Hyundai i30

Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012



Дали некој има искуство со овој автомобил? Какви се вашите впечатоци? Посебно ме интересира управливоста (handling, steering - не знам како би ги превел овие појмови, но знаете на што мислам).

Секако, споредби со конкурентните модели се добродојдени.

ПС. Лично ме интересира 1.4 бензинскиот модел, но слободно дискутирајте и за останатите.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Еве ти еден одличен линк за оваа инаку одлична кола http://www.koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=878 Тестот се однесува баш на најпопуларниот мотор за нашиот пазар 1.4 109 кс .Инаку,колава не сум ја возел иако имав шанса,но сепак во живо а и внатре ми остави одличен впечаток,супер комфор,одлична завршна обработка,најдобар сооднос вложено=добиено.Така да,ако се двоумиш за оваа кола,прекини веднаш и правец во салон,и немој да мислиш дека работам за Hyundai,едноставно и самиот вршев истражување каде е најдобро човек да ги вложи парите и секогаш овој модел излегуваше како победник,поздрав :smir:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Многу добра кола, посебно ако се земе предвид вложено - добиено. Мора да признаеме дека има прималимва цена а сепак солидна опременост. Моторите се добри, а добро е и што има гаранција 5год или 150.000км. Незнам како стои со губењето на вредноста, но ако има намера човек да ја задржи долгорочно, тоа нема големо влијание.


Од конкурентите, би ги разгледал Опел Астра Класик 3 (има речиси иста цена но е послабо опремена) и Форд Фокус. Сепак, најдобро е да одиш до салоните и да направиш тест возења. Што вели рекламата: кој пробал, знае!
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.358
Поени од реакции
509
Ај и од мене еден совет :
Пред некој месец и јас бев растрчан во салоните , и барав кола во ценовната категорија на Hyndai i30 :nesum:Значи , горната граница ми беше 12 000 евра . После цел месец шетање и тестирање на возила , изборот ми беше сведен на неклолку возила и тоа :
1) Kia Ceed
2)Hyndai i30
3)Renault megane
Овие возила сите беа со бензински мотори од 1400 кубици . Потоа од списокот го тргнав Меганот кој беше 12.000 , меѓутоа за тие пари се нудеше само со бела боја и челични бандажи . За металик ми бараа 500 евра , а за бандажи и халогенки уште 375 евра , па во превод испаѓаше околу 13000 евра .
Па така изборот ми се сведе помеѓу Киа Сид и Хјундаи и30 . Возилата се во гооолем дел исти ( ист е газдата :toe:) , и ценовно беа во иста категорија . И30 го даваа за 11 200 евра , замо што се доплаќаше за металик и за бандажи , а Киата во цената и беа вклучени истиве работи без доплата . При изборот многу ми влијаеше и односот на вработените во салоните , имено , во Киа ми го дадоа Сидот на возење на 24 часа , додека во салонот на Хјундаи наидов на ладен/незаинтересиран однос од вработените . Имено , кога бев по втор пат да го погледнам возилото , чекав добри 10-15 минути и никој од вработените не стана ни да ме праша за што сум дојден . Така да , се решив за Киа Сид и еве веќе месец дена го возам .

Да ти кажам нешто за Сидот сега, бидејки е во иста категорија со И30 за кој си заинтересиран :nesum:Колата е со 1.4 мотор и 109 кс (истиот го има и во Хјундаито и30) , со ЕХ ниво на опрема ( ABS , ESP , 6 airbag, радио со мп3/усб/аух , алуминиумски бандажи со Мишелин гуми 205 Р16 ,металик боја -без доплата :vozbud: , кожа на волан и менувач , халогенки , електрика на ретровизори со греење , електрика на стакла напред , централна брава со далечинско и аларм .....) . Сега за сега сум презадоволен , цело време ја возам во град и порошувачката е околу 8,5 - 9 л/100 км со умерено возење .
П.С. Уште еден совет , барај совет / искуства од други , меѓутоа реши си самиот шо сакаш / можеш да купиш . Сепак најдобро ти си знаеш што сакаш да возиш , а од многу муабети од страна може само глава да те боли :)
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Фала за одговорите и видеата!

Е, сега, да дообјаснам; сеуште не е конкретно одлучено да се купува кола, но постои можност, па разгледувам опции. Пошто колата ќе ја плаќаат родителите (стандардна македонска работа :kesa:), тие ја одредуваат границата на околу 10000 евра. Но, бидејќи јас би ја користел најмногу и јас и се прашувам најмногу за изборот (во рамките на тој износ, де), мислам дека можам да ја растегнам цената до некои 11500, да речеме.

Гледајќи ги понудите, за тие пари може да се земе нешто солидно од Б сегментот, но и Хјундаи и30 и Астра Класик. Хјундаито со доста опрема и мотор 1.4 бензинец е 11190, а Астрата со истата кубикажа и нешто послаба опрема - но се што ми битно го има (мислам дека оној пакет со клима, ЦД плеер, кожен волан со команди и уште нешто го дават гратис) - е околу 11300.

Предностите на Астрата - прво, даваат некој дополнителен попуст за членови на лекарска комора (мислам дека би дале до околу 9-10%), па би можел за цената на 1.4 Хјундаи да земам 1.6 Астра, или да земам 1.4 Астра поевтино (лично сум повеќе за првата опција). Исто така, во Опел имаат богата понуда на додатни поединечни опции: би можел да земам ЕСП за 300 евра (или ЕСП+бочни перници и завеси за 410 евра), темпомат за околу 100 евра, можеби и наслон за рака за околу 200 евра, стандардно рез. тркало за 35 евра - кај Хјундаи овие ги нема во основниот модел, а и не сум сигурен дека можеш вака поединечно да одбираш дополнителни опции.

Предностите на Хјундаи - па побогата основна опрема, но имајќи го в предвид она што погоре го напишав, есапот може и да не излезе така. Друго, 1.4 на Хјундаи барем на хартија ми стои посилен од истиот на Астрата, а задоволува ЕУРО 5 стандарди (Астрата ЕУРО 4) - е, ова не знам колку би било битно, пред се во иднина (во смисла доколку донесат некои построги еколошки регулативи, плаќање давачки врз основа на истите итн). Не сум седнал во Хјундаито, но судејќи по се она што читам во тестовите, би требало да е нешто поудобен и покомфорен; во Астра сум се возел и личен впечаток ми е дека е доста стабилна, но и (пре)крута кола, посебно за нашиве патишта. За споредба, сум се возел и во Корола од иста генерација, и осетно е поудобна.



Тест-возење би ги разрешило дилемите, особено затоа што мене, лично, најбитни ми се управливоста и стабилноста, добрата амортизација и звучната изолација, а нешто помалку комфорот (по опремата ми се тука негде исти, споменав погоре зошто). Но, тоа би го направил тогаш кога сигурно би паднала одлука да се купува (и би се дефинирале финансиските средства); ова сега за сега се само прелиминарни размислувања :icon_mrgr

Затоа ако некој има искуство со возењето на, или во, овие два автомобили, слободно нека сподели впечатоци (може и други автомобили да се предлагаат, но да бидат во тој ценовен ранг - иако, мислам дека тешко би дал предност на возило од Б сегмент, но не би било на одмет да се чујат и такви предлози).

--- надополнето ---

head, колку ти излезе со таа опрема? И, да не мешаш случајно ЕСП со ЕБД (кое знам дека го имаат во основна опрема, за ЕСП ваљда се доплаќа)?

--- надополнето ---

armin, сигурен ли си за цената? Во ценовникот на Форд не гледам такво нешто.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Јас дефитивино би ја зел Астрата. Возам кореец со Опел мотор :)) (Даеву Нубира). Нема да згрешиш за квалитет, ама дизајнот на Астрата е пресудно за мене...
vs


Нема споредба...

Второ на листа: Фокус (јас така би гледал).
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Хм, тоа да не е цена без ДДВ, или е некој попуст? Оти го гледам ценовникот, основниот модел 1.4 со три врати е 13800 со ДДВ, а и опремата е многу послаба. Мислам, и ја би Фокус, ама...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Имаат акција. Гледај по акциите. Официјалниот ценовник не се реалните цени.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Да, Астрата и за мене е поубава (однадвор, одвнатре и не ми е којзнае што), но многу би ми значеле возните својства, за коишто и прашувам, кој има искуство (особено ако некој ги има возено и двата автомобила, па да спореди).

--- надополнето ---

Имаат акција. Гледај по акциите. Официјалниот ценовник не се реалните цени.
Можеби, ќе проверам.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.358
Поени од реакции
509
[/COLOR]head, колку ти излезе со таа опрема? И, да не мешаш случајно ЕСП со ЕБД (кое знам дека го имаат во основна опрема, за ЕСП ваљда се доплаќа)?

Сидот шо го земав , во нивото на опрема(EX+алуминиумски бандажи) има и ЕСП . Доколку сега би го нарачал , цената е 13 100 евра , на јас земав возило од лагер (стоена е колата скоро година на плац) и ме фати околу 11 700 евра (некој попуст и преку работа добив ) .

П.С Биди спремен и на други "неочекувани " трошоци , ко на пример се договараш за цена во евра во салон , а фактурата ти е во денари каде што 1 евро = 62 ден
П.С.2 Еве ти линк , па види што се нуди , башка ценкањето е исто така пресуден момент :vozbud:
http://kiamotors.com.mk/p_car/ceed/cenovnik.pdf
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Јас би одел на варианта тест возило... ако имаш пријател, ќе ти ја даде со 100-150 км и најфул опрема по цена на обичната.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
[/COLOR]head, колку ти излезе со таа опрема? И, да не мешаш случајно ЕСП со ЕБД (кое знам дека го имаат во основна опрема, за ЕСП ваљда се доплаќа)?

Сидот шо го земав , во нивото на опрема(EX+алуминиумски бандажи) има и ЕСП . Доколку сега би го нарачал , цената е 13 100 евра , на јас земав возило од лагер (стоена е колата скоро година на плац) и ме фати околу 11 700 евра (некој попуст и преку работа добив ) .

П.С Биди спремен и на други "неочекувани " трошоци , ко на пример се договараш за цена во евра во салон , а фактурата ти е во денари каде што 1 евро = 62 ден
П.С.2 Еве ти линк , па види што се нуди , башка ценкањето е исто така пресуден момент :vozbud:
http://kiamotors.com.mk/p_car/ceed/cenovnik.pdf
Па, баш бидејќи го гледав ценовникот, не е наведено дека има ЕСП.

Туку, да можам да издејствувам некој попуст како твојот, веднаш ја зимам 1.6 со 6 брзини :vozbud:, па нека е и LX и без ЕСП!

--- надополнето ---

Јас би одел на варианта тест возило... ако имаш пријател, ќе ти ја даде со 100-150 км и најфул опрема по цена на обичната.
Интересно, фала на предлогот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom