Bratot
Стоик и Машкртник!
Грција и Македонија купуваат време за да се избегне какво било решение. Атина се надева дека Македонија ќе престане да постои, а Скопје очекува признавање само под уставното име - велат грчки експерти.
- Андреас Папандреу со Времената спогодба и сите чекори преземени во времето на Караманлис, па дури и на актуелната Влада, во реалноста се чекори за да се купи време. Нашиот северен сосед, веруваме, се надеваме, нормално, дека во одреден момент ќе престане да постои - вели Петрос Тацопулос, писател.
"Кога Македонија во 90-тите години се согласи на сложено име, грчката страна беше против тоа, сега, кога Атина е со променет и помек став, другата страна предводена од страна на националистот Груевски не го прифаќа тоа", ова беше консензусот на инволвираните страни на дебатата во Атина.
Глигоров се согласи за "Нова Македонија", тврди грчки професор Танос Времис, " се согласувме и ние, да го затвориме овој проблем, но се разбира, еден ден го добивме оној фатален телефонски повик. Да не ги разгоруваме страстите, јас нема да кажам кој беше на телефонот, само, ќе ти кажам дека денес тој е лидер на една голема партија .. Самарас!
Грчки аналитичари, писатели, професори кои беа вклучени во дебатата не отстапуваат од познатата позиција на официјална Атина, сепак, публиката на дебатата не го делеше истото мислење ..
"Денес 130 или 140 земји и броиме понатаму кои го признаа нашиот сосед како Македонија. Тоа е само прашање на време кога ќе се каже "Па, ние сме принудени да ја прифатиме државата Македонија ", вели еден член од публиката.
- Јас само сакам да кажам дека ние грешиме ...
- Не, јас нема да ви објаснувам било што, веќе би требало да го знаете ова ...
- Ние никогаш нема да ги признаеме ...
- Смали го твојот глас дамо, не ме плаши ...
Ова беа некои од работите што ги начувме меѓу публиката како и на дебатата која се загреа.
Изненадувачки, микрофонот заврши во рацете на етничкиот Македонец од Лерин кому беше дозволено да зборува.
- Целото мое детство, ни беше забрането да кажуваме дека ние сме Македонци. Имав многу тешко време растејќи, бидејќи јас воопшто не зборував грчки, само македонски. Го знаев мојот јазик како македонски, но ми беше кажано дека тоа е погрешно, никогаш не добив објаснување што е проблемот во тоа? Зборот македонски беше строго забранет во Грција, а само пред неколку години, сите во Грција го усвоија овој збор како свој?!!!
Македонското прашање – како добриот, лошиот и грдиот, беше дел од дебатата во Атина каде требаше да се одлучи кој е кој.
- Балканот има тенденција дека само еден е добар, а тоа сме обично ние, другите се лоши, а остатокот се здодевни. Во нашиот случај, Нимиц може да биде грдиот, медијаторот во овој спор - вели Елина Макри, координатор на атинското CafeBabel.
Дебатата беше организирана од страна на CafeBabel во Атина, со надеж да се едуцираат младите во Европа за спорот со Македонија. Дебатата ќе биде преведена на повеќе јазици, и испратена до сите членови на Cafebabel.
http://macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/491-2011-01-27-14-21-40