Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Најава од менаџерот на Пандев дека сега засега Пандев 90% е сигурно дека заминува од Лацио и тоа како најупорни се сметаат екипите од Англија и тоа посебно Ливерпул!!!
Текстот сеуште не е објавен на нивниот сајт на Македонски Спорт, кога ке го објават ке го постирам овде!!!!
da ti pomognam...
Пандев заминува во Англија
*Ливерпул е главниот фаворит за потписот на најдобриот фудбалер на Лацио
Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, како што најавуваат италијанските медиуми е пред сигурно заминување од Рим во летниот преоден рок, и тоа во голема мера најверојатно во Англија.
Актуелниве денови, како што пренесуваат Италијанците, повторно се обновени разговорите со еден од најголемите европски гиганти Ливерпул, кој постојано отворено го истакнува својот интерес за услугите на нашиот фудбалер.
"Лацио се фокусираше околу преговорите со Зарате. Можам да кажам дека Пандев е пред заминување од Лацио и тоа во клубови кои се од елитата во Европа. Најупорно и најконкретни се од Англија", коментира Палавичио за весникот "Ил Темпо".
Преселбата на Пандев на Островото е реално остварлива и поради с$ поактивните недоразбирања на агентот на македонскиот репрезентативец, Карло Палавичино со раководството на Лацио околу условите за евентуалното продолжување на договорот со римјаните.
Јасно е дека по одличната година, цената на Горан Пандев на европскиот пазар е постојано во нагорна линија, притисок кој тешко може да го издржи претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Се надевам ќе се оствари ова.
ftopic: Ако сакаш репутација, треба да ја вклучиш :smir: