- Член од
- 17 август 2014
- Мислења
- 3.905
- Поени од реакции
- 6.748
Очигледно дека не пратиш младински категории, то дете шо според тебе немат физичка предиспозиција за таа позиција моментално ни е едина надеш дека во иднина ќе го заменит Лазаров (барем достојно), ако погледаш некоја утакмица од младински категории ќе заприметиш дека стилот на игра му е ист ко Лазаров, и во младинците е еден од најталентираните ако не и најталентиран, зато со само 18 години е во репрезентација, во сеха лига со Металург играт доста солидно, посебно за негови години, за младинци да непрам муабет, немат утакмица да е испод 10 гола.Последните неколку минути изгледаше ко судииите да им се наклонети, али ајде. Битно не знам како не досудија нешто, било што, за моментот колено-лице, кое мене ми изгледаше намерно, али и да не било ете, голман онака не смее да скока ко мајмун. И режијава сто пати го даде моментот, не знам како нашиве не се побунија ич.
Бтв, она детето што ни е ко замена на позиција на Кире, како и да се презива, што играше второ со Шпанците, како уопште некому му текнало дека тоа дете има физичка предиспозиција за таа позиција? Искрено, дотолку ли нема левичари, па идат со вакви фаци?
После пензионирањето на Митков, и повредата на Велковски, да, немат левичари, затоа Серафимов е во репрезентација. Искрено и Велковски да не е повреден јас пак би го повикал Серафимов.


преголема е дупката меѓу генерациите, така што мора што подолго да се задржат искусните за падот да биде помал. Особено Кире, треба да го молат да игра што подолго. Иначе не ќе можеме претквалификации да поминеме. Серафимов, Танкоски и останатите треба да дојдат на ниво на Талески и Кузмановски, а овие да одат чекор понапред за да имаме каква-таква шанса за пласирање. 