Greed is good?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Justice for All
  • Време на започнување Време на започнување
Капитализмот ги генерира таквите филмови како само-оправдување.

И како што реков, алчност (условно кажана) кога се работи за знаење, љубов...за се што е дел од тебе, а што не е нешто надворешно е секако продуктивна.

Алчност за материјални ствари пак, е страв и пополнување на празнина..Страв оставен од нашите предци, кои грабале територии и ресурси на храна за да преживеат, страв оставен од нашето его, кое расте само преку надворешни одлики и празнина од недостаток на смисол и правец во себе, кој се компензира со материјални светкави нешта во огромни количини.
Али, за жал, таквото нешто никад не си ја исполнува првичната функција. Стравот не се уништува и празнината не се поплнува, туку напротив се мултиплицираат.
Па не сум сигурна Ада исто како што реков, еве да претпоставиме хипотетички дека алчноста не се родила на почетокот на човештвото, меѓу тамошните пештерски луѓе.
Дали ќе имавме денес напредок? Дали некој воопшто може да твори и да придонесува за доброто на сите да измислува технологии и лекови во медицината, без притоа да очекува награда за тоа?
Не би рекла е сега тоа е веќе испревртено сите вредности се испревртени, јас би рекла дека алчноста на почетокот била корисна но како што минувало времето станала извор на злоба, трупање на материјални богатства на мал број капиталисти за сметка на милијарди страдални сиромашни луѓе,
еве на пр. ќе дадат пример од медицината, денес се оди во таа крајност што лековите што ги произведуваат гигантските фармацефтски компании и прават милијарди од нив не се веќе ефикасни, и на пр. кога некоја помала компанија ќе направи чекор понапред еве на пр. измислиле лек што ракот може да го држи во фаза на хронична болест и да може да се контролира, на пр. ова откритие е попречено од некои си фармацефтски великани водени од алчноста бидејќи бизнисот со цитостатици е далеку попрофитабилен за нив и тие не сакаат да си загубат некое милионче па дури и по цена на сите оние заболени од рак, ова веќе оди во крајности и човештвото повеќе не може да просперира на овој начин, ова веќе станува игра на купче капиталисти кои што играаат монопол додека светот пропаѓа и нови болести се измислуваат а сеуште за старите лек не се пронашол а и да се пронашол не бил пуштен во употреба, заради нечии бизнис интереси.
Значи чувството на алчност порано било продуктивно заради тоа чувство се измислиле основните помагала што го олеснуваат секојдневниот живот, но денес веќе еволуирало во безчуствителна форма на злобна игра чија единствена цел е присвојување на што е можно поголема придобивка за мал број на монополисти за чија сметка страдаат милијарди луѓе осудени да бидат само статистичка бројка и ништо повеќе во светот.
 
Испушташ еден важен фактор а тоа се вика еволуција алчноста сеуште ни е потребна(иако е дел од фаза) за да ние се потрудиме да дојдеме до откритие за да ние се образоваме,за да нашите родитли инвестираат во образование наше.....

Алчноста е таа што засега го тера светот да работи како што треба, далеку е денот кога реално комунизмот ќе профункционира каде што никој нема да има плата и сите ќе бидат навистина еднакви ама за тоа треба свесност :)
Ако е распостранета и се слага со доминантниот општествен систем, не значи дека е единствена и правилна.
Секој има шанса за избор. Секој има шанса да си ја унапреди свесноста. Потребна е само желба. А, желбата очигледно е у мањак од повторно, очигледни причини. Али не и непремостиви.

Патем, знаење и официјално образување не е исто. И тука алчноста не е главниот двигател.

Значи чувството на алчност порано било продуктивно заради тоа чувство се измислиле основните помагала што го олеснуваат секојдневниот живот, но денес веќе еволуирало во безчуствителна форма на злобна игра која единствена цел е присвојување на што е можно поголема придобивка за мал број на монополисти за чија сметка страдаат милијарди луѓе осудени да бидат само статистичка бројка и ништо повеќе во светот.
Зарем откритијата на Ајнштај биле мотивирани од тоа колку некој ќе му плати за нив?
Медицината како професија, исклучиво од тоа колку оние кои ја изучуваат ќе добијат за својата дејност?

Алчноста, барем јас така ја разбирам, е желба за поседување на материјални нешта и е со негативна конотација. На почетокот територии и ресурси за храна, денес статусни симболи во форма на коли, вили, што ти ја знам.

Но, како што реков, сметам дека уште во првичнниот пост, измешани се поимите. Алчност за акции на берза не е исто што и жед за знаење, креација и сл.

Патем, апсолутно се слагам со суштината на твојот пост.
 
Напишано од Аda
Зарем откритијата на Ајнштај биле мотивирани од тоа колку некој ќе му плати за нив?
Медицината како професија, исклучиво од тоа колку оние кои ја изучуваат ќе добијат за својата дејност?
Albert Einstein
The most precious things in life are note those one gets for money.
Затоа Ајнштајн е уникатен генијален примерок во целокупното наше битисување за разлика од обичните алчни генијалци и изумители кој воглавном на патот кон своето откритие се водени од алчноста.
Инаку како што реков алчност за пари да.
Алност за знаење не постои, алчност за помагање на другите луѓе не постои за жал.
Кога ние учиме тоа го правиме за да бидеме конкуренти на пазарот на трудот да имаме диплома за да не вработат а не за да знаеме повеќе од другите туку за да имаме повеќе од другите.
 
Испушташ еден важен фактор а тоа се вика еволуција алчноста сеуште ни е потребна(иако е дел од фаза) за да ние се потрудиме да дојдеме до откритие за да ние се образоваме,за да нашите родитли инвестираат во образование наше.....

Алчноста е таа што засега го тера светот да работи како што треба, далеку е денот кога реално комунизмот ќе профункционира каде што никој нема да има плата и сите ќе бидат навистина еднакви ама за тоа треба свесност :)

Тоа е реалноста, да. Само по мое лично мислење тој израз еволуција е и многу злоупотребен, во стил - има време за да дојде генерација на добри луѓе, генерација на хармонија, ние ќе бидеме иноватори и бизнисмени по секоја цена. А на секој човек му е доволен момент на одлука да биде безусловно добар каков што е во суштина, само ако сака. Утопија за сега ама морав да се искажам. :)
А освен тоа, не мора да значи дека без алчност ќе си останевме пештерски луѓе, туку полека полека... со љубов. :)
Ај уште малку само со ова. :)

Па не сум сигурна Ада исто како што реков, еве да претпоставиме хипотетички дека алчноста не се родила на почетокот на човештвото, меѓу тамошните пештерски луѓе.
Дали ќе имавме денес напредок? Дали некој воопшто може да твори и да придонесува за доброто на сите да измислува технологии и лекови во медицината, без притоа да очекува награда за тоа?
Не би рекла е сега тоа е веќе испревртено сите вредности се испревртени, јас би рекла дека алчноста на почетокот била корисна но како што минувало времето станала извор на злоба, трупање на материјални богатства на мал број капиталисти за сметка на милијарди страдални сиромашни луѓе,
еве на пр. ќе дадат пример од медицината, денес се оди во таа крајност што лековите што ги произведуваат гигантските фармацефтски компании и прават милијарди од нив не се веќе ефикасни, и на пр. кога некоја помала компанија ќе направи чекор понапред еве на пр. измислиле лек што ракот може да го држи во фаза на хронична болест и да може да се контролира, на пр. ова откритие е попречено од некои си фармацефтски великани водени од алчноста бидејќи бизнисот со цитостатици е далеку попрофитабилен за нив и тие не сакаат да си загубат некое милионче па дури и по цена на сите оние заболени од рак, ова веќе оди во крајности и човештвото повеќе не може да просперира на овој начин, ова веќе станува игра на купче капиталисти кои што играаат монопол додека светот пропаѓа и нови болести се измислуваат а сеуште за старите лек не се пронашол а и да се пронашол не бил пуштен во употреба, заради нечии бизнис интереси.
Значи чувството на алчност порано било продуктивно заради тоа чувство се измислиле основните помагала што го олеснуваат секојдневниот живот, но денес веќе еволуирало во безчуствителна форма на злобна игра чија единствена цел е присвојување на што е можно поголема придобивка за мал број на монополисти за чија сметка страдаат милијарди луѓе осудени да бидат само статистичка бројка и ништо повеќе во светот.

Прилично се сложувам и со тебе и со Ада :), и да, најголемите иноватори, и всушност вистинските иноватори живееле во беда. Никола Тесла, еден од најголемите умови воопшто, живеел и умрел во беда, а бил научник основоположник, неговото знаење само го надоградувале и злоупотребувале.
И уште нешто, и да немало никакви лекови ни било какви материјално технички удобности (што не верувам) по цена на имање хармонија и сложување... ниедна болест или тешкотија не боли колку злото што човек на човека му го прави.
 
Тоа е реалноста, да. Само по мое лично мислење тој израз еволуција е и многу злоупотребен, во стил - има време за да дојде генерација на добри луѓе, генерација на хармонија, ние ќе бидеме иноватори и бизнисмени по секоја цена. А на секој човек му е доволен момент на одлука да биде безусловно добар каков што е во суштина, само ако сака. Утопија за сега ама морав да се искажам. :)
А освен тоа, не мора да значи дека без алчност ќе си останевме пештерски луѓе, туку полека полека... со љубов. :)
Ај уште малку само со ова. :)

Прилично се сложувам и со тебе и со Ада :), и да, најголемите иноватори, и всушност вистинските иноватори живееле во беда. Никола Тесла, еден од најголемите умови воопшто, живеел и умрел во беда, а бил научник основоположник, неговото знаење само го надоградувале и злоупотребувале.
И уште нешто, и да немало никакви лекови ни било какви материјално технички удобности (што не верувам) по цена на имање хармонија и сложување... ниедна болест или тешкотија не боли колку злото што човек на човека му го прави.
Па така е :) вистинските иноватори биле водени од хумани чувства, а не од алчност, токму поради тоа денес страда целото човештво заради тоа што таквите иноватори се во изумирање или не постојат, сите нови изуми што ќе се пронајдат прво се вагаат од големите монополисти водачи на глобалнава игра дали би имале корист или не пред да бидат пуштени во употреба и да можат да помогнат на милијарди страдални души денес алчноста зема огромен замав.
 
Еве една интересна приказна...
Во една пригода, еден белец го повикал својот ријател Индијанец на гости во големиот град.
И еден ден тргнале тие двајца во прошетка низ градот. И така додека шетале индијанецот застанел и рекол:- Слушам штурче!- Невозможно! Од толкава бучава и чекорењето на минувалите ти слушна штурче-рекол белецот.
По таа забелешка Индијанецот се наведнал, ги тргнал гранките од блиската грмушка и му го покажал малото штурче.- Но, како?- прашак белецот.
На тоа прашање Индијанецот му побарал паричка и ја фрлл на плочникот. Паричката се огласила со својот познат метален ѕвон и во истиот миг минувачите запреле и се свртеле кон местото од каде доаѓал звукот на паричката.
- Она што си научил да го слушаш, ќе го чуеш, колкава и да е бучавата околу тебе- одговорил Индијанецот.
Гледаш овие луѓе во бучавата ја слушнаа паричката, ама штурчето - не.

Реална приказна за начинот на кој се живее денес.
Инстинктивно ги осудуваме гревовите на убиство и кражба, а гревот на бескрајната желба да се има се' што има соседот, па и повеќе од тоа останува незабележан.Како нашата совест да е нечувствителна на овој грев.Акумулирањето што поголемо богатство, контрола над природните богатства и контрола над луѓето е она за кое денес секој индивидуапно се бори, одамна нема веќе никој не придонесува за колективно добро. Незнам дали забораваме или сеуште несфаќаме колку многу сме гнасни.
 
Која е границата кога велиш, имам добар и исполнет живот, и сега може да речам доста е?
Ја нема.

Секој постојано сака уште и уште. Незистноста е вообичаена одлика. А, тоа што секој не може да ја доведе до екстрем, е затоа што некој пред него грабнал повеќе.

И постојано се дешава така. Сите сакаат да поседуваат, ама нема за сите доволно шанси. И еве рецепт за незадоволство и страв.

Затоа што прво, никад нема да бидеш задоволен со она што го имаш, а ко второ, никогаш нема да го имаш перманентно, туку постојано ќе може да ти биде одземено/изгубено.

Оттаму, секогаш кога се работи за материјални нешта, задоволство, сигурност и мир нема. Има само кога збориме за она што го создаваш и акумулираш во себе, било да е знаење, љубов и сл.

Епа ете тоа е...затоа е алчноста лоша,затоа што не постои таа граница,затоа што колку и да дробиме овде вака така-не знаеме за доста кога станува збор за пари.
Кажав желбата за повеќе е во сите нас и само ако има граница и регулирање на алчноста таа ќе биде добра.Ама бидејќи тоа не е изводливо,останува таа да биде уште еден штетен фактор во нашите животи.

Секој ден си ги копаме очите еден на друг само заради ненаситност,а на крај на сите ќе ни дадат 2 метри под земја.
 
Ако е распостранета и се слага со доминантниот општествен систем, не значи дека е единствена и правилна.
Секој има шанса за избор. Секој има шанса да си ја унапреди свесноста. Потребна е само желба. А, желбата очигледно е у мањак од повторно, очигледни причини. Али не и непремостиви.

Патем, знаење и официјално образување не е исто. И тука алчноста не е главниот двигател.
Poradi официјално стекнатат диплонма не вработуват+знаењето кое го покажуваме на работното место :)
Поради тоа задржуваме работа

Кон болдот:Грешка
Ти и јас имаме пристап кон медиуми и ред други едукативни средства што со оние 3 милијарди кои едвај преживуват а немат никаков пристап кон информации тоест ги филтрирано низ медиуми ниту пак пристап кон книги поради очигледни финансиски причини.Како жити се ќе стекнат свесност подалеку таа дека денес треба да јадат?

Проблемот е во системот то ест владеачката елита која го држи остатокот на светот од светот подјарени се додека работта не дојде до нож под грло системот то ест владеачката елита нема да дозволи принцип на функционирање каков што ние сакаме (комунизам)

Тие не скаат да го изгубат приматот ако заблежуваш ада во доменот гнетика и биотехнологии и медицина работите рапидно се придвижуваат набрзо покрај финансиски јаз меѓу сиромашните и богатите ќе има генетски :)
By the way :знаеш за оние експерименти кои ги имаат спроведувано пред едно 30 години?:)
Тоа е реалноста, да. Само по мое лично мислење тој израз еволуција е и многу злоупотребен, во стил - има време за да дојде генерација на добри луѓе, генерација на хармонија, ние ќе бидеме иноватори и бизнисмени по секоја цена. А на секој човек му е доволен момент на одлука да биде безусловно добар каков што е во суштина, само ако сака. Утопија за сега ама морав да се искажам. :)
А освен тоа, не мора да значи дека без алчност ќе си останевме пештерски луѓе, туку полека полека... со љубов. :)
Ај уште малку само со ова.
:)
Грешка втор пат
Ние сме животни пред се.Ние уште долго време ќе се бориме против инстиктите стекнатие милиони години ипротив правилата на природата

Ние имаме горлива потреба да се докажеме дека сме способни то ест да ја оправдаме нашата егзистенција тое не води до алчноста и до борбата за доминација
Правила на природата само најспособните опстануваат овде се богати во нашиот свет :)
jea I know it sucks:D
 
Poradi официјално стекнатат диплонма не вработуват+знаењето кое го покажуваме на работното место :)
Поради тоа задржуваме работа

Кон болдот:Грешка
Ти и јас имаме пристап кон медиуми и ред други едукативни средства што со оние 3 милијарди кои едвај преживуват а немат никаков пристап кон информации тоест ги филтрирано низ медиуми ниту пак пристап кон книги поради очигледни финансиски причини.Како жити се ќе стекнат свесност подалеку таа дека денес треба да јадат?

Проблемот е во системот то ест владеачката елита која го држи остатокот на светот од светот подјарени се додека работта не дојде до нож под грло системот то ест владеачката елита нема да дозволи принцип на функционирање каков што ние сакаме (комунизам)

Тие не скаат да го изгубат приматот ако заблежуваш ада во доменот гнетика и биотехнологии и медицина работите рапидно се придвижуваат набрзо покрај финансиски јаз меѓу сиромашните и богатите ќе има генетски :)
By the way :знаеш за оние експерименти кои ги имаат спроведувано пред едно 30 години?:)
Грешка втор пат
Ние сме животни пред се.Ние уште долго време ќе се бориме против инстиктите стекнатие милиони години ипротив правилата на природата

Ние имаме горлива потреба да се докажеме дека сме способни то ест да ја оправдаме нашата егзистенција тое не води до алчноста и до борбата за доминација
Правила на природата само најспособните опстануваат овде се богати во нашиот свет :)
jea I know it sucks:D

НЕ...пред кој да докажам дека сум способен и за што!!!!

оправдување на егзистенција не треба да води кон алчност и доминација...напротив кооперација!!!

правилото на природата само најспособните опстануваат се однесува првенствено на животиња...ние имаме свест која ако ја насочиме правилно работите ке бидат други!!!!

кој сака нека се богати баш ми е гајле...иронијата е:vozbud:

што тука има кооперација:toe:

а тие три милијарди одделуваат над 20% од БДП за оружје...види види
 
Точно, кооперацијата (соработка,мутуализам) е на прво место во еволутивните процеси. Не знам од каде заблудата дека такмичењето е на прво место!? 70% од земјиниот екосистем се базира на мутуализам-соработка за опстанок. Потоа доаѓаат и другите елементи како такмичење,симбиоза,паразитизам и многу други врсти на интеракција во природата.
Размислете дали сте виделе Тигар од 10 тони (природен еквивалент на богаташ со милијарди долари). Или Дрво кое напаѓа друго дрво!?
Животинката јаде колку да се засити.

Правила на природата само најспособните опстануваат овде се богати во нашиот свет :)
jea I know it sucks:D

Ај, читнете го малку чика Дарвин...
Еден прост пример - Роман Абрамович према твоево е поспособен од Ајнштајн, Тесла и Едисон заедно ако се земе алчноста и парите.
Реалити чек - бивши кодош од ГРУ кој се нафатирал при распадот на СССР и приватизацијата на нафтената индустрија од шака политичари и агенти.

Способноста е многу злоупотребуван збор.

Форсирањето на предаторството/такмичењето како основа во еволуцијата не е од Дарвин туку од Социјал-дарвинистичките учења и пропаганди како Еугенистите,нацистите,бољшевиците и во поново време крупниот капитал.
 
ме смееш пак треба способност зошто баш тој од сите 100 и нешто милиони руси успеал да се нафатира заедно со неколкумина?:)

Кооперација постои но не на таков начин као што ние сакаме да биде
Се здружуваме поради заеднички интерес не од љубов кон другиот :)
Затоа има борба меѓу групи и во нив исто така

правила на природата :)Научете пред да биде касно
 
треба подлост и немање осет!!!!!!!

ако интересот е заеднички и ние знаеме чуму повеке групи!!!!!патем љубовта не заслужува простор овде туку алтруизмот...или еве целта кон која целиме!!!!

правила на природата за инстиктивни бика!!!:helou:
 
ме смееш пак треба способност зошто баш тој од сите 100 и нешто милиони руси успеал да се нафатира заедно со неколкумина?:)

Кооперација постои но не на таков начин као што ние сакаме да биде
Се здружуваме поради заеднички интерес не од љубов кон другиот :)
Затоа има борба меѓу групи и во нив исто така

правила на природата :)Научете пред да биде касно

Не е работата дали сакаме или не, точно има заеднички интерес но поради опстанок на прво место е соработката.

Зошто тој УСПЕАЛ (???) е во долга низа настани започнувајќи со 1917 и еден манијак-психопат по име Ленин а завршувајќи денес со такви типови како него. Даалеку пред да се роди тој, условите за арамилак биле создадени.

Ако оваа логика ја следиме, замисли да начека некој од типот на Дино Диневски девојка (што и се деси), да ја силува, задави и ограби, и ако не го фатат да се вметне во ваквата логика на способност. Ербап чоек, ем ебел, ем убил, ем некоја пара фатил ем не го фатиле...способен...(добро, во случајов го фатија способниот, па нема да има шанса способноста да ја тестира на други жртви...)

Значи во дефиницијата на способност е најважно крајниот исход. Дали ќе те фатат или не. Чикатило,Џим Џоунс и Тед Банди биле способни (дури не ги фатиле)...

А за Пол Пот да не прајме муабет. Симбол на способноста. И не го фатиле...
 
Старите велат ,беше многу добар се додека не стана алчен , јас велам , кога ќе станеш алчен ќе ја изгубиш среќата која си ја имал .Во никој случај алчноста не може да биде добра особина .
 
Алчноста, барем јас така ја разбирам, е желба за поседување на материјални нешта и е со негативна конотација. На почетокот територии и ресурси за храна, денес статусни симболи во форма на коли, вили, што ти ја знам.

Но, како што реков, сметам дека уште во првичнниот пост, измешани се поимите. Алчност за акции на берза не е исто што и жед за знаење, креација и сл.

Еве, ако сметаш дека се измешани термините ќе ги разјаснам. Алчноста не мора да биде за материјални нешта. Алчноста е само незаситна желба. Таа желба потоа може да биде за што сакаш: љубов, знаење, забава, you name it.

Јас тврдам дека е добра особина. Ако не си ги задоволуваме сопствените желби како ќе бидеме среќни. А како што среќата е смислата на животот, бар за мене, алчноста, односно нескротливата желба за повеќе е неизоставна за среќен живот.

Секако, ако е апсолутно неконтролирана е деструктивна, повеќе за околината отколку за индивидуата, а од тука индиректно и за сите индивидуи. Затоа, на пример, кражбата е казнено дело. Но, алчноста, ставена во здрава правна рамка е вистинскиот рецепт за опстојување на индивидуата и заедницата. А тоа е всушност капитализмот.

Зошто да бидеме алтруисти? Зошто да работам за заедницата? Зошто да бидеме еднакви? Зошто да живеам исто како и некој што не придонесува исто колку што и јас? Јас треба да живеам подобро. Јас сум подобар од другиот, можам, сакам и умеам ПОВЕЌЕ. Јас заслужувам ПОВЕЌЕ.

Тоа се идеите на овој наш систем.

Но, тоа што мене ме погоди највеќе во говорот на главниот протагонист беше ова: Greed clarifies, cuts through, and captures the essence of the evolutionary spirit,
а сите вие пропуштивте да го искоментирате:P.

Што ако ова нешто, наречете го алчност, себичност, индивидуализам - сеедно, е она вистинското, двигателот на човековиот род.
Од просечност до совршенство, примитивност до софистицираност, желбата за себе подобрување, подобрување на сопствената ситуација пред се, било тоа на финансико, љубовно, било кое поле е тоа што не турка напред?

Успешноста на едно општество, или една цела цивилизација или еден животински род се потпира на успешноста на индивидуите во рамките на групата. НЕОПХОДНО Е најуспешните да преживејат за да опстане родот. Тоа е само природно. Простете ако не ви се допаѓа, таква е природата.
Притоа, треба да се култивира тој дух кој им дозволува на најуспешните да се издигнат, а тука ќе признаете, капитализмот е ненадминлив. Вистински ја доловува сржта на еволуциониот дух - тој боречки дух. Тој е причината поради кој сме живи, опстојуваме и живееме на ниво на цивилизација на какво живееме.

п.с. Не сакам да бидам воден од алчноста. Во себе знам дека и не нешто добро. Затоа побогу дајте добар аргумент, зашто отидов јас, преминав на Другата (Темната) Страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom