- Член од
- 9 март 2007
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 21
Власта го руши планот на Црвенковски за враќање на опозицијата во собраниските клупи. Експресно ги стави на дневен ред законите кои претседателот Црвенковски одби да ги потпише.
Доцна попладнево минаа измените на законите за енергетика, за експропријација и уште неколку други закони за кои Претседателот се изјасни дека доколку опозицијата се врати во Парламентот, тој нема да го стави својот потпис на нив.
Се очекува на собраниската седница да се гласа и за најспорниот, законот за јазиците.
Пратениците коментираат дека станува збор за правен преседан, бидејќи законите не можат повторно да се стават на дневен ред доколку немаат претседателот на Собранието нема писмено известување од Црвенковски зошто не ги потпишува законите.
Од кабинетот на Црвенковски изјавија дека се шокирани од „насилието што се врши врз принципите на правната држава и Уставот на Македонија“.
Дали со ова пропаѓа планот за комплетирање на македонскиот Парламент. ДПА веќе се изјасни дека ќе се врати во Собранието ако се расправа за Законот за јазици. СДСМ и пред седницата на Собранието немаа став, бидејќи го чекале Заев да се изјасни дали ја прифаќа аболицијата.
Според собранискиот Деловник, ако Претседателот и по втор пат не ги потпише законите, пратениците уште еднаш можат да одлучуваат, потоа Претседателот има обврска да ги потпише указите за нивно стапување на сила.