Јас имам P8,го користам едно три месеци и немам лош збор за телефонот.За тие пари е врв,камерата е гром,нема лагирање во ниту еден момент на телефонот.
Единствена маана му е тоа што нема повеќе меморија,ама може да се стави мемориска.
Добив и нов Андроид пред скоро две недели и немам замерки,лета телефонот.
Во самата апликација на камерата има и друга камера “професионална“ со сетинзи од професионални апарати и одлично се покажува,сега повеќе преку неа сликам и одлични слики вади.
Батеријата е сосем океј,мене ми трае буквално цел ден со вклучено вифи,со користење интернет,во тоа спаѓа фејс,инстаграм,тапаталк,камерата,видео.
Држи батеријата сосема океј.
Е сега P9 треба да е уште подобар ако се знае дека доаѓа со веќе инсталиран Андроид 6,го имам користено набрзинка едно саат кај другар и телефонот е секс,буквално.Мазен,андроиод лета,не лагира воопшто,се играат игри без проблем со јака графика,камерата е многу јака,па поради неа сакам да го земам P9,не е можно толку јаки слики да вади.
И пред да ме цитира некој,абе немаш користено ајфон,самсунг.Ок немам користено,ама не ме влечат тие телефони во никој случај.Попрво ќе користам Huawei или Xiaomi.Се е до вкусот,за тоа нема зборови.
Телефонот за парите си вреди,е сега што Шаоми има исто така јаки телефони за тие пари,тоа е друга работа.Следниот телефон ќе ми биде или P9 или некој од моделите од Шаоми.