Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 48
Јас не се сомневам дека ќе избори стандардно место во било кој клуб.
Тој што мисли поинаку нека си каже јасно и гласно „Пандев не го бива за во јак клуб“, а не да се криете зад реченицата „Супер му е во Лацио“
Не знам што значи „јак клуб“, зашто според мене Лацио *е* јак клуб. Во секој случај појак од Беласица Герас Цунев, кадешто Пандев ја започна својата кариера.
Абе огромен резултат. Нека се пензионира уште сега, со најголемиот постигнат успех. Максимум во кариера. 3 гола му дал на Реал, а тимот негов пак последен во групата, ама со не многу лоша гол разлика. Резултат за почит.
Види на интернет колку фудбалери има што му дале на Реал повеќе од три гола. Што се тие? Фудбалски богови?? Подобри се од Пандев??
Не ми се верува дека вакви ситнодушни коментари има.
Се надевам дека Пандев не се задоволува со толку малку како што се задоволувате вие. Штета би било.
Ако мислите дека ќе седи на клупа во некој друг клуб тогаш не верувате во квалитетите негови.
Претпоставувам дека сте навивачи на Лацио, јас не сум воопшто симпатизер на Италјански фудбал. На Пандев му лежи Италјански фудбал, само заради него гледам пренос.
Јас навивам за Пандев.
Напред Горанчо успесите се пред тебе.
Толку малку? Кој друг фудбалер има постигнато толку малку, да игра во Лигата на шампионите?
Панчев. Друг?
Значи, Пандев е вториот Македонец кој може да се пофали со таков успех, а првиот во *независна и самостојна Македонија*. Зарем мислиш дека Панчев го викале Il Macedone? Не, тоа е резервирано за Пандев и тој постави стандард што никој до сега не успеал да го постигне (зборуваме за Македонски фудбалери во Европски, па и светски рамки).
А ако ти мислиш дека тоа е малку, повели, постигни повеќе отколку што тој постигнал во својата фудбалска кариера, па ќе збориме. Или најди друг што тоа го постигнал.