Гуми (пневматици)

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Продавам 4 исти гуми Continental EcoContact 3 со димензија 155/80 Р 13 кои се сеуште на возилото поради купување на гуми си поголема димензија.Гумите се фабричките кои одат со Шевролет Спарк модел 2013.Имаат поминато само 3800км и се стари 1 година колку што е старо и самото возило.Најдов една фотографија на нет да се види за кој модел конкретно станува збор.Прифакам само сериозни понуди без замени и нудење на смешни и нереални цени.Возилото се вози на релација Аеродром-Кисела Вода-Аеродром значи неударани по дупки и камења.

Инаку 4 нови гуми од овој модел во Мотоцентар се 11200 денари
Еве и слики од гумите кои се сеуште на возилото.Прегледај го приврзокот 88743 Прегледај го приврзокот 88744

Зошто не ги извозиш,да ги искинеш и да ги фрлиш?Мора ли сега да ги ставаш поголемите?
 
Имам компензација во гуми кај што работев кај една цепаница па затоа сакам да ги сменам,барем да земам некој денар.....
 
Има ли некој искуство со
BARUM Brillantis 2 ?
 
Има ли некој искуство со
BARUM Brillantis 2 ?

Лично не, ама имаше еден пријател и не беше задоволен од марката. Според негово мислење: премногу пластични и склони на пролизгување.
 
Најпрво се мислам дали да земам м+с гуми, или летни. Некои велат м+с брзо ќе се истрошат, а во продавницата од кај што мислам да земам па велат новите м+с имале азот за да се лади гумата, па немале гајле и на високи температури. И која марка на гуми да ја земам, Дебика, Сава, Фулда, Данлоп, Гудијер.. нормално цената на пример на Гудијер спрема Дебика е скоро дупла, па затоа се мислам дали вреди. Исто ми понудија некои Викинг (?), демек Шведско производство на Континентал.. за многу добра цена. Исто гледав и Спортива и Дејтон, исто со многу добри цени, па како сте задоволни ако ги имате користено?
 
гумите М+С не се гуми за сите сезони,туку тоа означува mud and snow,што значи се за возење во кал и снег.е сега и над нив има уште `пооштра` класа winter кои се изклучиво за снег и мраз.

М+С во лето се трошат многу брзо поради нивната мека компонента од која се направени
 
Најпрво се мислам дали да земам м+с гуми, или летни. Некои велат м+с брзо ќе се истрошат, а во продавницата од кај што мислам да земам па велат новите м+с имале азот за да се лади гумата, па немале гајле и на високи температури. И која марка на гуми да ја земам, Дебика, Сава, Фулда, Данлоп, Гудијер.. нормално цената на пример на Гудијер спрема Дебика е скоро дупла, па затоа се мислам дали вреди. Исто ми понудија некои Викинг (?), демек Шведско производство на Континентал.. за многу добра цена. Исто гледав и Спортива и Дејтон, исто со многу добри цени, па како сте задоволни ако ги имате користено?
Sportiva SnowWin 195/65 R15 (со М+С ознака), 3 години, околу 30000км, возени преку цела година, сосема задоволен.
 
со азот можиш да ги полниш гумите на секој агол во Скопје,и има разлика во однос на полнењето на воздух.Гумата не се загрева премногу и возењето е малку поудобно.

Но ,сепак разликата е сепак во тие 21% кислород што ги има во воздухот,а 78% Азот,а во полнењето со азот тоа е над 90%
 
Најпрво се мислам дали да земам м+с гуми, или летни. Некои велат м+с брзо ќе се истрошат, а во продавницата од кај што мислам да земам па велат новите м+с имале азот за да се лади гумата, па немале гајле и на високи температури. И која марка на гуми да ја земам, Дебика, Сава, Фулда, Данлоп, Гудијер.. нормално цената на пример на Гудијер спрема Дебика е скоро дупла, па затоа се мислам дали вреди. Исто ми понудија некои Викинг (?), демек Шведско производство на Континентал.. за многу добра цена. Исто гледав и Спортива и Дејтон, исто со многу добри цени, па како сте задоволни ако ги имате користено?

Јас имав М+С на пирели шкорпион стр и тоа на тешко возило (Мерцедес МЛ). Со истите поминав над 40.000 и нема да веруваш колку нови останаа. Ова ти го зборам во насока дека марката е важна. Гудиар се едни од најквалитетните гуми во светот (прочитај некои ревјуа на нет ќе се увериш). и затоа СИ ВРЕДАТ за парите и се многу подобри од Дебика. Јас моментално имам Мишелин ама наредно менување 95% купувам Гудиар. Секое добро.
 
Па ваљда така и ќе биде.. сепак изреката „На се штеди ама на гуми не“ не е за џабе. Едино за Фулдата се мислам, вујко ми на Пасат б5.5 и 18“ фелни става Фулда веќе 3 пати досега, и е задоволен, но за помала димензија не биле ништо посебно. Најверојатно изборот ќе падне на Гудиар. Фала ви на сите за советите.
 
Најпрво се мислам дали да земам м+с гуми, или летни. Некои велат м+с брзо ќе се истрошат, а во продавницата од кај што мислам да земам па велат новите м+с имале азот за да се лади гумата, па немале гајле и на високи температури. И која марка на гуми да ја земам, Дебика, Сава, Фулда, Данлоп, Гудијер.. нормално цената на пример на Гудијер спрема Дебика е скоро дупла, па затоа се мислам дали вреди. Исто ми понудија некои Викинг (?), демек Шведско производство на Континентал.. за многу добра цена. Исто гледав и Спортива и Дејтон, исто со многу добри цени, па како сте задоволни ако ги имате користено?

Нема веќе М+S.Има само летни или само зимски гуми,а во брзо време и закон да имаш два сета гуми.

Зависи колку сакаш да потрошиш ти препорачувам да си земеш Тигар,Сава,Данлоп,Гудијер или Мишелин.
Фулда,Викинг,Дејтон и Вредштеин никогаш не сум возел и не знам какви им се својствата.
Дебика се пластика на мало заросување со колата си како на санка
Тоа со азотот е маркетиншки трик за зголемување на цената.

За нешто што ќе ти ја чува главата не се жалат пари.
 
А имал ли некој искуство со Аеолус гуми... Татко ми имаше на камион и му кажале дека тоа биле најдобрите кинески гуми, замена за Мишелин, и ги возеше 5-6 години на камион.... Па затоа прашувам некој дали имал искуство со таква гума на кола? ??
 
Нема веќе М+S.Има само летни или само зимски гуми,а во брзо време и закон да имаш два сета гуми.

Зависи колку сакаш да потрошиш ти препорачувам да си земеш Тигар,Сава,Данлоп,Гудијер или Мишелин.
Фулда,Викинг,Дејтон и Вредштеин никогаш не сум возел и не знам какви им се својствата.
Дебика се пластика на мало заросување со колата си како на санка
Тоа со азотот е маркетиншки трик за зголемување на цената.

За нешто што ќе ти ја чува главата не се жалат пари.
Зедов Фулда гуми, летни засега па за зима ќе земам и зимски. Сепак подобро 2 пара, макар и да не се најдобра класа, бар во зима ќе знам на што возам, а за во лето ќе си имам нови. Го пробав малце на отворен пат, одлично се држи колата, не се бучни воопшто, кочењето на суво е сосема добро. Ќе видиме сега колку ќе траат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom