Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Се распука периодов дефинитивно. Му тежеше таа мафијата наречена ФФМ , сеа барем нема притисок од никаде. :D

Шо притисок бе не заебвај, го заболе него стапот за ФФМ.
 
Горан Пандев почна да го гради Спортскиот комплекс во Струмица

sportski_kompleks_ideja.jpg


Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев, почна да го гради долгонајавуваниот Спортски фудбалски комплекс во својата родна Струмица.
Тој е замислен како угостителско, рекреативен спортски комплекс со голем фудбалски терен на вештачка трева и стадион од околу 400 места. Во придружните објекти ќе има апартмани, теретани, сауни, базен кој ќе биде во функција на спортистите.
Инаку идејното решение е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси, кои треба да служат како за подготвителниот период на фудбалерите, така и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.
Пандев заедно со семејството е во Струмица и одблиску ќе ги следи активностите околу почетокот на изградбата на овој спортски објект, кој ќе биде веднаш до Спортската сала „Парк“ во Струмица.


sportski_kompleks2.jpg


http://www.strumicanet.com/index.ph...go-gradi-sportskiot-kompleks-vo-strumica.html
 
1e8d6dc02986e7e13576b16a6f372759_XL.jpg


Фудбалската ѕвезда Горан Пандев, денеска заедно со сопругата Надица, синот Филипо, ќерката Ана и најблиските пријатели, со поставување камен-темелник и официјално започна да го гради Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.
Хотел со 10 апартмани, 40 соби, СПА-центар, теретана, сауна, турска бања, соблекувални, терен со вештачка трева и трибина за 350 посетители, вака го опиша новиот Спортски центар, Горан Пандев, во кој ќе растат и ќе тренираат голем број нови генерации не само од Струмица, туку и од целата држава.
Спортскиот центар ќе биде сведок на нови спортски успеси, место каде ќе се создаваат врвни спортисти, бидејќи како што најави Пандев, освен што овде ќе тренираат младите фудбалери на Фудбалската Академија „Пандев“, ќе се играт и официјални натпревари со дозвола на ФИФА и УЕФА, бидејќи истиот ќе биде според светски стандарди од најмодерен тип на спортски комплекси.
Спортскиот центар „Пандев“ ќе го гради компанијата „Жикол“ од Струмица, треба да биде готов најрано за една година, а најдоцна за 18 месеци, во зависност од временските услови.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153004293093957.1073742498.231002903956&type=1
ФОТОГАЛЕРИЈА

 
Да имаше уште некој како Пандев што има желба и средства да инвестира, фудбалов немаше да ни биде паднат на ова дереџе

Попов кога би сакал, би можел. Он и Пандев се ваљда единствените што играат/имааат играно за некој ситен милион, али покондурен сељак кога ќе осети провод крајот не може да му се најде, а не па да чекаме инвестиции ко таа на Пандев
 
Мислам дека и Шиков( подпомогнат од Пандев..) има академија отворена во Кавадарци. Е сеа за да вложи малце повеќе како Пандев, што знам колку е спремен и дали воопште му се вложува.
 
Попов кога би сакал, би можел. Он и Пандев се ваљда единствените што играат/имааат играно за некој ситен милион, али покондурен сељак кога ќе осети провод крајот не може да му се најде, а не па да чекаме инвестиции ко таа на Пандев
Реално и Новески мислам дека исто толку заработува колку и Попов...
 
Милионче на рамно зема/земаше Новески,ми се чини и од Попов поплатен е.За Попов се шпекулираше 700.000 евра годишно во Динамо ко потпиша.
 
Знае некој шо пара ќе зима у Галата?
 
Не верувам повеќе од две.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom