Група А (Јужна Африка, Мексико, Уругвај, Франција)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не беше нешто посебно утакмицава иако можда очекував да тепа Мексико:) на крајов која статива беше опната аууууу...весело весело...ама ипак мора и кладилниците да се у ќар:)
 
солидно отварање... сепак не како минатото 4:2
Уругвај вечер губи, победникот меѓу нив и Мексико иде у 1/8.
 
Уф незнам како ги преживеав последниве минути :icon_mrgr
Поволен нерешен резултат после се што се случуваше на теренот. Прво полувреме во кое Мексико заслужи да води предводен од најдобриот играч на теренот Џовани Дос Сантос. Неколку наврати промаши убави шанси, а еднаш тоа го направи и Гиљермо Франко. Е сега постоеа две можности. Или Мексико да поведе и со тоа да го реши мечот или пак Африка да поведе и да се затвори и да чека шанси по контри. Переира ја доби тактичката игра со Агире, па ги пополни празнините од левата страна, а Агире не стори ништо за да ја промени својата очајна одбрана. И потценување од страна на Мексиканците, се отворија безпотребно, и стигна казната. Прекрасен гол на Чабалала. Мислев дека овде битката е изгуубена. Се редеа шанси пред голот на перез, но имаше среќа во неколку наврати. Дос Сантос играше осамено на спротивната страна и ја промаши единствената шанса до израмнуивањето за Мексико. И тогаш Гвардадо нафрла (прекрасна топка, не дека е од Депортиво па го изнафалив, ама топката беше топ, иако се на се одигра просечен меч), и Маркез се поправи за лошата партија и израмни на 1-1. До крајот одново Мексико напаѓаше а последната и 100% шанса ја имаше Африка. Се на се релно нерешено со кое може да бидат задоволни и двете екипи :smir:
Потег на мечот е внесувањето во игра на Бланко :icon_mrgr
колку акции упропасти...
 
Шабалала бе :pos: Супер воведен натпревар. И офсајд беше тоа, немаше судијата да го дигне знамето за џабе и да се обрука, коа сигурно го виде играчот до линија.

А зашто Очоа не бранеше место овој копуков? Вака и мислев дека ќе биде, нерешено овде. Сеа мислам дека Мексико ќе ги тепа двете до крај.

Одличен вовед сепак :)
 
Стварно бе треба да ги забранат вувузелите....ајде пак нека се пожалат играчите и судиите!

Не знам зошто ФИФА одбија да ги забранат! Без везе свират...без разлика дали е шанса за гол или пак постигнале гол...или играта е тотално смирена тие продолжуваат по свое.

Па треба малце да има реакција од страна на публиката кога има шанси за гол...у пм далеку сеуште се од Европа!
 
Ах бе Мексико бе. Кога незнаевте да си ги искористите шансите во прво полувреме кој ви е крив. А на крај Јужна Африка може да жали оти не тепаше со оглед на стативата:) Се на се интересна утакмица со шанси, па вечер навиваме против Франција:)
 
Али ме насмеа коментаторот со Маркез вели главната движечка сила во Барселона, или нешто слично изјави во тој концепт, а Маркез цела сезона една утакмица не изигра што би се рекло.

Инаку за резултатот мислам дека најреално заврши нерешено, Гвардадо треба да се игра од почеток затоа што заслужува.

П.С. Абе она Македонска ТВ неможат ли до толку да стават еден тајмер во чошон и резултат :tapp: техникава кеде отиде тие немаат наједноставен тајмер. Барем да беше комплицирано ќе сватев, уште се фалат на ХД одела сликата. Што фајде од тоа кога немаат еден тајмер со резултат ставено :tapp:
 
Според мене вака ќе биде:

Вечер Франција ќе победи

Потоа Франција - Мексико нерешено, исто и Уругвај ЈАР.
На крај Франција победува против ЈАР, Мексико против Уругвај, и Мексико и Франција одат понатаму:tv:
 
Нека земе малку да коментира, сигурно не ги ни знае играчиве...

Да ти кажам не ги знае. Безброј пати ги мешаше, а најсмешно што и Бланко со препознатливите бели копачки не успеваше да го препознае. Тешко дебилче е овој коментатор, многу ме иритира.

Искрено ме разочаравте вие што мислевте дека НЕ е офсајд. Добро бе луѓе?!

Јас, за разлика од многумина, бев за Ј. Африка и жал ми е што не победија. Мексиканциве играа досаден, спор фудбал, додека Бафана играше брзо и рационално. Проблем имаат во одбраната единствено во недостаток на квалитетни играчи.
И на оваа тема ќе споменам, Шабалала и Модис заслужуваат добар европски клуб, не ми е јасно како досега не биле уочени, имаат 25 и 28 години.

Уругвај и Франција одат понатаму дефинитивно.
 
Супер натпревар не знам што толку трагично голманов на Афрканциве изреагира. Реално, повеќе играше Мексико ама со оглед на тоа што скоро сите шанси на ЈАР беа 100% (и со оглед на стативата во 90та) - многу фер резултат. Би сакал и двете да продожат понатаму.

Вечер ќе биде исто јако - ќе се извлечат ли Французиве со мувла игра или ќе попијат нешто за памет..?
 
Добар натпревар, судиите на место, шанси, интересни голови, доста поинтересно отколку што очекував! Натпреварот беше тотално изедначен, според мене немаше подобар противник. 3ката од мексико им беше како послаба алка, неколку пати со лоши уфрлања, а африканциве имаа доста можности за добри акции што не ги искористија! Не би прогласил никој од овде за аутсајдер, секоја екипа може да помине група, дури ни франција не е сигурна...
 
Мексико може да жали за пропуштените шанси во првото полувреме па и одличниот удар во второто на Џовани.:)
Како и да е одлично отварање а вечер навиваме за Уругвај.:)
 
Кога даде Мексико гол се смирија зурлене на стадионон и мислам дека за секунда доживеав олеснуање од оние бумбари.

БТЊ. одбранана на Мексико швајцарско сирење
 
П.С. Абе она Македонска ТВ неможат ли до толку да стават еден тајмер во чошон и резултат :tapp: техникава кеде отиде тие немаат наједноставен тајмер. Барем да беше комплицирано ќе сватев, уште се фалат на ХД одела сликата. Што фајде од тоа кога немаат еден тајмер со резултат ставено :tapp:

Јас сум во Словенија моментално и ваму немаше тајмер, изгледа е пропуст од африканциве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom