Грицкање нокти (дали грицкате?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
а што има врска грицкањето нокти со гурманско катче?
Сепак нешто се јаде :pos2:

Јас го имам тој проблем, ги грицкам и ноктите и кожичката околу нив, некогаш и живецот (несакајќи). :icon_roll Посебно се слатки после бањање:)
Мајка ми се канеше како помал да ми купи некојси лак специјален против одвикнување, ама никогаш не купи, ваљда тоа помага.
 
Јас до пред 2-3 години немав употребено грицкалка за раце
Ептен бев зависна од грицкање нокти и кожичката од страна ама се одвикнав...:)
Не ми помагаа ни некои си чудни горчливи лакови ни било што
едноставно решив да имам долги нокти и кажав на најблиските ако ме видат да грицкам да ме удрат, и со помош на лак...ке се налакирам и го вадев лакот место да грицкам :)

* Само на малиот прст сеуште грицкам, по потреба од нервоза :) :)
 
Не грицкам, никогаш не сум грицкала.
Иначе чаре.....прстите да се брцнат или намачкаат со нешто луто. Никогаш повеќе нема да ти текне да ги пикниш во уста.
 
А темава зш во гурманско катче? Не е за во Општи муабети?

Инаку, и јас грицкав нокти, па се откажав, па пак почнав и така цело време. Лоша навика е! Можам да се откажам без лакови и такви глупости, ама кога ќе се изнервирам им нема спас... :kesa:
 
Грицкам редовно незнам ни како сум почнал ни зошто,сум пробувал да престанам али ништо од тоа. По-нехигиенска работа од тоа здравје,многу лоша навика а мислам и многу тешка за одвикнување.Пушев цигари 8 год. ги оставив еве 3 како непушам,али ова тешко се остава.Ако има некој некоја (финта) добро ќе ми дојде да се одвикнам од ова.
 
Имав еден наставник по хемија до осмо што на оние кои грицкаа им ставаше некоја киселина на ноктите на час. и после грицкај да те видам :)
 
Грицкам и тоа бајаги.На страна во моменти на нервоза, меѓутоа и несвесно некогаш, пример пијам кафе или слично, и во нареден момент ги гледам прстите во уста.Никако да се одвикнам!Се лакирав ми стоеше недела дена но потоа пак нервози надојдоа и заедно со лакот ги изгрицкав:icon_lol:
Во последно време приметив, почнав и мевцето од страна да го грицкам или да го љупам со ноктите(кои останале), страшно.
Чаре ако знае некој нека кажува:)
 
Јас грицкам. :nesum: На моменти успевам да се откажам од таа навика, на пример на лето. Но, секогаш кога ќе почнам на школо морам да гризам нокити од досада, нервоза и сл. Мора чаре да се најди. :)
 
Не ! Никако !
Може само некоја кожичка отстраната ама тоа еднаш во месецот и послем се каам ... ://
 
Од кога ноктите спаѓаат во храна?
Ве молам просветлете ме, да не има некој специјалитет со нокти?
 
Мајка ми се канеше како помал да ми купи некојси лак специјален против одвикнување, ама никогаш не купи, ваљда тоа помага.

ЈОК! Не помага. Ме налакираа еднаш одамна и знам дека имам гаден лак на нокти за да не грицкам, па тоа дополнително ме нервозираше и ем горчи ем грицкав од инат:uvo:

Сега последниве 2 години не грицкам, иако и претходно имав периоди на негрицкање кои траеа месец до два максимум.
Спасот го најдов во редовното лакирање со убави лакови, интересни шари и греота ми е да ги грицкам :)))
Не дека и сега не знам кожичките да ги грицкам :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom