскине. Бидејќи сексот не е директно изводлив (треба барање на ситуација, па согласност од двата партнери, т.е. молење, па соблекување, па техники на сексуално општење итн.), побарува енергија за да се изведе. Па од чисто материјални причини, ако човек го цени своето време, ќе го цени и парнтерот со кого имал секс. Затоа, меѓу другото, ако човек има повеќе сексуални партнери, а е возрасен, на него се гледа со доза на почит: станува збор за успешен менаџер на своето време, ресурси и луѓе. Не сите се толку способни. Мислам дека времето е такво што ова важи и за мажите и за жените.

Дигресијава служеше за следново: ако човек има секс со некого, не е точно дека тој својот сексуален партнер „го сака, ама не баш“ - тој со него остварил подлабока врска, сакал-нејќел. И затоа машките се фалат ако успеале да се посексаат со некоја девојка: од неа добиле подлабока љубов од обично, барем во тоа кратко време додека се сексале со неа. Ова за жените не знам дали важи, бидејќи тие не би требало да имаат потреба се фалат до толку ако имале секс (не дека не можат или не смеат, туку едноставно од пракса е така); има причини за тоа, но ќе прекинам во овој момент, за да не се разводни овој одговор премногу. :smir:

Сексот (дури и во теоријата) одамна престана да биде акт директно поттикнат и воден само заради љубов. Дури и на машките веќе им е смачено да се фалат за секс со одредена девојка, зошто за разлика од порано, сега многу полесно се доаѓа до секс без пари. Дури и кога се фалат, се фалат за да си ја потврдат машкоста пред друштвото, а не заради славење на фактот дека добиле одредена виша љубов.

Да, колку и да се занемарува фактот дека ако човек има секс со некого тој со него остварил подлабока емоција, таа емоција е многу наивно да се нарече љубов. Една многу интересна работа - има луѓе со кои сексот може да ти е навистина интересен и заради кој ти ќе сметаш дека девојката заслужува да ѝ посветиш внимание, да и однесеш цвеќе, да ѝ зготвиш нешто ако е уморна, да ѝ купиш нешто онака, и да ти значи сексот со оваа личност до толку, за да го имаш пак па ќе ѝ удоволиш повеќе поради тоа, па ќе трошиш време, енергија, ресурси... ама во одредена мера ќе вложува и другата страна, вие како возрасни луге и од материјална гледна точка ќе се цените еден со друг заради работите кои ги вложувате да се одржи тоа меѓу вас, ама во конкретен случај, и двајцата ја добивате вредноста за она што сте го вложиле горе, што не секогаш е потврдено и љубов.
 
Не сакам лажно пуштање вода. ЈБГ секогаш сум искрен , кажувам ТЕ Сакам само кога стварно го мислам тоа а сакам да ми биде возвратено само ако и девојката искрено го чувствува истото. Никогаш не сум кажал на некого лажно те сакам , немам ни намера да го кажам!!!
 
Сексот (дури и во теоријата) одамна престана да биде акт директно поттикнат и воден само заради љубов. Дури и на машките веќе им е смачено да се фалат за секс со одредена девојка, зошто за разлика од порано, сега многу полесно се доаѓа до секс без пари. Дури и кога се фалат, се фалат за да си ја потврдат машкоста пред друштвото, а не заради славење на фактот дека добиле одредена виша љубов.

Да, колку и да се занемарува фактот дека ако човек има секс со некого тој со него остварил подлабока емоција, таа емоција е многу наивно да се нарече љубов. Една многу интересна работа - има луѓе со кои сексот може да ти е навистина интересен и заради кој ти ќе сметаш дека девојката заслужува да ѝ посветиш внимание, да и однесеш цвеќе, да ѝ зготвиш нешто ако е уморна, да ѝ купиш нешто онака, и да ти значи сексот со оваа личност до толку, за да го имаш пак па ќе ѝ удоволиш повеќе поради тоа, па ќе трошиш време, енергија, ресурси... ама во одредена мера ќе вложува и другата страна, вие како возрасни луге и од материјална гледна точка ќе се цените еден со друг заради работите кои ги вложувате да се одржи тоа меѓу вас, ама во конкретен случај, и двајцата ја добивате вредноста за она што сте го вложиле горе, што не секогаш е потврдено и љубов.

Токму така: вложуваш, со надеж дека и другата страна ќе возврати исто толку. Ако сакаш да си со другата личност, во интерес ти е да направиш да се чувствува убаво. Ако таа сака да е со тебе, во интерес и` е да направи да се чувствуваш убаво.

Според тоа, што е љубов? Взаемно помагање еден на друг, водено од чист интерес (секс, семејство, напредок во кариерата...). Ништо свето, ништо вонземско.

Значи, ако „те сакам, ама не баш“, тоа значи „направи сè за мене, ама јас нема да направам сè за тебе“. Нефер од старт.
 
Шознам...менувам тема...не кажувам.Ама има некои напори па ќе ми рече “а ти мене не ме сакаш“ и ај...да попуштам...“те сакам бе како не“...а нема веза...
Избегнувам да кажам те сакам..а да не го мислам тоа...
Ретки се луѓето околу мене шо сум ги сакала на почеток и што уште ги сакам. Некако после подолго време се откриваат вистинските карактери.
 
nesto na sto ne se gordeam:

On: Te sakam

Jas: Mislam deka ova ide podaleku otkolku sto sakam. Ne sakam da se gledame veke.
 
Mi se ima sluceno da kazam te sakam a da ne go mislam toa,ama posle toa se zaljubiv vo taa osoba..:pipi:
 
Ми се има десено :S
Викам „Те сакам“ али малце ми треба да ја кажам вистината.
 
imam re4eno te sakam bez da go osekjam to i zgresiv mn :S
deteto se privrza za mene i posle ko mu rekov nekjam poke da se gledame bese malce tesko... ko grom od vedro nebo da mu padna...:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom