Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.818
Поени од реакции
2.395
Дваесет и шестото Светско првенство во ракомет започнува на десетти јануари 2019 година и ќе трае до 29 јануари 2019 година, а за прв пат во историјата, ќе има две држави домаќини. Тоа се Германија и Данска, кои ја добија битката со Полска,Словачка и Унгарија за држави домаќини.

За оваа светско првенство има уште еден интересен факт, а дека за прв пат Северна и Јужна Кореја ќе настапат заедно, како обединети. Ова за Македонија ќе биде 6 настап на Светските првенства, по 1999, 2009, 2013, 2015 и 2017 година.

Натпреварите од Светското првенство ќе се играат во шест сали, сите со капацитет над 10.000 гледачи. Финалето ќе се одигра во Јуск Банк Боксен во Хернинг, Данска.

Натпреварите во групата Б ќе се одиграат во Олимписката сала во Минхен.
1280px-Munich_-_Olympiapark_3.jpg


Форматот на натпревари се враќа на оној од 2011 година, односно 24 екипи поделени во 4 групи, од кои првите 3 продолжуваат понатаму и ги пренесуваат бодовите во новите 2 групи кои ќе се формираат, додека пак последните 3 тимови од секоја група ќе разигруваат за пласман од 13-24 место.

Двете првопласирани екипи од двете групи, продолжуваат во полуфинале, додека другите екипи разигруваат за пласман. Од полуфиналето натаму, ќе се применува нокаут системот.

Групата Б ја сочинуваат Шпанија, Хрватска, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Фаворити за првите три места во групата Б се Шпанија, Хрватска и МАКЕДОНИЈА, додека пак Бахреин и Јапонија се аутсајдери. Исланд со својата тврда игра може да претставува тврд орев и да ги помати сметките на фаворитите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Натпреварите во групата Б ги отвара Македонија со Јапонија, на 11 јануари во 15 часот.

Истиот ден, во 18 часот играат Исланд и Хрватска, а од 20.30часот играат Бахреин и Шпанија.

На 13 јануари, Македонија повторно игра прва од 14 часот со Бахреин, па во 16.30 часот Хрватска игра со Јапонија и од 19 часот играат Шпанија со Исланд.

На 14 јануари, натпреварувачкиот ден го отвараат Исланд и Бахреин во 15.30 часот, по нив следи балканското дерби МАКЕДОНИЈА – Хрватска од 18 часот, а за крај на денот Шпанија игра со Јапонија од 20.30 часот.

На 16 јануари, Јапонија и Исланд го отвараат денот во 15.30 часот, па следи дуелот помеѓу Хрватска и Бахреин 18 часот и МАКЕДОНИЈА и Шпанија од 20.30 часот.

Последниот натпреварувачки ден по групите е клучен по мене за Македонија, односно дуелот со Исланд, се игра во 18 часот, а пред нив играат Бахреин и Јапонија од 15.30 часот и супер дербито во групата, во 20.30 часот играат Шпанија и Хрватска.

СОСТАВ НА ЕКИПИТЕ

МАКЕДОНИЈА
Seniori-reprezentacija-bela-pozadina-so-logo-1024x642.png


clip_image004.jpg

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски
, Златко Даскалоски.

Лево крило: Дејан Манасков, Димитар Димитриоски.

Десно крило: Гоце Георгиевски, Мартин Поповски.

Лев бек: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Филип Лазаров.

Десен бек: Кирил Лазаров и Мартин Серафимов.

Среден бек: Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Горан Крстевски и Филип Чурлевски.

Пивот: Столе Стоилов, Жарко Пешевски и Милан Лазаревски.

Специјалист за одбрана: Велко Маркоски

Тренер: Раул Гонзалес – ЕЛ КОМАНДАНТЕ

Капитен: Кирил Лазаров

*Болдираните се очекуваните кои ќе патуваат на Светското првенство.
Нашите најдобри амбасадори, ќе имаат тешка задача на оваа светско првенство, но сепак очекувам да ја чекираме нашата виза во втората фаза, во крајно напнат и дијазепам завршница натпревар со Исланд. Бахреин и Јапонија не би требало да ни создадат поголеми проблеми и тука треба да ја бараме шансата за собирање бодови, а сепак Шпанија и Хрватска се фаворити за првите две места во групата. Можеби би можеле да извлечеме и нерешено со некои од фаворитите ако имаме супер ден, Борко на ниво и раздвижен, брз и течен напад. Ова првенство е клучно за да видиме дали има светла иднина за македонскиот ракомет. По минутажата што им ја дава Раул, по се изгледа Кузмановски ќе биде главниот среден бек, а Талески левиот, ќе играат 50+ минути во два правци, очекувам конечно да распукаат и двајцата, посебно Кузмановски. Поповски, Серафимов, Крстевски и Танковски својата минутажа би требало да ја добијат против Бахреин и Јапонија и тука ќе се види дали Раул може да смета на некој од нив сериозно при одмарање на репрезентативците.

Она што не е баш воиграно е одбраната и Велко Маркоски, кој е очаен во последно време, можеби пак Раул смета на Танковски во одбраната, што мене ми е помалку веројатно. По она што го гледав на отворената пријателска со Србија, одбраната кај среден бек е најслабата точка, можеби ќе се игра 5-1 одбрана со Манасков напред како фластер.

Ова е по мене последно светско првенство каде Кире ќе ја има главната улога, со оглед на годините кои го газат. Напред МАКЕДОНИЈА ОЛЕ ОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
Хрватска

43813801020_062e849fda_b.jpg

Хрватите се едни од фаворитите во сенка за освојување на Светското првенство. Цело време се во игра до финалните соочувања, но некако како ментално да паѓаат во клучните моменти. Можеби оваа година ќе бидат психички постабилни и ќе го освојат светското. Натпреварите и првенството се пред нас, па ќе се увериме во нивните квалитети. Можеби на оваа првенство ќе се потврдат квалитетите на Степанчиќ, кој по повеќето повреди во ПСЖ, едноставно не е тој играч кој сите го знаеме од Загреб. Ивиќ е во супер форма, така да очекувам тој ќе биде број 1 голманот на хрватите, заедно со Стиви бој. Шего ми е некако 3та опција. Клучни играчи на хрватите се добро познатиот Лука Циндриќ, Домагој Дувњак, Штрлек и касапот во одбрана, Жељко Муса.
clip_image006.jpg


Поширокиот список на Хрватите

1. MARIN ŠEGO, MOL-PICK SZEGED
2. IVAN STEVANOVIĆ, KADETTEN SCHAFFHAUSEN
3. FILIP IVIĆ, PGE VIVE KIELCE
4. ZLATKO HORVAT, RK PPD ZAGREB
5. JOSIP BOŽIĆ PAVLETIĆ, RK PPD ZAGREB
6. MANUEL ŠTRLEK, TELEKOM VESZPREM
7. DAVID MANDIĆ, RK PPD ZAGREB
8. ŽELJKO MUSA, SC MAGDEBURG
9. LEON ŠUŠNJA, RK PPD ZAGREB
10. KREŠIMIR KOZINA, FRISCH AUF GÖPPINGEN
11. MARIN ŠIPIĆ, RK NEXE
12. HALIL JAGANJAC, RK NEXE
13. IVAN SLIŠKOVIĆ, FRISCH AUF GÖPPINGEN
14. ALEN BLAŽEVIĆ, MOL-PICK SZEGED
15. DOMAGOJ DUVNJAK, THW KIEL
16. LUKA CINDRIĆ, PGE VIVE KIELCE
17. IGOR KARAČIĆ, RK VARDAR
18. LUKA STEPANČIĆ, PSG HANDBALL
19. JAKOV VRANKOVIĆ, GRUNDFOS TATABÁNYA KC
20. LUKA ŠEBETIĆ, TREMBLAY EN FRANCE HANDBALL

Тренер: Лино Червар

Капитен: Домагој Дувњак

Чиката сеуште нема одредено кои ќе патуваат на првенството, но очекувам дека Шипиќ, Шего и Јагањац ќе испаднат. Сепак конечно ќе знаеме кога ќе ги објават списоците.

Шпанија

39404.jpg

Шпанците на ова светско првенство доаѓаат како едни од фаворитите, логично по освојувањето на европското првенство лани. Препознатливите Дујшебаев, Перез де Варгас, Раул Ентрериос, Гурбиндо, Агинагалде, Сармиенто и касапот Виран Морос. Битката за првото место ќе ја водат со Хрватска, како фаворити во нашата група.

Селектор: Жорди Рибера.

Поширокиот список на шпанците:

clip_image008.jpg

Исланд
iceland_team_670.jpg


Исланд исто како нас, ќе напаѓа на третото место во групата. Играат тврд скандинавски ракомет, со здрав Палмарсон како лидер, имаат добри шанси и во меѓусебниот дуел со нас ќе се знае дали тие или ние ќе одиме понатаму. Клучни играчи по мене им се Палмарсон, Гудјон Валур Сигурдсон и Кристијансон. Селектор – Гудмунд Гудмунсон.

clip_image009.png
Јапонија

Јапонија како и Бахреин по мене се апсолутни аутсајдери во групата. Освен Шиносуке Токуда, Реми Анри Дои и Адам Јуки Бајг, кои играат во Европа, сите играчи им се од домашното првенство.

Селектор на јапонците е Дагур Сигурдсон, оној кој ги донесе германците до титулата на европското првенство во 2016 година.

Бахреин

Бахреин e најслабата екипа во групата Б, со играчи исклучиво од домашното првенство. Нивната борба ќе биде со Јапонија да го избегнат фенерџиското место во групата, при која борба Јапонија според мене има предност. Повторно како и кај јапонците, селектор е исланѓанец, поточно Арон Кристијансон, кој беше тренер на Исланд до почетокот на 2016 година.



clip_image011.png
 
Фали Исланд во анкетава
 
Шпанија, Хрватска и Исланд одат понатаму за жал
 
Најавено е присуство на неколку групи од Македонија, околу 1000 навивачи и група од дијаспората од Виена, а сеуште официјално не соопштиле како се организирани за ова СП од дијаспората од Германија. - Ракометни Вести
- Значит можно е да се собериме 1500 души +/-
 
Најдобро пред секое големо натпреварување на кое настапува нашава репрезентација е да немате преголеми очекувања. Гледајте си ракомет со уживање, четири у вис и доколу дај боже се случи нешо слично како на ЕП во кошарка во Литванија топ, ако не пак здравје пошо според мене учеството на големите натпреварувања е нашиот врв. Јас лично сметам дека сме репрезентација која никогаш не го достигна оној момент да игра гранитна одбрана ( лоша координираност и реално толку е знаењето во дефанзива) така да мислам дека и тоа е и главниот проблем поради кој никогаш не сме успеале да застанеме во линија со најдобрите на големите натпреварувања. Коа на тоа ќе се додаде и нападот кој исто така не е најсјаен ( нема да го земам како репер натреварот со оваа Србија бидејќи е смешно)според мене тешко може да се очекува некој спектакуларен настап. Сметам дека ќе се повторат настапите од минатите години, можно е да направиме некое изненадување, а можно е и да го изедеме од Јапан. Според тоа, као што кажав претходно без многу нервози и уживајте во добар ракомет!
 
Клучно е да немаме преголеми очекувања. Најверојатно последната со Исланд ќе решава, баш ќе биде онака како финале за нас, па и за нив. И во Хрватска 2009 отидовме без некои посебни очекувања па паднаа и Полска и Русија кои тогаш беа меѓу најдобрите екипи во светот. Можда и последно првенство со Раул на клупата, па се надевам и од негова страна малку подобри тактички решенија. Баравте подмладување на екипата, еве да видиме и каква иднина имаме. Ако поминеме во втора фаза, полна капа. Конечен пласман во топ 10 би било огромен успех.
 
Имаме шанса за 3то, реална шанса. Само паметно да се изигра. Се ќе зависи од Кузманоски и Талески сугурно ќе играат по 50+ минути. И детево на десен бек ќе мора да одигра, нема да може Кире сам.
Стандард најголем проблем ни се голманите, а знајме дека добар голман е пола екипа, да се молиме Борко да е станат на десна нога.
Со Бахреин и Јапонија ама не сакам ни да помислам на кикс, мора да се добијат на искуство. Со Исланд се знае, ако го затвориме Палмарсон на среден бек 90% од работата е завршена.
Со среќа и памет во глава!
[emoji1154][emoji1154][emoji1154]
 
Штознам,јас некако сум песимист дека ќе поминеме група,многу ќе биде гадно на последниот натпревар со Исланд.
За успех во овој натпревар треба да се поклопат неколку работи според мене.
1. Добар ден на Министерот
2. Да се затвори Палмата и пикерот(многу слабо го чуваме играчот на линијата),со добар плеј како Палмарсон пикерот ќе има доста простор
3. Одбраната да одигра најдобро што може,овој дел сметам дека ни е најслаб,факинг Велко ми е многу изгубен и доста сме ниски
4. Да се одмараат на претходниот натпревар или да добијат помала минутажа Талески и Кузмановски кои очекувам да играат по 45-50 мин. на секој натпревар
Ама па ние сме Македонија,мора да стегнат заби момците и да играат со срце.Може да изгубиме од Јапонија па да ги победиме Хрватите со гол на 5 секунди до крај :eek:
Со среќа на момците и се надевам ќе гледаме убави натпревари.
 
Мене највеќе ме плаши како ќе функционира одбраната.
 
Не се претесњавајте, ќе ја поминеме групата. Можеби нема да бидеме прво место, ама второ или трето сигурно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom