Горан Славковски?

  • Креатор на темата Креатор на темата georgi25
  • Време на започнување Време на започнување
Барам, али неможам да најдам...али ваква информација која тврдат дека е точна да лажат ?:raz:
 
Најдов нешто ама на Италијански. Ако знае некој нека преведе.

линк
 
Јап,колку што разбрав од италијански Славковски ќе биде отстапен на Мидлсборо.
 
Фала богу да отиде негде!Во Интер само ќе си ја упропастеше кариерата
 
Конечно ископав и некоја официјална информација, зошто се изначитавме шпекулации за трансфери. Поготово нашиве медиуми за наши фудбалери...невидени промашувања на екипи па дури и цели првенства.

Како и да е, од официјалниот сајт на Шефилд Јунајтеd
каде што потврдуваат дека добиле фудбалер од Интер и многу се среќни поради тоа :-). Пишува и за изјавата на Мачини за потенцијалот на Славковски како и за борбата помеѓу Македонија, Шведска и Хрватска (уште ли овие или стара вест...) за Славковски.
 
факт е дека не сака да игра за нас,да му се играше до сега за наша репрезнтација,ќе играше.Двапати по ред откажува настап демек стомачен вирус,како да не. сега ќе настапува за Шефилд и официјално,во Мидлсбро не ги поминал медицинските тестови
 
Да, да сигурно...

Во Боро не појде поради тоа што го имаа како резерва. АКО не успееа да го донесат Алфонсо Алвез, Славковски им беше како втора опција.

Бидејќи Алвез дојде во Мидлсборо... Славковски одпадна
 
па добро можеби и така е,тоа со медицинските прегледи го прочитав во спорт затоа и го кажав
 
Славковски: Ќе играм за Македонија
DECD84896434AA4E8D5CFAC90337410A.jpg

Своето деби големата надеж на Интер ќе го има на средбата против Естонија
Емил Китановски
Големата надеж на Интер, Горан Славковски, дефинитивно ќе ги брани боите на младата фудбалска репрезентација на Македонија на преостанатите две квалификациски средби против селекциите на Естонија и на Норвешка кои ќе се одиграат на крајот на летото. Фудбалерот на милански Интер, кој изминатите шест месеци ги помина во редовите на англискиот тим Шефилд, веќе неколку дена престојува во земјава, каде што ги заврши формалностите предвидени за добивање на македонски пасош. Славковски реши да му помогне на составот на Јонуз, на двата исклучително важни мечеви за овој тим, кој има шанса да стигне до второто место во квалификациската група, кое автоматски ќе значи пласман на младата репрезентација во баражот.

„Ќе настапам во составот на селекторот Мирсад Јонуз на последните две средби во квалификациите. Мојата одлука е дефинитивна, и јас ќе му се ставам на располагање на селекторот на крајот на летото. И покрај тоа што не ги познавам соиграчите од репрезентацијата, мислам дека на теренот нема да имаме никакви проблеми, бидејќи таму најдобро се снаоѓам“, беше првата изјава на Славковски, сврзана со неговата последна одлука за која специјално пристигна во Скопје. Инаку, фудбалерот на Интер, во нашата земја пристигна во друштво со менаџерот Јозо Палац и неговиот татко, Раде Славковски.

И покрај тоа што подолго време во фудбалските кулоари кружеа различни шпекулации, околу прашањето за која репрезентација ќе реши да игра, Славковски е дециден.

„Од Македонија потекнуваат моите родители, значи тоа е и моја земја, и јас мислам дека е најлогично да го облечам дресот на Македонија“, ни потврди Славковски. Младиот напаѓач по шест месечната одисеја во Англија повторно се врати во Италија, односно во тимот на Интер со кого го врзува договор до 2011 година. Во Италија, тој веќе неколкупати телефонски се слушнал со нашиот најдобар интернационалец Горан Пандев, од кого како што ни изјави, доби безрезервна поддршка. „Точно е дека неколкупати веќе разговарав со Пандев, кого исклучително го почитувам и мислам дека е вистински лидер на тимот“, ни изјави Славковски. Сонот еден ден да настапи во дресот на првиот тим на Македонија, барем засега премногу не го оптоварува младиот Славковски, кој смета дека неговото време допрва доаѓа. „Мојата работа се гледа на теренот. Мислам дека таму најлесно можам да докажам дека го заслужувам дресот во А-тимот, меѓутоа засега размислувам само за младата репрезентација, во чии редови решив да настапам токму заради коректниот однос на селекторот Јонуз, со кого веќе подолго време сум во постојана комуникација“, заврши Славковски.
 
Се надевам дека нема да има болки во коремот.:tapp:
 
Вреди да му се даде шанса.. па по толкава прашина што се крена за него, го споредуваа со Ибрахимович, го бараа голем број на клубови меѓу кои и Манчестер Јунајтед мислам дека сепак за наши услови е добар фудбалер и за брзо ќе го видиме во А тимот на Македонската репрезентација.
 
А бе пак да не лаже овој?:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom