Колку Македонците имаат развиено национална свест и патриотско чувство можеме да видиме од следната спортска приказна.
Станува збор за моментно најталентираниот млад македонски фудбалер со шведско државјанство, Горан Славковски.
17 – годишниот Македонец, кој влезе во историјата на италијанскиот Интер, како најмлад фудбалер што одиграл официјален натпревар, сака да игра, верувале или не, за хрватската репрезентација. А, поврзан е со Хрватска само преку неговиот менаџер Јозо Палац.
Претходно 17-годишниот Славковски ја одби понудата да игра за Шведска и молбата од македонскиот премиер да настапи за националниот тим, од причина што бил заинтересиран само за хрватскиот дрес, пренесува весникот 24 сата.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Славковски веќе преку неговиот менаџер контактирале со челниците на хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), и сега само се чека покана од новиот селектор на „коцкестите“ Славен Билиќ.
„Ние своето си го кажавме веќе сто пати, Горан и натаму сака да игра за Хрватска. Но, не сакаме да молиме, на ред е ХНС, се надеваме дека ќе не повикаат на состанок“, изјавил менаџерот Јозо Палац, за хрватскиот 24 сата.
Да се надеваме дека ова е само приказна за хрватската јавност, но сите досегашни аргументи говорат дека ни избега уште еден, несомнено голем талент.
sport.com.mk