Филозофка
Amelie Poulain
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 1.680
- Поени од реакции
- 525
Па не сум сигурна Ада исто како што реков, еве да претпоставиме хипотетички дека алчноста не се родила на почетокот на човештвото, меѓу тамошните пештерски луѓе.Капитализмот ги генерира таквите филмови како само-оправдување.
И како што реков, алчност (условно кажана) кога се работи за знаење, љубов...за се што е дел од тебе, а што не е нешто надворешно е секако продуктивна.
Алчност за материјални ствари пак, е страв и пополнување на празнина..Страв оставен од нашите предци, кои грабале територии и ресурси на храна за да преживеат, страв оставен од нашето его, кое расте само преку надворешни одлики и празнина од недостаток на смисол и правец во себе, кој се компензира со материјални светкави нешта во огромни количини.
Али, за жал, таквото нешто никад не си ја исполнува првичната функција. Стравот не се уништува и празнината не се поплнува, туку напротив се мултиплицираат.
Дали ќе имавме денес напредок? Дали некој воопшто може да твори и да придонесува за доброто на сите да измислува технологии и лекови во медицината, без притоа да очекува награда за тоа?
Не би рекла е сега тоа е веќе испревртено сите вредности се испревртени, јас би рекла дека алчноста на почетокот била корисна но како што минувало времето станала извор на злоба, трупање на материјални богатства на мал број капиталисти за сметка на милијарди страдални сиромашни луѓе,
еве на пр. ќе дадат пример од медицината, денес се оди во таа крајност што лековите што ги произведуваат гигантските фармацефтски компании и прават милијарди од нив не се веќе ефикасни, и на пр. кога некоја помала компанија ќе направи чекор понапред еве на пр. измислиле лек што ракот може да го држи во фаза на хронична болест и да може да се контролира, на пр. ова откритие е попречено од некои си фармацефтски великани водени од алчноста бидејќи бизнисот со цитостатици е далеку попрофитабилен за нив и тие не сакаат да си загубат некое милионче па дури и по цена на сите оние заболени од рак, ова веќе оди во крајности и човештвото повеќе не може да просперира на овој начин, ова веќе станува игра на купче капиталисти кои што играаат монопол додека светот пропаѓа и нови болести се измислуваат а сеуште за старите лек не се пронашол а и да се пронашол не бил пуштен во употреба, заради нечии бизнис интереси.
Значи чувството на алчност порано било продуктивно заради тоа чувство се измислиле основните помагала што го олеснуваат секојдневниот живот, но денес веќе еволуирало во безчуствителна форма на злобна игра чија единствена цел е присвојување на што е можно поголема придобивка за мал број на монополисти за чија сметка страдаат милијарди луѓе осудени да бидат само статистичка бројка и ништо повеќе во светот.



.