superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Јонуз на два дена пред крајот на преодниот рок изјави: Пандев денес потпишува со голем клуб... па ништо.
Интер е дефинитивно во игра, според изјавите на човекот лично: Марко Бранка, оној кој е задолжен за трансферите во Интер. Тој јасно изјави за медиумите во Италија дека во Јануари ќе се преговара. Тоа е најрелевантниот извор.
Македонските медиуми слободно баталете ги кога се работи за Пандев. Неколку пати на А1 и во М.Спорт имаше информации кои ги нема на ниеден релевантен, па дури ни на најтрачерските сајтови како goal.com. Го шетаа и кај Фергусон, и кај Венгер, и кај Рафа, и во Јувентус... ништо од тоа нема апсолутно никаква врска. Засега, кандидати се само Интер, и евентуално Фиорентина во зависност од ситуацијата со Муту, но сепак Фиорентина е далеку од нешто конкретно. Интер има предност пред сите поради одличната соработка што ја има со Лацио како и поради фактот што има 3-4 играчи за кои нема место во тимот, па ќе има понуди за трампи, доплати и слично...
Според мене, Пандев ќе се врати во Интер на ист начин како што замина. Кога замина, дојде Дејан Станковиќ, во замена за пари + Пандев. Сега најверојатно, ќе дојде Пандев, во замена за некој од Суазо/Кварезма/Мансини/Арнаутовиќ ... + пари.
Или за без пари, чунки у постапка е случајот за раскинување на договорот!
