Huawei P9

Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Јас имам P8,го користам едно три месеци и немам лош збор за телефонот.За тие пари е врв,камерата е гром,нема лагирање во ниту еден момент на телефонот.
Единствена маана му е тоа што нема повеќе меморија,ама може да се стави мемориска.
Добив и нов Андроид пред скоро две недели и немам замерки,лета телефонот.
Во самата апликација на камерата има и друга камера “професионална“ со сетинзи од професионални апарати и одлично се покажува,сега повеќе преку неа сликам и одлични слики вади.
Батеријата е сосем океј,мене ми трае буквално цел ден со вклучено вифи,со користење интернет,во тоа спаѓа фејс,инстаграм,тапаталк,камерата,видео.
Држи батеријата сосема океј.

Е сега P9 треба да е уште подобар ако се знае дека доаѓа со веќе инсталиран Андроид 6,го имам користено набрзинка едно саат кај другар и телефонот е секс,буквално.Мазен,андроиод лета,не лагира воопшто,се играат игри без проблем со јака графика,камерата е многу јака,па поради неа сакам да го земам P9,не е можно толку јаки слики да вади.

И пред да ме цитира некој,абе немаш користено ајфон,самсунг.Ок немам користено,ама не ме влечат тие телефони во никој случај.Попрво ќе користам Huawei или Xiaomi.Се е до вкусот,за тоа нема зборови.

Телефонот за парите си вреди,е сега што Шаоми има исто така јаки телефони за тие пари,тоа е друга работа.Следниот телефон ќе ми биде или P9 или некој од моделите од Шаоми.
Не е до вкусот, до парите е, да не се лажеме.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Не е до вкусот, до парите е, да не се лажеме.
зависи,може и до тоа да е,но мене не ми е до тоа.Едноставно сакав нешто ново и интересно,блебекав по п8 месец дена претходно и морав да го имам телефонот,морав да го земам.

Никогаш не сум имал мерак или ајде да кажам желба за Ајфон или Галакси серијата,никогаш не ме влечело нешто кон нив,а сум имал безброј можности да земам некој актуелен мобилен и да бидам мангуп во маало,ама не,сосем различен сум
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Причината за ова е што не ти се свиѓаат, или? пошто вака не даде некоја валидна замерка, него само испаѓа дека си хипстер :D

Иначе нема логика зошто би користел послаб продукт ако можеш да купиш подобар, пробај ја S7-та ако имаш можност ќе смениш мислење.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Не е до вкусот, до парите е, да не се лажеме.
Не е баш секогаш така. Еве лично по ред користев 3 Галакси уреди, од кецот па 3 па 5ка. И навистина се добри не дека не, ама лично ми здосади малце. Секоја серија е подобра и подбра точно но по некое време сакаш да пробаш и нешто друго а што исто е добро. Ајфон не би зел се дур не се поправи односот цена/перформанси. Иначе реално гледано, ако секој си биде искрен сам со себе и кои работи ги користи во 95 посто од времето со мобилниот телефон, ќе увиди дека дури и сегашниве уреди од таканраечената средна класа ќе завршат сосема солидна работа.

И така летово решив да се тргнам малце од Самсунг, ја избрав П9кава иако со доза не скепса морам да признаам, и сега за сега сум презадоволен од телефнот.
Надворешно дизјанот е навистина супер. Можеби ова е субјективна работа, но и генерално гледам деа дизјанот е фален. Камерата е супер (впрочем добра камера ми еден од побитните услови коа бирам телефон), двојната камера беше секакко големо про, коа се одлучував да го земам телефонов. Батеријата искрено ме изненади. зборување, и би рекол можеби просечно ако не и повеќе користење на интернет, батеријата може да издржи ден и пол - два. Иако да бидеме реални ако издржи цел ден тоа е сосема доволно, скоро секој бар еднаш дневно го полни телефонот. Игри играње без проблем, до сега кочење некакво не забележав.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Дечки, се мислам меѓу Galaxy s7 Edge и Huawei P9 Plus. Не се разбирам па ми треба мислење :) Кај P9 гледам нешто послабо стои со пиксели, додека кај Edge не ми се свиѓа .. "Еџот" :) Важно ми е да е 5.5 инчи, затоа обичниот с7 не ми се свиѓа. Па дајте совет :)

П.С. Моментално користам Huawei G8 и сум презадоволна, го имам 1 година. Не сум некој фан на оверлејот на Андроид кој го користи Huawei, ама не ми ни пречи нешто. Ми се свиѓаат иконите, малце ме нервира што нема "фиока" и што има тон преинсталирани апликации, кои не може да се избришат.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Samsung-от без размислување.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Зошто буквално се на него е подобро, не се споредува.
Па јас се убив од гледање рецензии и ништо посебно не ми се двои едниот од другиот :) Ама и по дома ми гласаат за Галакси најверојатно тој ќе биде :)[DOUBLEPOST=1482537086][/DOUBLEPOST]
Зошто буквално се на него е подобро, не се споредува.
Па јас се убив од гледање рецензии и ништо посебно не ми се двои едниот од другиот :) Ама и по дома ми гласаат за Галакси најверојатно тој ќе биде :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Па јас се убив од гледање рецензии и ништо посебно не ми се двои едниот од другиот :) Ама и по дома ми гласаат за Галакси најверојатно тој ќе биде :)[DOUBLEPOST=1482537086][/DOUBLEPOST]
Па јас се убив од гледање рецензии и ништо посебно не ми се двои едниот од другиот :) Ама и по дома ми гласаат за Галакси најверојатно тој ќе биде :)
Најверојатно не си доволно запознаена со телефониве па неможеш најбитните моменти да ги приметиш,

Подобар дисплеј
Подобар процесор
Подобра изработка
Подобра поддршка
Подобар софтвер
Подобра батерија
Подобар звук преку слушалки
Подобар дизајн

Буквално нема сегмент во кој P9 plus може да се носи, која цена е иначе?
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Најверојатно не си доволно запознаена со телефониве па неможеш најбитните моменти да ги приметиш,

Подобар дисплеј
Подобар процесор
Подобра изработка
Подобра поддршка
Подобар софтвер
Подобра батерија
Подобар звук преку слушалки
Подобар дизајн

Буквално нема сегмент во кој P9 plus може да се носи, која цена е иначе?
38 000 Huawei, 45 000 Samsung.
Па не се разбирам ти викам :) Ценава не ми игра улога, единствено знам дека не сакам Ајфон, Иос-от ми е крајно тапа, Виндоусите ми се кул, од подобрите Нокиа930 го имам по дома, но сепак сакам Андроид и затоа се мислам меѓу овие два. Како што кажав, од мое гледиште, единствена маана ми се гледа заобленоста на Еџот, мислам дека постојано несакајќи ќе го допирам при куцкање со една рака. Но од друга страна не сакам помал телефон од 5.5 инчи и да имаше с7 таков немаше ич да се мислам. Инаку зборуваме за p9 plus, кој како што гледам сепак има Амолед (п9 нема).
На слушалки не слушам, едино со аукс поврзувам во кола, не знам дали има врска тоа?

Единствена грижа ми е заобленоста, во поглед на камера бар од рецензиите на Јутуб не видов некоја драстична разлика, иако викаат дека п9 е супериорен јас тоа не го видов.

Во поглед на виртуелна реалност, игри кои ги играм се Минон Раш, Хангри Шарк и сл. И дефинитивно најмногу читам книги и гледам филмови, дали во овие случаеви заобленоста е доблест или маана?

Исто, на г8 што сега го користам, фингерпринт сензорот е позади, искрено многу го користам, препрактично отклучување а и заштита е, е сега не сум сигурна на Еџот како е, па ако можеш да споделиш :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
А да си земеш ти хуавеи? Ова испадна преговарање да ти кажеме да земеш хуавеи, воедно и во таа тема си дошла да прашаш, па како потресена малце сеа пошо сугестиите ти се контра темава.

Најдобриот телефон е оној шо сакаш да го купиш. А после идат спецификации. Ти го сакаш хуавеи ама самсунгот е класа над него. Па ти убеди си се, не не терај нас да те убедуваме.

edit: мада самсунгот не вреди 45.000 не знам кај ја глеаш таа цена, во ледиком ти е 35.000
а и хуавеиот не вреди 38.000, ледико вели 26.500.

Ве стрижат тоа операторите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не сакам да ме убедите де, извини ама за таа сума ми е важно да не погрешам. Инаку во Нептун ги гледав, таа цена стои како редовна, но бидејќи имам Хепи ќе дојде нешто поефтино.
Еџ немам користено ни 5 минути, затоа и ги имам грижите кои ги имам :)

Инаку отворив на Ледиком, вистина Еџ е 35 000, а п9 плус воопшто нема, тој што го има е 5 инчната верзија. Инаку во Ледиком сакав да купам телефон пред 2-3 години, само со кеш работеа бар тогаш :) п9 5" е горе-доле иста цена секаде, можеби Нептун на плусот набилдале цена пошто го нема на др. Места. Не знам зошто толкава разлика има кај Еџот.

Во Нептун со Хепи Хуавеи п9 5" е 30 000, п9 плус 35 000, а Еџ 42 000.

Не ме карај одма, јас сум најнеодлучниот човек што го познавам :D
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Во секој случај што и да одбереш нема да погрешиш. Тоа што ти викаат "подобар процесор, подобар екран" се нијанси кој не играат никаква улога ако не ги споредуваш еден до друг.
П9 плус има 3д тач, полесен за рутирање. Јас имам и хуавеи п9 и самсунг ноте 3, и од двата сум задоволен.
Мој совет, земи кој ти се свиѓа на дизајн .

Sent from my EVA using Tapatalk
 
Можеби сум смешна, ама пола ноќ не спиев од мислење :) Најверојатно сепак ќе биде п9+, не ми се свиѓа заобленоста.. Да постоеше нормален с7 5.5" немаше да имам дилеми :) наскоро ќе одам до Нептун и ако купам некој ќе пишам што сум одлучила (на крај со Ајфон може ќе се вратам.. :D ...)

Инаку преферирам flagship телефон само ради "ситници" кои повеќе или помалку "ненамерно" ги изоставуваат да ги спомнат. Мојов сегашен г8 е прекрасен телефон иако не е flagship, но за сумата која ја платив за него (точно пред една година, Т мобиле) 25 000 не очекував да нема gyro што да речеме, тогашниот flagship п8 го има. Моја грешка што не проверив, памет за друг пат. Кога зборуваме за телефони кои сепак се upper middle или high end во цената, ваквите работи играат улога, барем за мене.
А по дизајн Г серијата лично ми се поубави од П, но кај нас ги нема а ни Хуавеи не ги форсира нешто многу :)

..... И баш сега гледав, г9+ нема gyro, super amoled... Само дизајнот е преубав :)
 
Последно уредено:

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.450
Поени од реакции
1.784

А да тркнеш и до мобеликс да разгледаш п9 е 24600 за таа цена имаш и лг г5. С7 еџ е 33800.И да не заборавам с6 еџ+ со 64гб е 29500.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom