Што тресеш глупости. Каква врска има тоа што е Македонец со негов трансфер???
Пандев важеше за икона во Лацио, да не направеше глупост како оваа и да побараше да биде продаден и сега да го тужи Лацио ќе беше една од легендите на клубот.
Очигледно дека менаџерите го излажале дека може да направи трансфер во голем клуб ама заборавиле дека си имаат работа со Лотито кој е еден од најлудите претседатели во светот на фудбалот.
Колку и да го сакаме Пандев и да го фалиме, не вреди 20 милиони колку што побара Лотито. Па еден Баерн, кој беше поврзуван со Пандев, даде 25 милиони евра за Рибери, играч кој е класа подобар од Пандев со трипати поголемо искуство и настап во финале од Светски Шампионат.
Бенитез го плати Торес пред две лета 25 милиони евра, најскапиот трансфер на Арсенал не е 20 милиони евра. Интер за 20 милиони евра го купи Ето нешто помалце е Милито. Јуве даде околу 22-3 милиони евра за Амаури. Тоа се сите клубови кои се поврзуваа со Пандев и со ваква трансфер историја нема шанси да дадат 20 милиони евра за играч кој има само уште една година од договорот со Лацио.
Пандев со својот менаџерски тим многу лошо ја има проценото ситуацијата и сега ја плаќаат цената за тоа.