Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Една од причините што не го сакам ПАНДЕВ е што навивам за МИЛАН.
А друга причина е тоа што подобро игра за Л.... отколку за МАКЕДОНИЈА:drk::salut:
Ај гони се ....(да не ти кажам дека).Ти си навивач,или симпатизер на Милан?Пандев игра во Лацио подобро,ама знаеш зошто?Зошто до него го има еден Зарате,а не Мазнов :)
 
Карло Палавичино, агентот на најдобриот македонски фудбалер во редовите на Лацио, изјави дека сè уште нема шанси Пандев да го напушти клубот од Рим, со што стави крај на сите шпекулации околу трансферот на неговиот клиент.

Горан Пандев игра во одлична форма сезонава, па се појавија бројни шпекулации дека тој ќе го напушти Лацио. Набрзо се очекува продолжување на договорот, а повеќе од сигурно е дека Лацио нема намера да го загуби најдобриот поединец во своите редови.

Палавичино излезе јавно за да ги демантира шпекулациите околу иднината на неговиот клиент. „Само Лацио постои во моментов за Горан. Ние се наоѓаме во фаза на преговори за продолжување на договорот и сме во интензивен контакт со претседателот на клубот Калудио Лотито. Засега не постојат никакви изгледи за негово заминување од Рим и се надевам дека ќе остане така”, изјави Палавичино за италијанските медиуми.

Претседателот Лотито исто така даде извесна тежина на изјавата на Палавичино кога минатиот понеделник го потврди останувањето на Пандев во клубот. „Немаме намера да се ослободиме од Пандев, а уште помалку да го дадеме на продажба”, изјави Лотито.

Сакав да оди Пандев во појјак клуб. Ако решил да остане во Лацио, нека му е со среќа. Каде и да е, ќе се гордееме со него.
 
Лотито пред некое време изјави дека спрема Божиќен подарок за навивачите - нов договор за Пандев. Така да изгледа ќе им излезе во пресрет на барањата на Пандев и неговиот агент за плата од 1,5 милион евра годишно.
 
treba da odi vi pogolem tim toa e ocigledno a i ima mn mala plata vo lazio sto za takov fudbaler e katastrofalno at li toa e toa samo neka prodolzi taka odlicen e pozzz
 
Луѓе! Горан Пандев е во репрезентацијата на светот, *рамо до рамо* со: Кристијано Роналдо, Роналдињо, Кака, Дел Пјеро, Канаваро и сите најголеми фудбалски имиња на планетава во моментов.
Извор Македонски спорт
ПОРАДИ НЕСЕРИОЗНОСТА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ФУДБАЛСКИОТ СПЕКТАКЛ "ГОЛ ЗА МИР"
Пандев нема да се појави на "Сан Сиро"
*Нашиот најдобар фудбалер нема да биде дел од тимот на светот кој вечерва ќе одигра меч против Ирак. Голем дел од фудбалските ѕвезди го откажаа своето учество.
Инаку главни покровители на овој фудбалски спектакл се двајцаата "босови" од Милано, Силвио Берлускони и Масимо Морати.

Подбро и да не настапува за некава си „репрезентација на светот“ која ја одбираат луѓето напишани погоре во извадокот од статијата. Излегува дека секој може да си направи „репрезентација на светот“, за своја приватна манифестација. Би му предложил и на Ранко од Буба Мара да направи негова „репрезентација на светот“. Па после нека се фалат тие што ќе бидат викнати во неа.
Инаку, се знае која е репрезентацијата на светот. На крајот од секое Светско првенство се собираат гласови од тренери и фудбалери и новинари и се формира најдобриот тим, што воедно претставува „репрезентација на светот“.

Колку за потсетување, на слична ваква добротворна манифестација, само тогаш под името „Божиќни Ѕвезди“ настапија, Артим Шаќири и Зоран Јовановски.
 
Не бе, настапил.

Баш денеш читав во весник... Настапил само во првото полувреме и асистирал на гол. Добар настап.

А останатите, Кака, Роналдињо, Роналдо, Буфон и останатите т.н. „ѕвезди“ откажале еден по еден. Сељачаана.

Во секој случај НАПРЕД ГОРАН! Има слика на него со раширен шал на кој пишува MACEDONIA и го има 16-кратното сонце :zver: :aplauz: :pehar: :je: :olee: :ojea:
 
Една од причините што не го сакам ПАНДЕВ е што навивам за МИЛАН.
А друга причина е тоа што подобро игра за Л.... отколку за МАКЕДОНИЈА:drk::salut:

Не го сакаш Пандев затоа што навиваш за Милан??? :pos2:
Па во право си. Милан го претставува твојот народ, а не Пандев.

Свршувајте пред ТВ на некои клубови што никогаш нема да ги видите во живо. :tapp:
Не ме чуди,плукаат по Пандев само од љубомора,зошто несака да игра во тој пензионерскиот тим,многу вакви навивачи има милан...
 
Не ме чуди,плукаат по Пандев само од љубомора,зошто несака да игра во тој пензионерскиот тим,многу вакви навивачи има милан...

Доста плачеш па ти па види горе на табелата како 'пензионерите' ви бегаат 6 бода.
И уште нешто сме го побарале Пандев ? - Не епа и затоа неможеш да кажеш дека не сакал да дојде.
И што толку има да го сакам Пандев за лацио ќе ги искрши нозете во репрезентација неможе гол да даде зицери промашува.
 
Не ме чуди,плукаат по Пандев само од љубомора,зошто несака да игра во тој пензионерскиот тим,многу вакви навивачи има милан...

Кога цитираш збори во еднина за личноста!
Не мора да збориш во множина работи кои не се вистинити.

Ако има некој си навивач на Милан што не го сака Пандев не значи дека сите останати или повеќето не го сакаат. Не вади шпекулации.
Кога играат Милан- Лацио ниеднаш не сум прочитала од вистински навивач лош коментар за нашиот најдобар македонски фудбалер.

А оние кои не се доволно компетентни и љубоморни само тие може да кажат лоши зборови за Пандев.

А и ова се глупости дека не сакал да игра во пензионерски тим. Каде си го прочитал тоа? Или си го измисли? Ако си за Лацио не мора да измислуваш такви информации за подобрите тимови.

Најголема желба ми е еден ден да заигра Пандев во Милан (а и имам читано дека многу го почитува Милан и дека го цени како еден од најдобрите тимови во Италија) но сепак подобро да си остане во Лацио каде гради успешна кариера и каде одлино се наоѓа и во тимот и има огромна подршка од навивачите.
 
Не ме чуди,плукаат по Пандев само од љубомора,зошто несака да игра во тој пензионерскиот тим,многу вакви навивачи има милан...
Демек нас многу ни треба ?
Нека си седи во Лацио цел живот најубоо ќе му биде...
 
Јас сварно незнам како не ви е срам да јадете тиит за Пандев...Па тој е нашата гордост бе !!!Незнам сварно што народ има во оваа земја,еден е а и по него плукате,ала ви вера !:tapp::tapp::tapp:
 
Јас го сакам Пандев само кога игра за Лацио а кога игра за Македонија и мајка и сестра и вујна,се му редам:toe:

Не би сакал Пандев да дојде у Милан за негово добро;)
 
Кога цитираш збори во еднина за личноста!
Не мора да збориш во множина работи кои не се вистинити.

Ако има некој си навивач на Милан што не го сака Пандев не значи дека сите останати или повеќето не го сакаат. Не вади шпекулации.
Кога играат Милан- Лацио ниеднаш не сум прочитала од вистински навивач лош коментар за нашиот најдобар македонски фудбалер.

А оние кои не се доволно компетентни и љубоморни само тие може да кажат лоши зборови за Пандев.

А и ова се глупости дека не сакал да игра во пензионерски тим. Каде си го прочитал тоа? Или си го измисли? Ако си за Лацио не мора да измислуваш такви информации за подобрите тимови.

Најголема желба ми е еден ден да заигра Пандев во Милан (а и имам читано дека многу го почитува Милан и дека го цени како еден од најдобрите тимови во Италија) но сепак подобро да си остане во Лацио каде гради успешна кариера и каде одлино се наоѓа и во тимот и има огромна подршка од навивачите.
Ќе те цитирам само тебе зошто ти стварно не си од тие што плачат како мали деца зошто Пандев не игра кај нив(дека не им треба) или демек не го побарале,кога би го побарале он со трчање би отишол...
Сум прочитал твои постови за Пандев,и незнам како успеа ти да се испровоцираш од овој пост кога очигледно е за кого беше наменет и тие се излетаа одма ко голуби :)
Во секој друг случај би требале да сме горди на него,ама нашиот менталитет не ни дозволува да тој биде испочитуван како треба...
Од таа причина за да не дојде до забуна,јас убаво напишав дека има многу фанови,а не сите фанови на милан ...
За пример,сега ако дојде некој македонец во милан,да речеме Гроздановски или Васоски,ја сигурно нема да навивам за милан во ниеден случај,ама ќе се радувам ако тој добро не претставува,во најмал случај да не не срамоти :)
 
Да навиваш за некој клуб не значи дека треба да ги мразиш останатите клубови.

Привлечноста на форумите е во тоа што можеш да прочиташ секакви мислења.
Го ценам секое мислење ама навистина не можам да сфатам, како можете да не го сакате Пандев само затоа што не игра за вашиот омилен странски клуб !?
И јас не го сакав кога му даваше голови на Вардар, ама сега друга приказна е. Сега Пандев не претставува нас како народ, а за жал немаме многу од негов тип. Секако дека може да го критикуваме за играта, формата или за изборот на клуб, ама на крај мора да му дадеме поддршка. Како и да игра за Македонија, дали лошо дали добро, сепак никогаш не ни го свртел грбот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom