Hyundai i30

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.407
Поени од реакции
591
Па, баш бидејќи го гледав ценовникот, не е наведено дека има ЕСП.
Туку, да можам да издејствувам некој попуст како твојот, веднаш ја зимам 1.6 со 6 брзини :vozbud:, па нека е и LX и без ЕСП!

Види подоле , на втората страна :wink:Сите модели се со ЕСП така барем пишува :nesum:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
А, гледам. Но, чудно, обично нагласуваат дека има ЕСП, затоа мислев дека се доплаќа. А и ако има Киа, веројатно и Хјундаи има сериски ЕСП (но нема 6-степенски 1.6 мотор)...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
не го следев муабетот од почеток... ама шест степен мењач? мислиш на 1 до 6 плус рикверц? жива глупост е тоа, плус такви мењачи се ставаат на слаби мотори, т.е. слаби во коњажа а возилото има лоша аеро динамика... и кратки се... возев еден фиајат 500 со таков мењач... ОТРОВНО е возењето... дур си стиснал гас, ај пак на мењање брзина...
 
Ех, викаш? Треба да отвориме посебна тема, за тоа како се покажува 6-степен менувач во релативно слаб мотор... Но, бидејќи ова е ново (мислам дека е од скоро, од 2010) не верувам дека некој овде има искуство, а ни на интернет не најдов нешто (конкретно за Киата зборам).
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Ве пратам овде и се смеам,море како ме потсеќате на мене кога бев на ваша возраст,со какви ситници се замарате кога пола нација не може да си дозволи Југо да вози а вие се замарате со ЕСП,шестостепен мењач и триста др.курци фалци.Абе деца(не сум некој дедо не се секирајте :icon_bigg)од моето долгогодишно искуство како возач сфатив дека:

1.Најдобри коли се јапонските и сличните на нив во кои можеш да имаш поверение дека нема да те заебе некаде на пат во сред јануари на -15.Пример,еден мој братучед ја скина од возење Примерата од 1998 со 2.0 TD мотор(300.000 и кусур км) и само мени уље и става нафта без никакви пропратни заебанции.

2.Најбитна ствар во целата кола е да го погодиш моторот,другото како тоа дали имаш електрични прозори назад е сосема нерелевантно а и непотребно.Бирај коли со оние мотори кои се докажани и кај кои се отстранети сите "детски" болести.Еве на пр.зошто при тестот на Дачија Сандеро на хрватскиот Аутоклуб-не се појавиле никакви дефекти на моторот и се поминало во најдобар ред со 100.000 изминати километри? http://autoklub.jutarnji.hr/dacia-sandero-1-4-laureate---100-000-km-/883274/ И самата редакција е изненадена од тоа. Одговор? Па затоа што возеле Сандеро со 1.4 бензински мотор,едно брегасто вратило и 8 вентили ,ете затоа.Кај тој тип на мотор низ текот на долгогодишната експлоатација во Клио,Меган итн. се отстранети сите маани и е наштелуван до оптимум,плус фактот дека е со проста и некомплицирана конструкција на која ретко нешто може да откаже.Или примерот со Мондеото кадешто сите се залетуваат по TDCi моторот.Да тоа е добар мотор,но дали сте прашале некој каков е кога ќе се приближи на 150.000 км,или зошто сецка,па не пали на ладно,па му светнала сијаличката за неисправност на common-rail системот.А ретко кој го зема 2.0 бензинецот со 145 кс,којшто е прекален и докажан како во примерот со Сандерото и којшто без никакви проблеми ќе избутка 300.000 км.
Ете има уште примери,ама доволно е се надевам дека помогнав некому во изборот,поздрав :smir:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904

Скрос забега со темата. Муабетот на темата е што да избере човекот.
Неможиш да знаеш каков мотор ќе погодиш. Од секој произведувач на секои 20 години излегува една серија на мотори со некоја маана. Сите произведувачи ги имаат таквите мотори кои со текот на годините ги подобруваат. Нема марка што нема „маанлив“ мотор дали била јапонска или германска, француска, англиска, италијанска. Можам сите да ти ги набројам.

Знаеш зошто се добри некои мотори? Форд до 2002 година во Европа вградуваше мотори (1.3) од 1959 година (Ford Kent серија на мотори). http://en.wikipedia.org/wiki/Ford_Kent#cite_note-3 Се разбира со извесни модификации на елементи, но во основа дизајнот на моторот е тој. Во САД и Ј.Америка до годинава го вградуваа, а Форд објави дека изгледа ќе продолжи со производство. http://jalopnik.com/5383307/ford-introduces-16l-duratec-race-engine-restarts-kent-production

Новите мотори 99% се одлични мотори кои ќе протуркаат преку 300 000+ км од било која марка. Дали била Хјундаи, Киа, Опел, Фолксваген сите можат да ја поминат таа граница. Проблем е најчесто со старите возила, па треба да имаш ептен искуство и знаење од кои мотори да бегаш и зошто да бегаш. Ретко кој тоа го има па има многу луѓе што се занесуваат и купуваат погрешни мотори. Не велам дека нема да им се погоди моторот, но има големи шанси да се зезнат.

Со нова кола неможиш да се зезниш! И да се зезниш имаш гаранција и ти менуваат цел мотор :) така што. А дај Боже купи си Мерцедес па имаш гаранција и на каросерија од 30 години :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
не го следев муабетот од почеток... ама шест степен мењач? мислиш на 1 до 6 плус рикверц? жива глупост е тоа, плус такви мењачи се ставаат на слаби мотори, т.е. слаби во коњажа а возилото има лоша аеро динамика... и кратки се... возев еден фиајат 500 со таков мењач... ОТРОВНО е возењето... дур си стиснал гас, ај пак на мењање брзина...
Да, замара крајно а целта е само да се уштеди некој децилитар ако може. Мислам дека 6-тата брзина е само ставена како економична. Т.е. колата максимална брзина развива при 5-та.

--- надополнето ---

1.Најдобри коли се јапонските и сличните на нив во кои можеш да имаш поверение дека нема да те заебе некаде на пат во сред јануари на -15.Пример,еден мој братучед ја скина од возење Примерата од 1998 со 2.0 TD мотор(300.000 и кусур км) и само мени уље и става нафта без никакви пропратни заебанции.
Не е фиксно правило. Fiat направи бум со common rail технологијата, Пунтото и по 100,000км нема абење на 1,2 моторот.Таксистите во Куманоово се изнавозија на Кордобите со 1,9 SDI на црвена нафта, една од нив има дури 1,200,000 км поминато без ремонт, друг пример Ескорт со 800,000 км иако колата сега е дури без патос моторот сеуште е добар.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
za i30 vidi vo alfa banka.latis 50% odnapred a drugite 50% na 3 godini bez kamata.
 
L

Lu

Гостин
Случајно листајќи низ темиве ја најдов оваа за Хјундаи и30 а гледам одамна нема никој ништо напишано...

Од пред неколку месеци Хјундаи и30 се продава за 10.500 евра со основен пакет на опрема во кој што стандардна опрема е:

- Клима уред
- Серво управувач подесив по висина
- ABS+EBD
- 4 воздушни перничиња
- Воздушни завеси
- Борд компјутер (патен компјутер)
- Електрично подесување на предни стакла
- Централна брава
- Далечинско отклучување
- Аларм
- Светла за магла (магленки)
- Подесиви фарови
- Радио со СD+MP3+AUX+USB+iPOD
- Команди на волан за радио
- Климатизиран ладилник
- Тонирани стакла
- Кодиран клуч
- Деллива задна клупа
- Мрежа

http://www.hyundai.com.mk/?m1=21&m3=6&m2=24

Што мислите за количево, дали вреди за парите ?

Јас мислам дека вреди, бидејќи ретко кој автомобил од Компактната класа (Ц сегмент) нуди волку многу во основното ниво на опрема, а и мислам дека со цена од 10.500 евра е најефтиниот Компакт во класата (заедно со Киа Сид која што кошта 10.480).
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Тотално имам заборавено дека сум ја отворил оваа тема. Инаку, за и30, мислам дека е една од најдобрите понуди моментално, ако не и најдобра (ова од што имам прочитано милион тестови за колата, инаку немам возено). Можно е да падне цената уште малку, затоа што наскоро доаѓа новиот модел.

И, 6-та брзина е голема предност - нормално, за на на автопат. Мене ми е битен тој елемент - на комфор, пред се - кога можеш да возиш 120-140, а моторот работи тивко, на (релативно) мал број вртежи.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Односот вложено-добиено е супер. Вреди за парите.
Само за споредба - конкурентите со тоа ниво на опременост чинат сигурно над 12-13000 евра, ако не и повеќе.

И30 е најуспешен модел на Хјундаи. Следната генерација (моделот од 2013 год) верувам дека ќе биде уште поуспешен ако ја задржи конкурентната цена и богатата опременост.

Е тука имаш грешка :) да не го заборавиме и Лансерот Спортбек 1.5 кој што исто така има многу богата стартна опрема (дури има и повеќе опрема отколку во и30) и кој што кошта 11.480 евра, а сега бидејќи треба да пристигнат Лансерите со 1.6 Мивек моторите веројатно дека и Лансерот би го дале за 11.000 што е исто така фантастична понуда.

А новиот Хјундаи и30 ќе стигне во 2012 а не во 2013, сега во Септември му беше светска премиера на саемот во Франкфурт, па веројатно на пролет 2012 ќе го имаме во Македонија.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Го изумив лансерот. Исто и кај него, за таа цена односот вложено-добиено е супер.

Главно мислев на европските конкуренти:
Фокус ~ над 15.000
207 ~ над 13.000
Гранде пунто ~ над. 13.000
Астра ~ над 14.000 итн...

Да, следната генерација стартува во првата половина на 2012. моја грешка...
 
Пак направи грешка :D
Мешаш класи (сегменти) на автомобили, 207 и Гранде Пунто се Б сегмент (мали автомобили) и коштаат многу поевтино отколку Ц сегмент (компактна класа).
На пример Гранде Пунто е 9.500, Пежо 207 околу 10.000 евра.

Е сега се случува една многу интересна работа со премногу ниските цени на Хјундаи и 30 и Киа Сид.
Овие малите автомобли од Б сегментот (Фиеста,Корса,207,Гранде Пунто,Клио и сл.) коштаат околу 10.000/11.000 евра , а веќе за 10.500 се нуди Хјундаи и30 и Киа Сид кои што се една класа (сегмент) повисоко од овие маливе колички а цената им е иста :)
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Пак направи грешка :D
Мешаш класи (сегменти) на автомобили, 207 и Гранде Пунто се Б сегмент (мали автомобили) и коштаат многу поевтино отколку Ц сегмент (компактна класа).
На пример Гранде Пунто е 9.500, Пежо 207 околу 10.000 евра.

Е сега се случува една многу интересна работа со премногу ниските цени на Хјундаи и 30 и Киа Сид.
Овие малите автомобли од Б сегментот (Фиеста,Корса,207,Гранде Пунто,Клио и сл.) коштаат околу 10.000/11.000 евра , а веќе за 10.500 се нуди Хјундаи и30 и Киа Сид кои што се една класа (сегмент) повисоко од овие маливе колички а цената им е иста :)
OK. Гранде пунтото и 207ката се мали автомобили, а Хјундаи и30 е ГОЛЕМ (МНООООГУ ГОЛЕМ) автомобил.
Оставете ги сегментите. Што се држите толку стрикно до сегментите!?.
Или кога ќе паркирате на паркинг ќе се фалите - види брат, мојата е ц сегмент! :pos:
Пунтото и 207ката имаат меѓуоскино растојание околу ~ 2550 а и30ката ~2650. Ќарот на и30ката е пред се во багажниот простор.

Да, ПОЧЕТНАТА цена е 9500-10000, а ако побараш да биде опремено на ниво како 30ката со сите електрични пакети, клими и уште триста тракатанци треба да си платиш околу 12500-13000 најмалку.

Сума сумарум - тие се поскапи.

Споредби со голф, фокус, меган итн поарно да не правиме.
:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom