Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Манчини го сака Пандев во Сити

Според британскиот весник „Дејли мирор“, Горан Пандев е еден од приоритетите на новиот тренер на Манчестер Сити, Роберто Манчини. Покрај македонскиот напаѓач на Лацио, на врвот на листата на фудбалери што Италијанецот итно ги посакува во редовите на тимот што го презеде по ненадејниот отказ за Марк Хјуз и покрај неделната победа над Сандерленд во премиерлигата се и дефанзивецот на Интер, Даглас Сисенандо Мајкон, како и бекот на Јувентус, Џорџо Кјелини.

Најдобриот македонски фудбалер синоќа ја очекуваше одлуката на Арбитражниот суд на Лигата во Милано во врска со неговото барање за раскин на договорот со Лацио. Расправата беше закажана за 16 ч. и требаше да ја води судијата Паоло Џуџоли откако претходно беше одбиено барањето на клубот од Рим за негово изземање. Аргументите на Лацио требаше да ги бранат претседателот Клаудио Лотито, тимскиот менаџер Маурицио Манцини и тренерот Давиде Балардини.

Застапниците на Пандев беа убедени дека нивниот клиент од Судот ќе добие одврзани раце во зимскиот преоден рок да ја смени клупската средина. Според последниот развој на настаните, тој е најблиску до Интер.

#
 
Пандев во Сити? Според мене тоа ќе биде погрешен потег. Сите знаеме кој игра таму во нападот и фактот дека еден Санта Круз и еден Робињо ја преседоа сезоната на клупа говори многу.

Најдобро ќе му биде да си остане во Италија, му годи тамошниот начин на игра, привикнат е на јазикот и сл. И Шпанија му е добра опција, добар скор има против таквиот тип на фудбалери, Касиљас и Реина знаат за што зборувам. :icon_lol:
 
Колку само не е најдобро...
Со Адебајор би биле извонреден тандем, мада ја повеќе би сакал да го видам во Валенсија со Виља :)
Единствено не сакам да го видам во миљан, тогаш стварно ќе ми падне мрак на очију :)
 
Не го забравај Тевез...како и да е нема да му биде добро у Сити покрај толку “ѕвезди“.
 
Само часови го делат Пандев од официјалниот развод со Лацио:

pandev5.jpg

Според реномираниот весник „Кориере дело спорт“ и покрај опструкциите на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, главниот дел од процесот на арбитражниот суд во Милано завршил.
Сослушани биле и двете страни, па претседателот Марио Феци со своите соработници ќе направел се, па макар и одлучувале во автомобил, што побргу да ја донесат одлуката.
„Кориере дело спорт“ тврди дека тоа ќе биде најдоцна утре и што е најважно со позитивен епилог за Пандев.
Насловот на Кориере асоцира дека најзагреан за исходот е Интер кој со задоволство би го вратил Пандев на Џ. Меаца иако постојат информации дека заинтересиран и натаму е Јувентус, а од последно време и Милан.

:toe:

Lazio Striker Goran Pandev Eagerly Awaiting Arbitration Results
 
Денеска ќе се знае, дали Пандев конечно ќе биде слободен играч. Се надевам на позитивен исход.
 
Денеска ќе се знае, дали Пандев конечно ќе биде слободен играч. Се надевам на позитивен исход.

Различни се вестите, сеуште не се знае за тоа.

Некаде пишува дека сепак преслушувањето било откажано и дека се ке се одлучува на 7 јануари, а некој па дека сепак сослушувањето завршило и дека денес ке се донесе одлуката со цел шо побрзо да се реши проблемот!:toe:
 
Со среќа на Пандев.

Да си најде добар клуб и да игра.

Ајде мајсторе ти се крши кариерата сега.
 
Честито Гоче, да си најдеш нов клуб, и да растураш таму. Осеќам дека тоа ќе биде Интер.

Него, имаат право на жалба овие педериве ?
 
Конечно више!
Ал заврши више оваа голгота со Пандев. Се надевам дека ќе загира у далеку поголем клуб, каде ќе можеме да го гледаме како дава прекрасни голови.
Со среќа во потрагата на нов клуб.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom