Шутинг системот е одличен, тоа што се криеш позади ѕидови и тактичката елиминација на непријателите, реалната физика, феноменалната графика, реалниот Car-Crash, различните фаци на граѓаните на улиците, будалите луѓе кои си зборуваат сами на улица, огромниот град кој неможеш да го запамтиш со 5 прошетки со кола, отстранување на потреба да се користат било какви Cheats, мисиите каде што не возиш глупави трки со колички-играчки се отстранети, имаш мобилен телефон и можеш да вртиш по пријатели, на некои мисии имаш да бираш како ќе постапиш самиот што е доста интересно и го немаше во претходните верзии, излетувањето на Нико преку стакло од кола при тежок судар, гонењата и бегствата од полиција, излегувањето со пријателите, пијанчењето со Роман и слично (за кое што искрено не разбирам што гледате лошо во ова? Нова и реална ствар која допринесе играта да изгледа уште поубаво и реално, бидејќи беше правена да изгледа пореално него забавно...), влегувањето во интернет кафе и Girl Dating преку онлајн сајтови....
Толку ми натекна сега за сега (има уште милион работи), ипак 3 саат е, неможам да се сетам на уште нешто повеќе, ама моето мислење е дека IV е каде каде подобра игра за
мене во однос на Сан Андреас, бидејќи сум поголем љубител на реалистични игри со јака графика, приказна и добар гејмплеј.
Можеби не е толку многу забавна како Сан Андреас, ама далеку по комплетна на содржаен и графички план за мене.
Значи Рокстар се фокусираа повеќе на тоа 4ката да излезе реалистична, отколку забавна.
Од конечниот исход се доби реална игра со прејака графика и приказна или со други зборови Masterpiece.
Тоа што ги болеше гејмерите на ГТА е тоа што беа ограничени во 4ката и немаа добар Free Roam по комплетирањето и низ текот на целата игра како што го имаа во претходните верзии на ГТА.
Така да на 4ката неможеш да влезеш во тенк или авион и да разнесеш све живо и диво пред тебе како што можеше тоа да го правиш на Vice City, San Andreas и сл.
Тоа фалеше во 4ката и тоа многу, ама ако го имаше, ќе беше страшно глупа бедна игра, затоа што е нереално да влезеш во авион или тенк кој ти паѓа од небо и да разнесуваш све живо и диво пред тебе. Забавно да, ама за игра со реалистична градба како ГТА 4 - не.
Мене искрено тој free roam и не ми недостасуваше којзнае колку многу, затоа што останатите елементи на ГТА 4 не ми дозволија ни да помислам дека ми треба Free Roam.
Е Сан Андреас беше друга приказна и не беше составена како што е ГТА 4, така што таму можеше да правиш што сакаш и ќе беше глупо да нема Free Roam, затоа што доколку немаше, играта ќе беше како човек без срце.
Ипак ќе кажам, тие што сакаат забава-Сан Андреас
Тие што сакаат реалистична игра со јака приказна и графика-ГТА 4.
On Topic: Ќе видиме што ќе излезе со ГТА 5, и какво продолжение ќе гледаме во идина....