Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е интересно што вели за Дневник.Стварно сега без пари сите го сакат но кога му беше најтешко секогаш Интер беше најзаинтересиран.

- Кариерата ја продолжувам тука. Останувам во Италија, но од Рим ќе се преселам во Милано. Интер и Милан се најзагреани за мене, но во предност се „сино-црните“. Интер беше најкоректен. Тоа беше клубот што и летоска сакаше да ме купи, нудеше и пари за отштета. Тогаш Лацио не сакаше да ме пушти. За разлика од Интер, сите други клубови чекаа и сакаа да ме земат без пари, кога ќе бидам слободен играч. Затоа Интер е мојата прва опција - вели Пандев, кој додава дека не се плаши од конкуренцијата во тимот на тренерот Жосе Мурињу.
 
Знам дека сум офф топик... ама овие од веснициве матуфи се или се прават на матуфи?

Жосе Мурињу, Роналдињу, Барикело и уште 135858321 имиња на играчи и спортисти намерно се извртуваат. Има некој инфо зошто?

п.с. да не почнат и Пандев да го пишат Гуран?
 
Имаше еднаш емисија мислам од лига на шампиони, и некој од бразилците кои играат во македонските клубови беше госин.. Го прашаа како правилно се изговараат бразилските имиња а тој рече дека на бразилски правилно е: Роналду, Фигу, Роналдињу...
 
Знам дека сум офф топик... ама овие од веснициве матуфи се или се прават на матуфи?

Жосе Мурињу, Роналдињу, Барикело и уште 135858321 имиња на играчи и спортисти намерно се извртуваат. Има некој инфо зошто?

п.с. да не почнат и Пандев да го пишат Гуран?

Дневник од ко памтам биле доволно ретардирани да се избацвет со имиња како Луиш Фигу, Ривалду, Роберту Карлош... Така да, од нив не се чуди, рутина им е.

П.С. Правилно е Барикело, а не Баричело.
 
Дневник од ко памтам биле доволно ретардирани да се избацвет со имиња како Луиш Фигу, Ривалду, Роберту Карлош... Така да, од нив не се чуди, рутина им е.

П.С. Правилно е Барикело, а не Баричело.
Pa ako gledas HTV 1 i 2 oni odamna gi kazuvaat Luish, Karlush, Keirosh i tuka nema nisto sporno. Uste ako e tocno toa deka nekoj brazilec kaj nas kazal za u-to na krajot od preziminjata treba da im se cestita na lugjeto, a ne da se napagjaat. Tuku nie takov narod sme, vo se mora posledni da sme. Prvo site pa posle nie.:nenene:
 
Брат со извинение, ама кога слушам Карлуш, Квеирош, Фигу, Адриану, Роналду... ме тера во WC...

А им пишав и неколку пати во Дневник да не филозофираат. Си имаме начин на кој ги изговараме имињата и треба да си го задржиме. Патем, не сме последни во тоа, ако Хрватите ги изговарале така не значи дека и другите тоа го прават, напротив, реткост е да слушнеш Карлуш ако тоа не е од некој Латински коментатор.

За да не бидам комплетно оф-топик:

Не ми се многу веродостојни нашиве спортски медиуми ама некои од нив денес изгледа контактирале со Пандев. По она што го пренесоа Телма и Дневник, изгледа дека Милано е следната дестинација. Останатите во главно копирале од Италијанските медиуми па нема ништо посебно.

Во сеој случај, интересно е кога еден наш фудбалер е во центарот на вниманието и има трансфер-сага. Сигурен сум дека ќе трае до Јануари и дека ќе се нервираме, но најтешкиот дел заврши.
 
Во оние медиуми каде шо даваше изјава секаде беа зборовите, дека сака да остане во Италија, но никаде не кажа Ќе остане во Италија, а и уште коа Дневник се дрзна пак да пише дека тој веке потпишал договор со Интер, тогаш се ти е јасно.:nesvest:

Но не е битно каде ке оди, сега каде и да оди ке биде добро и за него и за нас и за Македонската репрезентација.

Важно заврши голготата!:pipi:
 
Ти со лигата ли се гордееш или со расадникот на таленти Арсенал и неговите 2 титули или 3 беа.
А за Италијанската не се секирај 100 години била најака лига пак ќе биде.

Избегавме од темата но морав да му вратам на статистичаров професор по фудбал.
А за Пандев утре или петок ќе објават 90% во Интер и понеделник на тренинг со новата екипа.

Што го мешаш сега ти тука Арсенал правиме муабет за лигите...а иначе не се ниту 2 ниту 3 туку многу повеќе
 
:oftopic:
Што го мешаш сега ти тука Арсенал правиме муабет за лигите...а иначе не се ниту 2 ниту 3 туку многу повеќе

Не овде не се прави муабет ниту за лиги ниту за Арсенал или некој друг клуб!

Овде се прави муабет за ГОРАН ПАНДЕВ!
 
Секоја чест за Горан Пандев, ние гордееме со него. Скоро сите јаки клубови се заинтересирани да го донесат во своите редови. Мислам дека најголема чест е да играш во премиер лигата ама рака на срце не верувам дека Пандев таму може да се снајде. Таму се игра динамичен и многу физички силен фудбал кој никако не му одговара на Пандев. Според мене најмногу му одговара Италија, каде нема да му биде тешко да се прилагоди на играта на Интер уверен сум дека може да се прослави во Интер а успат ќе грабне некое калчо и некој куп на Италија. И ќе го следиме и гледаме Интер секое коло на телевизија.
 
Пандев: Ќе се откажев од фудбалот

Раскинот стапува во сила веднаш и Лацио сега е казнет со 160.000 евра за штетите што ги направил, како и за судските трошоци

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев конечно се ослободи од канџите на Клаудио Лотито, претседателот на Лацио, откако вчера и официјално Арбитражниот суд на Калчо-лигата обзнани дека македонскиот ас е слободен и дека договорот со „бјанкочелестите“ е раскинат.

- Ова е еден од најсреќните денови во кариерата, изјави Горан Пандев, веднаш по дознавањето на одлуката на арбитражниот суд, со која стана слободен фудбалер.

По три месеци правна битка, откако Пандев реши на судска инстанца да ја бара правдата поради неговото изоставување од првиот тим како казна за изјавите дека сака да си замине летово, конечно дојде крајот на маките на струмичанецот. Неговиот адвокат Матео Грасани изјави дека одлуката на арбитражата била на осум страни и дека е прифатена жалбата на Пандев, што значи прекин на договорот, кој оригинално истекуваше во јуни в година.

„Пандев слободен, Лотито победен“ е насловот на „Ла Република“ за случајот со македонскиот „ил феномено“.

- Пандев го доби процесот, разрешени се дилемите околу договорот, раскинот стапува на сила веднаш и Лацио сега е казнет со 160.000 евра за штетите што ги направил, како и судските трошоци - рекол Грасани.

Неколку часа пред објавувањето на одлуката за Пандев, ланскиот кормилар на Лацио, Делио Роси застана во одбрана на Македонецот, потенцирајќи дека Лацио, пред сите Лотито, многу греши во случајот.

- Ова е голема грешка на Лацио, направена уште пред една година, кога не му беше понуден нов договор. Пандев отсекогаш бил голем професионалец и сите обврски си ги завршувал. Работеше и многу не зборуваше. Даваше сé од себе за тимот - рече Роси.

Лотито сигурно е незадоволен од одлуката со оглед дека пропушти шанса за заработка, па италијанските медиуми вчера утро најавија дека претседаталот на Лацио нема да се помири со одлуката на арбитражата и дека планира случајот и „правдата“ да ги бара на редовен суд.

- Овие пет месеци ми беа најтешки во животот и ми направија речиси да го замразам фудбалот и да размислувам да ја баталам кариерата. Малтретирањето беше огромно и навистина не можам да сфатам зошто беше тоа така - вели со треперлив глас Пандев.

Од речиси дузината клубови што се споменуваат како фаворити за негов потпис, тој издвојува три.

- Сакам да останам во Италија. Јувентус, Интер и Милан имаат предност пред другите - вели Пандев, кој доаѓа на неколкудневен одмор во Македонија, а потоа се враќа на работа во Италија.

„Рома не ме интересира“

Македонскиот репрезентативец половина година не одигра ниту еден меч за Лацио од мајското финале и освоениот Куп на Италија, па сега е слободен во изборот на нов клуб. Лицитацијата меѓу заинтересираните зоврива, затоа што на Апенините се најавуваат Интер, Милан, Јувентус, Манчестер сит, Тотнем, Севилја, Зенит, па дури и локалниот ривал на Лацио, Рома. Олеснување во изборот за Пандев е фактот што против себе ќе нема ненормално обесштетување од 19 милиони евра, како летово, туку може да замине без никаков надомест за Лацио.

- Слушнав за шпекулациите за Рома, но поради почит кон навивачите на Лацио, кои цело време беа на моја страна, Рома не ме интересира - вели Пандев

Анкета на „Газета“: Интер фаворит за Пандев

Одлуката на арбитражата за слободата на Пандев вчера го стави македонскиот ас на насловната страница на интернет-изданието на највлијателниот спортски весник „Газета дело спорт“, која веднаш постави и анкета за тоа во кој тим ќе игра струмичанецот.

Според анкетата, италијанскиот првак Интер е фаворит број еден, со 39,2 отсто од гласовите. Втор е Јувентус со 23,3 отсто, а трет Милан со 19,5 отсто. Рома, градскиот ривал на Лацио, има 10,4 отсто, а Наполи, кој летово покажа интерес, има 7,5 гласа. Во анкетата се ставени само калчолигашките екипи.

Автор: Горан Манчевски
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom